И јас, понекогаш. Во денешницава скоро никогаш. Освен рамнодушност, кон тие личности скоро па и одбивност ми се створи. Вака е подобро. Ем не ми зафаќаат простор во телефонот, ем немам некое изразито чувство на носталгија кон нив. Време е за правење нови спомени
Meanwhile јас пробувам да се нафатам да избришам рандом 1000 и кусур мои селфиња оти ми зафаќаат премногу простор
Не можеш туѓиот живот да го направиш пекол, а твојот среќен да е. Штета што не веруваат во карма, оти јас верувам и знам дека е така. Татко ми велеше, многу е тешко да си барем малку човек. А лесно е да си нечовек и во право беше. Штета што повеќето го бираат полесниот пат. Јас не верувам само во материјален живот и постоење, знам дека има и друг и дека е подобар од овој. The act of letting go, научив да се справувам со загуба, каква и да била. И мразам луѓе што уценуваат, лажат и манипулираат на секој чекор. Ах да, најголемиот страв на човекот во модерно време е да покажи грам емоција, дури и срам имаат од тоа. Или ќе сакаш со цело срце, истовремено знаејќи дека може да не успее, или ќе си останеш уплашен и за жал сам. Емоциите те прават човек, не биди робот. Размислувај со срце, не со мозок.
Седиш во бус, слушалки, чепкаш нешто во телефонот, приметуваш дека тој што седи до тебе ти гледа во телефонот. Нема по глупо чувство!
На некои луѓе многу им е тешко да го чујат ова, но реалноста е дека нашите чувства се во наши раце и се наша одговорност... и не сме жртва на животот доколку самите ние не се правиме дека сме жртва. И така.
Дали е загрижувачки или не со оглед што и самиот воздух е загаден а и се останато и од храна, но останав фрапиран кога видов дека баш туниве и останатите морски риби што ги има кај нас а и во регионов се со код најчесто FAO 71 и 77 односно места во океаните каде водата е радио активна. А пред месец дена Јапонија доби зелено светло од UN да ја испушти радио активната вода од Фукушима во океаните.. Често јадам туна, пред малце јадев и сега некако миее хахa.. Е сега оваа мапава колку е точна и веродостојна.. Најдов податок дека некоја фирма на блог сајт ја направила и дека нее точно и дека е fake news меѓутоа истава ја имаше и на странски сајтови објавено. Поентава мие се што се увезува и прави во нашава држава е од ранг 0 и категорија, никаков квалитет, па дури и храна.. Туна од Кам "Blue Sea" потекло Тајланд Оваа ја земав од Србија, "Compass" потекло Тајланд и Бугарија
И татко ми само ми збори за туната дека е контаминирана и ми крши филм. Убава ми е, не дека пречесто јадам ама од сите риби, таа најомилена ми е нормално конзервираната. Што све не сме изеле до сеа, после се чудиме од кај ова, од кај она..
Покрај што е вкусна, содржи одличен нутритивен состав, особено протеини и масти т.е омега 3. Два пати неделно е најидеално да се конзумира според истражувањата бидејќи содржи метали т.е жива. Ама не ми беше колку толку битна живата ај, ама кога го видов ова, за 360 степени се фрапирав xaxax. Па со оглед на тоа што се е штетно, не ќе умриме побрзо од една конзерва тух.. Поентава ми беше, се што се увезува во нашава држава е од 0 ранг и категорија, се нешто е не квалитетно па и храна..
Во врска со хранава, кога ќе помислам дека нешто е добро и здраво и е поволно да се јаде, после испаѓа не чинело. Ова не чини, она не чини, од една страна корист, од друга штета и ај биди паметен како треба да се храниш.