Јас не се сеќавам многу на мојот прв школски ден, само мал дел ама јас не мислам дека родителите не оставиле туку така. Повеќето од родителите на 1ви Септември ги носат дечињата, со списоци се чита и влегуваат. Нема ништо лошо што се смислува манифестација. Баш е слатко приредба, подароци па и дома да се спреми торта, прослава, да ти дојдат блсиките. Правиш убава атмосфера за детето. И нормално кој колку има ќе спреми. Мене лично ми е многу мерак еве на вујко ми детето е прваче, го земав му купив нешто од школски прибор и облека нешто. Вака кога се мудрува ко од камена доба да се овие што куцкаат статуси за лајк.
Ај што е безвеза се ова, туку и тоа дека кој колку има ќе спреми потешко малку знаејќи ги како се прегледуваат, море ако треба и (брзи) кредити ќе земат само шо повеќе да се покажат спрема другите.
Абе готово сите се такви. Ако има луѓе сељаци не значи дека се сите такви. А и дете од 6 години не треба да има социјални мрежи тоа нема како да види а мајките ако гледаат и се искомплексирани за се, ќе се и за ова. Ама ху керс за ваква група на луѓе
Е пак оди кажи му го ова на оние во вибер групата "Мајки прво два *опаснице*" И да не се лажеме повеќето се такви, впрочем затоа и прават вакви циркуси
Моите се замарале многу за моето образование. Јас не сум видел од него сериозно фајде. Така да не се замарам за основно на детето. Имам многу слободно време и јас и мајка му па сами го учиме доста работи што не се во материјалот од основно. Делумно е хоум скулд мојов.
Самите си го направивме ова, па уште демек од камена доба биле овие што куцкале статуси за лајк, некои од пари незнаат што прават, збеснуваат, разни прослави прославуваат, дали знаат дека некои немаат за леб? Очигледно незнаат, па нас што не ни прославувале еве сме здрави и живи, сега децата се толку разгалени што ако не им купат нешто вриштат сред продавница. Самите родители си ги прават такви децата, а децата гледаат од други, едни ако носат бренд патики, ќе посака и друго дете, ај ок тоа, ама прослави за се, па дури и за 1/2 роденден, некои торта немаат да му купат на детето за роденден, некои секоја учебна година, па фешти мислиш во војска го испраќаат. Основно училиште е задолжително.
Ајде ќе си заземеме улоги на вечна жртва и може подобро ќе ни е. Не беше муабетот за збеснување со пари, а ако гледаме така некои луѓе се толку сиромашни и немаат можност за интернет, а ти имаш имаш и седиш на форум. затоа гасни се и исклучи интернет
Веднаш, како ќе кажеш хаха. Мене таква ми е работата, работам таква работа, а и струја и вода ќе исклучам. Ама да земам кредит и да правам фешти да се фалам пред народ НЕ. Знам многу што земаат само да се покажат пред другите. Македонска работа...
СДК дека едвај чекам. Spoiler: . Ќе го пишев во СДК без цитирања, ама не знам дали се важи за сопствени цитирања. #прашањакоимемачат
Дајте идеи како да се иселам од државава после дипломирање. Кај признаваат диплома од УКИМ. Што треба да направам? Пошто глеам дека е овде сѐ ретардирано.. Неќам да умрам млада
Абе кај си ти? Сто години те нема Инаку за останувањето овде, нема да умреш, ама психички здрава не ќе си. Ама па уствари дали и сега сме доволно психички здрави..? Ај остај ја шо филозофирам, друга тема е тоа За иселувањето гледам Словенија има убави можности, можеш плус магистерски да запишеш таму. Како што гледам во регионов само таа има најповолни услови за студенти. А во глобала Финска е најдобра за образование, ја би таму... А како не знам
Ок ти идеш на огласна табла за мислења кои треба да останат запамтени ако ништо друго. Успат може и да отворам една за форумски бисери на мудроста. Воедно и Добар Ден, сончев Неделен Ден од мене!
Воопшто не го сакам Септември месец, и самата незнам зошто, ај порано дека се трнуваше на училиште, ама сега...Да незнаеш како да се облечеш, утрата и ноќите свежи, денски многу топло, како и да е сакам летоооо, зима воопшто. Повеќе поднесувам топло од ладно.