Некогаш сум многу тажна што не можам да искусам Се во животот. Почнувајќи од тоа што не можам да го посетам секое место во светов, ме убива помислата дека ќе пропуштам некоја книга што сигурно би ми била омилена, некои events кои не би ги посетила итн. Но како личност со милион интереси, тажно ми е и тоа што не можам да бидам и готвач по професија и професионален виолинист и уште некое трето хоби да усовршам. Посакувам да бев од оние луѓе што имаат една пасија и го посветуваат животот на тоа. Но јас не, мене срцето ми е растегнато на сите страни. Благодарна сум за се што сум доживеала до сега и ќе се обидам да го живеам животчево колку можам. Не во смисла дека ќе живеам турбо живот полн со авантури, затоа што ни тоа не е за мене. Едноставно ќе ги правам работите во кои уживам за да си го искористам времето на Земјава најубаво што можам. А ме теши и мојата вера, која вели дека ќе имам уште многу животи на Земјава каде што ќе сум сите тие особи кои сакам да бидам.
И додека од страна читав милиони коментари на форумот за насилство во врска, насилство во брак , морам, значи М О Р А М да го ставам клипот од Дориан кој на саркастичен начин прави реакција на еден подкаст од собрани американци кои имаат ама баш несфатливи сфаќања за насилство. Не бе, најглупа нација на светот се американците Слободно изгледајте го клипот 13 минути е, замисли на прашањето дали треба да се остане во врска со насилство , еден што коментира е дека насилството е само фаза, после тоа ти помиува таа фаза како ништо да не било, друг вели луѓето се пуси , треба да научат да издржат кога се во таква врска со насилство, дека не треба одма да се откажуваат од насилникот, како ништо да не е. Уф, да не пишувам на долго и широко, еве го клипот. Ц ц ц прости американци, само тоа можам да кажам. Доста е нет за денес, може да се префрлиме на филм.
Исто се чувствувам цел живот. Често си мислам дека никогаш нема да успеам во животот, да заработам повеќе затоа што немам една единствена пасија на која ѝ посветувам 100% од времето, а најчесто тоа носи најмногу пари . Што е иронично, затоа што би сакала да заработувам повеќе не заради поседување скапи работи, туку за да си ослободам повеќе време и да добијам можност да искусувам повеќе работи .
Исто. Јас сум прва што се восхитува на луѓето кои ја имаат „таа нивна работа“ и се многу добри во тоа, што и да е. Верувам дека кога си посветен на нешто што го навистина сакаш, тоа е клучот на успехот, и сведок сум на тоа... а јас сакам да сум на сите страни, на две места одеднаш. Ме теши оној цитат што вели A jack of all trades is a master of none, but oftentimes better than a master of one.
Пред некоку месеци го додадов симпатијата на фејзбук, да кажам од деловен аспект. Пред некој ден го видов и останав со отворена уста, па се променил, па стил промил, па рамењата му станале поголеми, па се разубавил у тоа суратот. И денес го додадов и на инстаграм. Ако не ми пиши, спремна сум дури и да му пишам јас. Умри машки е муабетов. Кога тој веќе не превзема ништо барем ја да се пуштам у акција. Еднаш се живее (моето моето за бламирање) Кој сака нека честита
Зошто било која влада или бизнис кој има политичка моќ би сакал/а намерно да им штети на луѓе кога со тоа губи пари и моќ? Намалено, болно/неспособно население е поскапо, понеисплатливо од работоспособно население. Не за џабе во земји со низок наталитет размислуваат да ја зголемат границата за пензија, која е последица на тоа што луѓето имаме подолг животен век и подобра медицина (која само ќе се подобрува) за да се справи со болести. Не зборувам за контаминација/влошување на животни услови заради небрежност, што е поради недоволен капацитет да се сфати дека баш тие самите губат со тоа (паралелен пример - рамнодушноста на нашата влада за ситуацијата со масовно и постојано иселување од тука), туку за популарното мислење дека постои свесно наштетување на општата популација за... не ни знам која цел
Мераци ми е ко ќе видам татко со бебе во количка или уште поубаво кенгур. Генерацијата пред нас се плашеле додека не заоди да го чепнат ( имам негде 3-4 блиски шо знам дека така беше ).
Јас таквите аttention seekers и полуразголени не ги ни перцепирам не па да ги коментирам,од мене внимание не добиваат никакво...Но таква сум..Они ако не се почитуваат што па има јас да ги почитувам.
Едно од нештата што сум многу среќна што ги можам и имам (иако звучи клише или па необично) е што можам слободно да одам и што имам доволно сила за тоа. Онака денес ми текнало ќе го качувам Водно. Утре ќе пешачам на кеј. Задутре ќе трчам. После ќе одмарам ама после одморот пак ќе одам некаде, некоја друга планина. И така додека ме служат нозете во животов. Не знам ама додека одам некаде со саати и 10тина километри особено бо природа, се осеќам ко птица пуштена од кафез, како да можам светот да го освојам. Па ќе најдам некоја нова патека, ајде ќе ја истражам. И така додека не се изморам. Да ми се случи утре нешто што би ми ги земало нозете, не знам како ќе продолжам во животот. Знам дека има луѓе што живеат со тоа и со многу поголеми проблеми, ама јас волја за живот ќе изгубам тотално. Заробена на едно место ќе се осеќам. Премизерно се осеќав кога не можев нога да подигнам после операција за едни панталони да облечам. Едвај чекав да си ја вратам силата. Ми се плачеше што не можев ни по скали да се качам. Кратко траеше, летото не се изморував, еве ме пак на старото и не можам да седам во едно место без онака да се изморам убаво. Си велам ќе одам вака све додека можам, додека ме држат нозете, без да се штедам, колку и да имам години. После што биде нека биде.
Се заглавив во циклус на „припрема“ со гледање на видеа за градење себе дисциплина, воведување рутина, совети за детокс итн. Повеќе време трошам на тоа отколку во правење на работите што сакам да ги правам. Па, после кратка рефлексија сфатив дека сум човек што сака да ги прави работите со некој друг, па ако некоја феминка се мачи со истото и ѝ треба поддршка, someone to check in on, некоја за конкуренција, ако ве мотивира натпревар, пишете ми. Чисто да споделиме цели, напредок, редовност, методи на работа и слично.
Не знаев дека е во тренд да го малтретирам мажот, да ме слика седната на кревет во спалната соба пред да идеме на свадба. И сеа као вие треба да бидете импресионирани од мојот луксузен живот.
Еве ме, опседнатата со подобрување на себе. Можеби тема може да се извлече од ова? Или ќе биде too much, има веќе слични теми?
Па се мислев и јас, не сум сретнала тема, ама ќе побарам, ако нема ќе отвориме. Само во психологија ли?