Колку добро би било да бев негде далеку од овде, со чаша вино во рака. Мразам проблеми, нервози и караници. Посакувам да се разбудам во сосем друг свет ....
Ја изгубив вистинската смисла за живот, која ми даваше елан за живот , знаев што е одмор ,книга во раце добра музика да те опуше и смири луѓе со кои ќе си направиш асален муабет ..... Се е околу работатата , на работа- работа ,дома пак работа ...куп идиоти околу и наоколу што мислат дека знаат се .Крв ти пијат тие знаат се ти не знаеш ништо , ама за се прва си на список за секоја една обрвска ти одиш сегде и кај треба и кај не треба .Како се функционира , чудно е и што воопштп функционира . Дури се свртиш животот поминал , а околу тебе само стрес и нервоза останало .
"Па да те мажиме годинава,ајде ми се игра на свадба"незнам за вас ама мене овие личности многу ме иритираат.Зошто не си го гледаат својот живот,или толку им е убаво во брак па едвај чекаат и јас да го искусам брачниот живот.Но мислам дека е спротивносто.Искрено не верувам дека толку среќа ми посакуваат,исто како што и не верувам дека им е толку добро во животот.Ах колку ги има овие луѓе,и ќе ги има,нивниот живот среден,твојот ќе го гледаат.Најиронично ми е кога ова ќе го слушнам од некој само што стапил во брак или некој што нема таква намера.Нека ги нека, може ќе се усреќат и ќе ја нахранат нивната душа.
Како ги оценувате луѓето? Секоја година буквално се’ она истото се случува.Таму некаде помеѓу толпата ќе се издвои некој поразличен од другите и вие го исмевате.Тоа ќе ве направи помоќни во споредба со тоа лице? Ќе се чувствувате поисполнето, посреќно со тоа што ќе навредите? Цело време гледам како едно девојче е понастрана од другиве,а тие постојано ја исмеваат и навредуваат.Се запознав со неа, си поразговаравме некои 2-3 минути колку што беа останале од малиот одмор,а верувале или не за тоа време ми остави најубав и најискрен впечаток.Толку милна,насмеана и позитивна девојка Само не стигнав да и кажам дека тука сум за неа и да смета на мене,па едвај чекам следна средба за да и‘ кажам.Мене времето ми летна,како да разговаравме само 2-3 секунди.. А, за станатото сликата кажува..
Деновиве единствената спортска активност ми е трчање низ форумов од тема до тема и после задникот ми пораснал од седење, па нормално после ќе кукам . Туку што е проблемов со мене што го изгубив апетитот ? Ништо не ми е вкусно ќе каснам по еден залак и ќе оставам цел тањир од храна или цела кришка лебче и покрај тоа што е намачкано со еурокрем!Каснувам чоколадо милка ниту тоа не ми оди не ми е вкусно ништо . Упс ... мислам дека знам што ми е љубов ми фали бе затоа ништо не ми вкусно . Не ми треба ниту храна ниту богатство туку силна прегратка од некој што ме сака и го сакам..да се разбереме памет не ми фали ,барем тоа ми е уште на место,така и нека остане ,пу пу да не ме урочи некој .
Многу очекувања - малку добивки. Голема желба - немање услови. Големата потреба за мотивација останува неисполнета. Паѓа интересот, со него и желбите, соништата и се останато... Време е за промени. Вака не оди. Нешто треба да се смени.
Ми вели една личност дека навечер ме прифаќале лудите. Поточно кажано, преку ден трчам навака-натака, ама навечер имам повеќе време да размислам за некои работи, посебно за некои места, луѓе, нешта кои ми недостигаат, знае да ме фати носталгија, ми недостигаат некои работи... Не, не се работи за пари. Не се врти се околу парите. Пример, ми фалеше добар другар покрај мене за да уживаме во полната месечина. И вечерва си слушам музика, па така ќе ја поминам ноќва се додека не ме совлада сонот. И на ред дојде една песна од Петар Грашо, некои стихови баш ме погодија: - Spoiler Nikoga nisam volio tako Dušom i tijelom beskrajno lako, kao tebe Nikog kao tebe - Spoiler Koga ja to lažem, kome pričam basne Kome ja to želim da zatvori oči Kad su mnoge stvari odavno mi jasne - Spoiler A to sto se kunem da mi važna nije To uzalud tražim način da prebolim Баш денес се фатив каде и раскажувам на другарка ми за една љубов, се навративме двете на заеднички минати сеќавања, и додека раскажував негативни случки (намерно веројатно, за утеха), во мене си осетив тага и ми дојде тоа ѓубре да го зграпчам и да го изнагушкам. Баш ми фали. Можеби септември така ми делува. Не сум турбо манијак (башка и дома се забранети такви песни , на слушалки ги слушам вечерва ), ама сега следна е: Не ломи ме. ** Имам другарка која ужасно се плаши од пајаци. Денес и подарив мртов пајак (го најдов в градина, па ми текна) во украсно кутивче. Толку се испаничи и ужасна, што ми беше жал. Мојата навидум смешна идеја не била на арно. Не знаев дека дотолку е паничарка. Можеби дека јас сакам пајаци, па се чудам како се плаши од едно мало бубаче. Ем пари носеле пајациве.
Вие девојчињата, што не сакате да гледате фудбал со партнерот, да си пиете пивце, да викате така е срцка на секоја негова пцовка, не знаете што пропуштате.
А, уште поинтересно е контра да им одиш за тимот за кој навива. Шифра: Испробано Spoiler (И после ќе не обвинат дека ние жените сме биле кобачки. )
СДК дека се наогам во еден вртлог се вртам ли се вртам незнам кога ке престане, како ли ке заврши дома е хаос невиден-каде не носам сва, па ке видиме најавено е дека ке отпуштаат луге незнам ни колку, ни кога кај мајка ми на работа татко ми треба да се пензионира за неколку несеци(додека тоа се случи јас има на психијатрија да завршам) брат ми луге божји од дома не мрда-да се чудиш да се крстиш-заглавен е на факс ама не оди до таму за да го среди тоа нема сирото момче ни здравствено осигурување бев јас пред неколку месеци да прашам до каде е не ти даваат информација-против законски било дојдовме до секретарката на деканот да ми се јави на мобилен и ништо сакав баш прееска да го зачленам во АЦМ ама за картичката требало тој да ја подигне добра работа е што минатата недела бев на Матка манастирот си добив бројаница и честитка и треба малку почесто да ве дружам феминки ама сум во депресија
Лани летото, нели се жалев дека све живо што е на струја, ми испоцрка. И од тогаш, стариот телевизор, уште си стои во ходник! Татко ми цело време вели дека за некој ден ќе го однел на поправка. А тој ден, никако да дојде. Дури и мајсторот му има кажано, дека веќе нема ни делови, не му се исплати да го прави. Ама не бре, какво фрлање. Шо ви е? Океј, нека си седи. Ама не знам колку само модрици имам од телевизорот. Помини - замини - акни се. Аман заман, ко лежечи полицијац ми е на сред ходник. И цела попиздена, идам на тераса: - Тато, ако до вчера не го тргнеш фрижидерот од ходник, јас ќе го удрам! А сакав да кажам ако за неколку дена не го тргне телевизорот, јас ќе го фрлам. Затоа што многу се удирам во него. Не знам дали е само кај мене... ама кога сум љута и сакам да кажам се' во најкус можен рок, баш тогаш ќе испомешам баби и жаби. И кога ќе сфатам што лапсузи сум изнатрескала, едвај се воздржувам да не пукнам од смеа, пошто глумам дека сум љута.
СДК ми недостасува едно време кое помина со брзина на светлината, некако ме фати носталгија за едно време кога бев средношколка, кога излегував, се дружев, уживав во страшни глупости, едно време немаше вечер да нема некоја собиранка, некое друштво, ми недостасуваат моментите кои сега сваќам дека живот значат, ми недостасува во моментов таа нсериозност која е и очекувана на 15-16-17 години. Ми недостасува моментот кога мислам што да облечам за на училиште, за викендашко излегување, за на кафе па дури и за кај другарка, ми недостасува дури и напорното пеглање на мојарта коса преку еден ден иако ми беше права, ми недостасуваат моментите на смеење за ништо, на безделничење. Ми недостасува криењето од дома дека имам дечко,дека со него ќе одам за „најлудата“ ноќ во годината а тие новогодишни забави ееејјјјј знам дека никогаш нема да се врати тоа време дури и не сакам само онака се сетив на многу работи моменти со луѓе кои повеќе не се дел од нашиот живот ама ее некогаш биле тука и сигурно некогаш и тие се сеќаваат на нас и времето кое сме го поминале заедно. Сеќавањата се тука и за моментите поминати во плачење затоа што симпатијата или евентуално мувачот/бившиот си нашол друга, па не сме се виделе денес ќе сме се виделе утре...... ееееххх времиња заминавте, доаѓаат нови и сигурно еден ден ќе се сетам и на ова време...
Знаеш дека старееш и веќе припаѓаш на постарата генерација тогаш кога кафичите и дискотеките ги знаеш по старите имиња, а не сегашните, новите. Фали уште да почнам да зборам: "Еее во мое време..."
До сега колку реферати напишав, додека не се одлучив кој да го пратам. Секогаш пишувам реферати за родендените на саканите. Тиенајверојатно не ги паметат воопшто, но сакам да им дадам до знаење дека се сакани и почитувани. Не би сакала да го заборават тоа, никогаш.
Воопшто не ги сакам луѓето кои мислат дека светот се врти околу нив, а кога дојде ред за другиот да му се обрне внимание или да му се укаже помош или било што друго од нивна страна, ги снемува како стари петденарки. Пример од мое опкружување: 1.Таа прави свадба - наредби фрштат на сите страни кога каде треба да се отиде, што да се направи, како да се направи (немој само некој да мрдне како што не треба, драма настапува). 2.Тогаш и тогаш ќе го славам роденденот - ништо не планирајте за тој ден!!! 3.Ајде да одиме до таму и да направиме така - ако случајно речеш не можам, се цимоли на велико како на нас се не ни се излегува и не сакаме да ја дружиме. Обратна ситуација: Ти се молам, имам проблем и морам со некој да разговарам, ај малку да излеземе на прошетка. -Ееее, не можам сега баш ПЕРАМ, оти у сабота ќе одиме на одмор (а денот кога ја викаш да излезете е среда ) И како после да ја сакаш, да ја цениш и да остане на листата на твоите другарки без да ја сметаш за себично створение ??? Како да посакаш да и излезеш во пресрет некогаш за нешто? Не ги можам значи ваквите луѓе, ама ич! Ми одмилуваат во неповратен правец засекогаш.