На чекор до остварување на големиот сон... Стрмоглаво редење на настани, случајни минувачи, нови пријатели, одамна закажани нереалзирани средби, опуштени кафе муабети со драги луѓе, чувство дека дишам со полни гради, три-четврт ракав на лесно ветерче, набрсната кожа под прстите на љубовта, шепкајќи кроиме идни планови, држење за рака во брачен кревет со лошкото меѓу нас кој безгрижно спие,изгрејсонце помешано со мирис на свежо утринско кафе,слатко од зелени смокви на порцеланска тацна,разиграна утроба од неизвесност, исчекување, убави вести...на чекор до остварување на големиот сон.
Среќата и радоста изгледа убаво на секое лице . Тоа го заклучив разгледувајќи ја темата модни критики сега ми е јасно дека навистина има среќни феминки кои не глумат туку искрено се радуваат на секоја ситница и уживаат во животот.. е секој со среќната ѕвезда пред себе,блазе си им секогаш да си бидат среќни и насмеани. На мене сакам да си кажам дека штета е што сум препуштена сама на себе , што немам кому да се обратам за помош ,што немам кого да прегрнам во моментов .Ниту шминка не би можела да ги сокрие очите уморни и црвени од плачење ,ниту превез не би можеле да ја сокријат тагата која ја кријам во себе...штета за мене,штета за се што пропуштам додека животот полека ги минува сите станици без мене ,еден ден ќе се освестам за се ама касно ќе биде
Знам дека на некои феминки им е скриен ликот зборам за тие што не го криеја својот лик .Не ги знам добро феминките кој е кој знам дека видов прекрасна невеста ,анастасијаки ми остави впечаток на среќна топла личност,азиска стршленка и не знам за другите ама ако ја ви ставам слика од моево лице ќе видите плашило верувај изгледам како старица бледо лице,црвени очи затоа реков среќа на секој изгледа убаво што да лажам кога не сум среќна !само штета што никој не приметува како човек полека умира во душата и нормално на никого не му е гајле...животни неприлики си го прават своето
Friday night -> Cleaning all mess around the room-> Making lists,decisions...-> Ама стварно понекогаш е многу добра осаменоста наместо гужвата и гласната музика во кафичите.... Навистина ме изморија 4-5 годишните деца...ауф ама громогласно ја пееа head,arms and legs со наставничката а јас го следев часот (п.с. надежна наставничка сум верувам ќе биди,помина една година од дипломирањето..Верувам ќе биди )...аналгин+aerobik+чистење и најверојатно ќе останам со книгата цела вечер..Позз
Мојот син расте МНОГУ брзо! Се почесто размислувам колку МНОГУ ќе ми недостасуваат овие денови, бидејќи тој никогаш повеќе нема да биде БЕБЕ! Од сите овие прекрасни доживувања ќе останат само спомени и фотографии. СПОМЕНИ кои ќе го платат данокот на времето и јас нема никогаш да можам да се сетам на одредени мали, слатки, ситни детали кои денеска ми значат СЕ и ФОТОГРАФИИ во кои невозможно е да влезам и да го земам во прегратка моето мало бебенце кое тогаш ќе биде големо момче.. Го скенирам секој дел од неговото тело, секоја минута, секоја секунда, стотинка! Прстиња, ноктиња, усте, носе, увциња.. Сакам да го запаметам.. Да го запаметам Д*** од вчера, Д*** од денеска.. Не сакам ниту една единствена ситница од овие прекрасни доживувања да ја заборавам! НИКОГАШ!
Валерин, јас мислењево ти го видов таму некаде скоро од кога го имаш напишано, значи непосредно после оваа твоја изјава, и си викам што му е бре на детево, што збори вакви рабоќе? И еве те тебе, со двојно извинување..
-Се присетувам на времето кога правев сендвичи со кал и листови од дрво,кога ќе паднев позади мене ќе оставеа по некоја паричка за да ме залажат,правевме препреки на нашите ,,непријателчиња'' за да не поминат,кога си игравме возрасни, едвај чекавме да пораснеме...ете пораснавме, и? Што сега? Секој по свој пат,некој на добар,некој на лош...не важно. -Мама не може да поверува дека пораснав,за нејзе сеуште сум малата Рејчел која ја држеше за раче. Пред некој ден ме фаќа за рака и ми вели: До вчера држев мало раче,сега поголема и од мојата,сега ти ќе ме водиш. Да мамо,иако твојата се смалува,мојата се зглемува никогаш нема да ја пуштам твојата рака,потребна ми е твојата топла мајчинска рака. Spoiler извинете,во таков mood сум
Многу ме нервираат љубоморни луѓе Денес една "другарка" си го покажа вистинското лице долго време ја немав видено и кажував за одморот во Мароко и ми рече како можеш да одиш во Африка па мене да ми платат нема да одам катастрофа е таму.Буквално ми вадеше зборови од уста да кажам дека не е убаво кога ги виде сликите и сувенирите ваква остана Морав да ја разочарам бидејќи е преубава егзотична дестинација
А можеби толку и било тешко што не може да отиде таму, па дома и рекле дека е неубаво таму, за да не плаче и нервира. Затоа мислела дека да и платат нема да оди Секој со својата планина. Си се наплакав за ништо. Се понашам ко ПМС да ми е на врата. А не е. Тешко ми е поради мојата немоќ. Има неколку работи во живототв што страшно ги сакам, а ми се лизгаат од раце. Ја немам моќта. За ништо. А правам се. Душава ми е шпиртосана, уштиркана, згужвана и фрлена онаму до надворешната врата. Соништата ме јадат и ми е страв да спијам. Две ноќи со тешки соништа и трета непроспана, спиена без одмор од страв од нив. Иде четврта, а јас немам сили за неа.
Aj јас како поискусна ке ти кажам Луничке.Не очекувај дека ке донесе нешто. Спреми си повеке тегли зимница.Па 100 евра за ловна карта, за муниција,облека, ранец,чизми,... И повеќе детергент за перење. За загар некои даваат и по 500 евра. Тоа што ке го донесе ке ти го извалка цело купатило и кујна. Па ке му се соберат, цело друштво. Набави си рецепти, експрес лонец, и живци како јаже дебели. Единствено што е позитивно во ловот, што после ловот ќе спие како бебе. Ако имаш срека некаде крајот на фебруари ке те однесе на ловечка вечер , да вкусиш дивеч,зошто цела сезона ќе слушаш како било за малку.
Секогаш делам комплименти и директно кажувам што мислам,но многу ретко кажувам лоши зборови. Колку е само убаво да видиш некоја што навистина си го одржува своето тело напорно вежба внимава на храна и е во топ форма,а јас вечно си се мачам со диети ама им се восхитувам бе на таквите луѓе и не ми е тешко да ги пофалам.Си средила нова фризура и шминка исто кажувам коментар и да не набројувам... Туку зборот ми беше денеска една пријателка која долго време не бев ја видела случајно се сретнавме и забележав дека ослабната и убаво дотерена ,што не очекував од неа.Ја испофалив,и кажав дека е преубава и дека и се восхитувам на нејзиниот успех.Само што поразговаравме со неа и едно девојче со која што беше во мое друштво ми вели : Ти па на секој делиш комплименти им го разубавуваш денот со тоа,пфф како да не ќе и кажувам убавини да ја радувам со тоа што ќе и го кажам Леле луѓеее останав без зборови бе ама и смешно ми беше Значи типката не кажува пофални зборови на некого и не дели комплименти за да не ги радувала луѓето,ох брее ненормална работа Како бе не ги мрзи да се замараат и да си фантазираат такви работи не ми е јасно. Ама па кој ќејф е бе кога ќе добиеш комплимент ,пофалба од некого а Јас па се радувам и кога си кажувам и кога си се среќни другите а за таквите како оваа што е скржава и себична за да каже убав збор се надевам дека нема од никого да добие комплимент
^^^ Тоа на пример, не важи кај мене. Јас не знам како да кажам, што да кажам. Освен: If you were a tree... You'd be a very good tree. И не знам да комуницирам со мали дечиња. Они сакаат да зборуваат, да ги прашуваш како си поминале, што направиле... :geek: А јас само ги гледам и им се смеам од шестка до шестка. Не знам што да им кажам. Сигурно се преплашени, зошто будалава им се ѕвери цело време. Или на пример, кога ги убедуваат да јадат: - Ајде, јади. Ќе дојде волкот, се' ќе ти изеде. Еве го, тропа на вратата. И после ако ме прашаат за волкот? Ќе се збунам, нема да знам што да им кажам. Па затоа им викам дека ако не јадат, јас све ќе им изедам, барем во тоа нема сомнеж. И ќе редактирам сега: Еднаш една другарка ми рече: - Леле, ама си ослабела. - Ама последниов викенд се поправив... - Добро бе па и ти, еднаш научи се да примаш комплименти! Или некој да ми рече: - Леле, колку си паметна. Јас ќе вратам: - Па не знам баш... поише глупа сум. Дегенче, шо да праиш.
Најслатко е јадењето во 12 саат Врти се во кревет, превртувај се, два саати се мачам да заспијам, ете што ми била маката
Колку се внесов во кошаркава, сум ја изгледала цела утакмица Србија - Франција од прва до последна минута. Епа не сум знаела дека до толку ме интересира кошарка. Како и да е многу се радувам што Србија победи!