Комшии... Срамота со кучињава. Лае цела вечер, ај ја уморен заспивам ама на тие што им лае под прозор?
Стварно, нели кучињава само во селските населби беа дозволени? У сред град бе, навечер ќе вие, рано сабајле ќе лае
Дали јас сум уште неотрезната па не сфаќам сарказам, или треба да станам да си проверам песо дали чила в двор од шубе ради измислено правило?
Сдк дека денешниот ден ми е најубав. Пред 2 години ова време поминував низ пекол. Уште не беше родена, се трудев на бокс. За после да ја добијам најубавата причина за живеење и смислата на моето постоење. Некој ќе каже, патетична. Наголемо достигнување и' е што родила, фуј. Ако, немам проблем со туѓо его, таквите појма немаат што зборуваат, ја немаат таа среќа. Имам организирано еден куп родендени и прослави, порано сите ми викаа дека треба да бидам организер на забави. Викендов најмерачки си организирав роденденска забава за моето малечко. Се исцрпив од купување, барање, шетање, планирање, ЧИСТЕЊЕ, средување, а денес добар дел ќе го поминам и во кујна; ама толку убаво се чувствувам, осеќам некоја топлина во градите, имам подрипнување во одот. Да не беше она, сега ќе ми беше уште една обична недела. И уште нешто; како настанала таа генерална традиција за роденден да се има торта со свеќички кои се дуваат, се прашувам. Сите истото го прават низ цел свет, нешто како прославување на НГ.
Ау шит, сериозна си била. Ама тое. Ом да си шетам песо на поводник низ градов по прописи на законот. Toodles.
Ечи музика цел викенд. Дали за луѓево викенд значи да пуштиш гласна музика во двор да те слуша цела населба и дење и ноќе? Добро за некоја пригода разбирам, ама нема една секунда тишина мислите да си ги слушнеш...
Ние сме имале проблематични комшии и со многу тегнење проблем се решава. Од прва рака знам колку е фрустрирачки. Не знам ни тука дали прашвав за пријава, не е ни важно зад мене е то сега. Уште станвам во 5 саат оти кучето на комшиите лаеше секој ден од 5 до 7 на утро. Мојот утка, глас не му се слуша шо дури и то ме нервираше оти инает ме фаќаше оти мојов ќути и не "враќа" на лаењето барем сите колективно да страдаме. Оти ко ќе земиш куче носиш одговорност за то куче. И за да го дресираш и за да има удобен живот. Дресирањето е ментална вежба и за него ама и има бенефити за околината. Околината знај дека имаме куче оти ме гледат да го шетам. Ни за мајтап глас не му се слуша, скроз е unbothered. Така да за овај дел другите коментари скроз ги разбирам. Ама дека псите биле за во селска средина само, кринџ ме мана. Пошто познавам поќе од две раце луѓе во Битолава со куче. И сите се со регистрирано куче. Зошто е ова релевантно? Ко вадев пасош на Пес остајв информации вклучително адреса на живеење и место на живеење. Така да од старт се знај каде то куче живеј. А и да тргниме од то дека пси по дифолт лаат и се напорни. Шо не се. Шо се должни па луѓе од "селски" населби да слушат лаење ама во град не смеј? Like, please. Бидете добри сопственици и одговорни кај и да сте. Сите така да беа никој немаше да има причина од куче да се жали.
Ко го зедовме куче, првата недела мислев дека е глувонемо, ав немаше пуштено. Па научив дека кучињата лаат пошто: 1. се територијални 2. бараат внимание, тоа му е начин на комуникација Некои луѓе купуваат куче за да лае, зошто им е да лае, појма немам. Ма општо, појма немам од куче во двор, само сдк дека моето куче дома не лае
Не е ни нормално ич да не е способно да џафни ама лаење е дефинитивно во тие две ситуации, пред него (кучето шо си имаме) дур беше трудна чувавме кучка повремено дур најдиме дом и неа и на малите. Не лаеше воопшто првиот месец. Ама беше тепана претходно, малтретирана и напуштена. Моментот ко прв пат замафта со опашката и залај за да ѝ дам нешто како личен успех го гледам. Не зборам за лаење лаење туку да џафни. Пес така џафнува, дал било оти нешто виде, дали оти нешто бара. Ама не онака хиперактивно лаење. Како "муабет" џафкање. 1:47 од прилика е како за "комуникација": На то мислам шо е нормално и стварно ненапорно. П.С. И уживајте во видеото пресмешно е.
Кај мене се слуша музика од еден кафиќ подолу, ама убава музика пуштаат. Соседот до мене свири гитара и на тераса, ама толку тивко, релаксира кога го слушаш. И старо купујем поминува, ама покасно, не толку рано како кучињата и овие дрвосечачите.
Значи старо купувам се научил на ред хаха, а за музика ако не е многу гласна и убава ок, тука кај мајка ми што сме многу ретко некој да пушти, има само еден сега брзо се досели тука, тој знае некоја шабанска музика да пушти, ама само за именден. А кај мм комшиите кога седевме таму не само за викенд, летно време секој ден, па караоке, вриштеа до 4 сабајле, ај разбирам тинејџери, ама возрасни со деца. Само што се слушнав со мајка ми, ете го старо купујем вика, закаснил.