Ми се читаат крипи приказни во темата необјасливи случки ама е доцна ќе ми биде страв да спијам хаха....
Еве јас тврдам дека образованието не е важно за да си успешен. Имам другар што нема факултет па зима плата 3000 евра и е 5 пати по писмен од тие што ги знам што имаат факултет и што зимаат многу помала плата од него. Посебно во оваа наша држава кадешто образованието ни е толку очајно и што кој стигна зема диплома.
Има разлика да си глуп без факултет, и паметен без факултет... А ако имаш факултет, не е битно дали си глуп или паметен. А ако имаш врски, веќе нишо не е битно.
"Факултетлии" со обелоденување квазинаучни трудови и препишување, трудови што се целосно плагијати...
Абе имаш факултет и факултет. Тоа што во државава има тиња од факултети не значи дека нема такви на кои стварно се учи. Најлош студент пример на електро ти е минимум 10 кратно пооспособен за струката од некој педагошка што завршил. No offence за тие што имаат педагошка завршено, ама да не се лажеме кој е квалитетот сега на тој факултет и да влегуваме во непотребни дубиози. Како и да е, ако си завршил факултет каде колку толку се вреднува квалитет, дефинитивно не е за деградирање и потценување целокупното 4 годишно искуство и си носи нешто плус.
А имате па и такви што не ја купиле дипломата туку завршиле со труд и знаење ама во професијата максимално злоупотребуваат оти им се може. И оти едноставно се ѓубренца во душа и не ги боли за останатите. Докториве што препродавале лекови за канцер на црно ви се пример.
Е да си жива ама нее бе тие се паметни, итри, префригани, си се снашле, интелектуалци. Многу од луѓето забораваат дека е битно да си човек пред се па после се друго ама денес ако си човек значи автоматски дека си глуп и наивен така да... Мене џабе ми е и да е најпаметна личноста, начитана, образована, со титули со не знам ти какви достигнувања ако е празна одвнатре и бездушна, се паѓа во вода, сите тие квалитети што ги поседува. Може забегав од темата малце поише ама нели темава е „Сакам да кажам“.
И мене порано ми беше битно човека да е човек, али колку повеќе барав добар квалитет (читај добар човек, образован, несебичен итн...) толку повеќе ми ебаа матер, ме ставија на дното.... и ме направија како нив, затоа сега станав себична.... длабоко во мене не ми се допаѓа тоа шо станав али немав друг избор а и уште немам.... морам да бидам таква каква шо сум морам да мислам за себе оти никој друг нема да мисли за мене.... само едно нешто зачував а тоа е да не правам лошо на било кој.
Реално размислуваш за жал ама бар ти си свесна и разумна со самото ова што го кажа, значи пак си останала човек штом на никој лошо не му мислиш и праиш, разликата е шо некои во трката за профит јадат живи луѓе и ич грам совест немаат. И они се свесни што праат дури и намерно и плански го праат ама нив мозокот само за лоши и подли ствари им работи.
А од кого тоа е ова сметано? Од (нај) глупите? Ај да не барам сеа науки и научни истражувања во 3h. Сакам да кажам, нели.
Си учите факсови за да знаете да пишувате. Да си земете диплома и да бидете горди. Да си најдете подобро платена работа и да работите за плата. Да сумирам
Па за жал од општествово кое ги создава, негува и возвишува извитоперените вредности. Не приметуваш дека кога си добар и чесен сите те дупат како сакаат, воопшто не те ценат и гледаат да те искористат максимално додека оние другите, итрите и снаодливите курнази се центарот на светот, почитувани, ценети и идеализирани па и често ги сметаат за претерано успешни (што и се всушност) им се диват и сакаат да се огледаат на нив? Криво ми е што е вака, има се уште луѓе за кои може да се рече дека се човек во вистинска смисла фала Богу, кои покажуваат дека уште има надеж за подобро утре но некако се во помал број и се ретчат, а се множат овие вториве. Факс се учи за да научиме да пишуваме? Јаоо не сум знаела. Епа сеа некои за плата, некои газди ќе си бидат и друг ќе работи за нив, секој со својата среќа.
Наводно било битно кај се става запирка и како се пишува не знам. Што знам...А за газда за тоа не треба диплома, избор е.
Секако дека е битно, писмен и образован човек не смее да си дозволи да прави правописни грешки и да не знае да ги користи интерпункциските знаци ама ако кутриот тоа не го научил во училиште и дури допрва на факс ќе го учи, тешко него. А страшно е колку само луѓево се неписмени ама буквално неписмени од секој аспект. Печатни грешки и пишување и зборување на дијалект и жаргон е едно, а неписменоста сосем друго, голем проблем е неписменоста која преовладува кај нашиов народ, исто и неедуцираноста за многу работи, а иронијата е што истиве тие се праат сезнајковци, експерти и солат памет. Така де, за газда не мора диплома, други фактори играат улога тука.
Во право си, проблем е што се дозволува и шуто и рогато да заврши факултет, ај што се без способност за било каква критичка мисла или анализа, туку и неписмени испаѓаат. Па само на форумов колку ги има што не знаат правилна терминологија, ист збор 200 пати ќе го пишат грешно, а како образовани госпоѓи тука се претставуваат. Ќе им кажат три пати дека е грешно, па ќе продолжат, па после на autocorrect се вадат Во денешно време не е срамота да не знаеш, ама при толкава достапност на информации да те мрзи да провериш на гугл, е одраз на мрза, незамарање и глупоќа.
Затоа треба да читаат книги и тоа на хартија и да завршат факултет. Да се знае дека се интелигентни и образовани. Јазикот е тест за интелигенција и образование.
Во ваква ситуација кршиш прозор, ги вадиш децата и викаш полиција и брза помош ако треба. Или само викаш полиција ама ако можеш, гледаш дали децата се добро. Ако "спие", уствари нажалост не спие, ако е надвор 30+ степени. Оти во 21ви век луѓе уште не научиле дека во лето дете не се остава само во кола НИ НА 5 МИНУТИ.