Секој мајстор сака син му/керка му, да стане инженер, доктор, адвокат, ама обратно прапорцинално од тоа е запуштање на имотот на село, живеење во град, нивите обраснати со трева, и нормално, поскапи цени на сите производи за исхрана, бидејќи увозното е секогаш поскапо, особено доколку нема конкурентни домашни производи.. Како и да гледаш, убаво е да имаш повеќе образовани луѓе, тоа е неспорен факт, ама високообразованите луѓе не работат земјоделие, сточарство, па и пчеларство.. Има и исклучоци секако, ама исклучоците не прават нешто голема разлика кога ќе отидеш во маркет и треба да платиш 130 денари за домати, 700 денари за кашкавал, 500 денари за сирење.. Нивите зјаат празни, а рафтовите се полни со овошје и зеленчук носени од бог знае каде..
Човек кој е попустив спрема издавањето има озбилни дупки во карактерот. Народ кој е попустив спрема издавањето изчезнува. Најдобар лек против издавањето е строгост и бескомпромиснист.
Едно од најјаките прашања што просечна македонска жена прашува: Девојче си или мажена? Ако не сте мажени, девојчиња сте, не сте жени.
Што добиваат луѓето кога им се потсмеваат на другите зад грб, а пред нив им се прават најдобри пријатели? Кое лицемерие еј.
Не можам да ви опишам колку ми се левелите на стрес намалени откако во животот си изградив мајндсет дека се е како што треба да биде. Што и да ми се деси, се убедувам дека универзумот ме чува и нешто боље ме чека. Три убави станови кај што требаше да се селам ми пропаднаа/ме одбија? Четвртиот ќе биде најубав, затоа. Паѓам испит? Можам подобро да го спремам отколку за оцена 6-7, затоа ќе биде на друг рок. Ме одбиваат за работа? Не се они за мене, а некој друг едвај чека мене да ме вработи. Ќе се исплачам во меѓувреме, ама после тоа се смирувам и знам дека се е океј. И као... навистина се испаѓа подобро од што јас сум првично планирала и можеби некој ќе каже дека тоа е рендом среќа и имам излуфтиран мозок, но ова е како јас си правам животот да ми е мирен и убав.
Според мене. Па најверојатно мислат дека добиваат нешто кај тој другиот, или кај себе, суштински ништо таквите луѓе тоа ги прави среќни, и да го направат тоа пак животот си продолжува ништо спектакуларно нема да им се случи во животот, само добро е што си го покажуваат лицето.
Браво. Сè е до мајндсетот, односно како ќе си ја наштимаш перспективата во главата. Штета многу мислат дека само по себе треба да ти доаѓа таквото размислување, односно дека не треба воопшто да имаш негативни случувања во животот за да си среќен. Типичното "како да бидам среќен кога лоши работи ми се дешаваат" размислување. А уствари самиот пристап кон случувањата е најклучен, ти решаваш како ќе реагираш на случувањата.
Ее нели... Јас пак имам друга, слична стратегија. Си велам сигурно има причина чим тос не го добивам, сигурно е за мое добро. Баш пред недела дена испуштив меѓуградски минибус, и си викам ај ништо не е, сигурно не требало таму да се качам, сигурно имало добра причина за тоа. По неколку дена читам истиот тој минибус имал некој дефект и чекале неколку часа патниците, на сред пат, на толкава жештина... И си викам еве, гледаш! Може и да немало врска, ама во мојата глава е поинаку, ме ослободува од нерви, и пак ќе речам, ништо не е случајно, па дури и кога се некои работи најбанали и "најслучајни". Тоа јас го викам какви ти се мислите таков ти е животот! Држи вода
МВР на страната за сума за плаќање за лични документи нека стави и минимум 500 денари кредит за телефон. Па племето да ви го...
Јас не се замарам со државна администрација не ми смета што се хаос. И онака еднаш во 2 години имам работа со нив. За ден два во 1000 дена ќе издржам. Не се жалам никогаш од нив зошто ми се небитни.
Се чудам какви машки постојат, сабајле другарка ми кажува дека почнала да збори со некој дечко и се по ред, но, кога дошол моментот да се видат на кафе овој и рекол, ако имаш пари ти да платиш, може, уште и кажувал, за некои патувања исто она да ги плаќа, понатака ако се биде ок и ако сака да отидат некаде. Хаха, мислев ја зеза, ама сериозен бил. ОК, мислев се сум видела во животот....
Какви невоспитани дечишта има .. полни со омраза во нив Поминува девојка од околу 24/5 год покрај нив .. почнуваат дечиштата крици да пуштат да дофрлуват зборови свиња дебела гнасна и сл.. неможев да си поверувам што слушам срамота и жално девојката си продолжи без збор да им рече ..
Ќе испишам параграфи, испратам без да прочитам па после ќе кликам по 20 пати „редактирај“ да си ја исправам секоја печатна грешка...
Некои членови претеруваат со правописот. Форумот е за комуникација не за учење јазик. Само се разводнува дискусијата и се оди офтопик. Не викам дека хаос треба да е текстот но ретардирано е да се коментира за незнам и за запирки.
Ама она пишала за нејзе, ваљда во текот на работата, дека пишувала, куцала текстови и после глеа колку печатни грешки напраила па мора да се коригира, нема такво да го испрати нормално и ова знае ептен да заморува поише и од самото куцање. И едно е правопис друго печатна грешка. Секако дека форумот е неформална комуникација и можеме да пишуваме и на дијалект и жаргон да користиме ама до толку да се не знае правопис и да не се внимава, мислам и тоа не е во ред. А и не го потценувај форумот, некој баш и преку форуми се едуцира и впива одредени знаења посебно помалите.
Не сум толку арогантен и само бендисан да едуцирам за непотребни работи. Човекот сакал да кажи нешто и имал идеја и никој не му одговара на мислата го замараат со небитни глупости. Тоа е нефер па дури и некултурно и не по бонтон.