Ама кој ви е крив ко Божиќ е во јануари? Ме прашува ќерка ми-зошто накитиле уште одсега? И ај, шо ќе одговориш? И викам, морале да сработат сега, за да можат после за Божиќ да одат на одмор како и сите ние. Појма немам кој кити и што ќе праат китачите одсега до Божиќ, повеќе од месец има дотогаш.
Имено, добра искористена зима е како добар секс. Октомври се романтиките што претходат, букет, вино, вечера, чоколада, свеќи, ти реков ми рече. Ноември е предиграта. Декември /Јануари е најжестокото. (Снегот во) Фебруари е климаксот. Значи, се си има свое време и свое зошто и треба да се искористи до максимум. @Biljarkata Ама можеш да парафразираш, евентуално со друг пример кога ќе и го објаснуваш ова секако, битно поентата да и ја доловиш. Иначе интересен факт: Според келтите зимата започнува не на 21 Декември, туку на 1ви Ноември, а со тоа исчекувањето на Зимска краткоденица/Нова Година/Божиќ нели рековме. Ете, мислам дека вака е поедноставно да и објасниш. https://en.wikipedia.org/wiki/Winter Доколку ве интересираат повеќе вакви интересни факти можете да ме пратите наредниов период во Божиќната тема. Се најдобро и Среќни празници!
Ево, јас као марихуански неписмена, стварно не знам што да коментирам на муабет од 35 годишник,дека е кул да се трга марихуана, као нешто то е достигнување во животот. И немам што да споделам некоја случка коа сум била ХАЈ.
ја од малечок јадам смоки со јогурт или кисело млеко..и со переци,чипс,квики гриц,кикирики,сончоглед,се такви слични грицки и ја обожавам таа комбинација па не ми е ништо чудно..баше е лезет
Мразам кога некој од мигде никаде мава коментар што нема врска. Луѓе сме треба да се почитуваме и да правиме нормален моабет.
Не сакам луѓе без осет. Те прашува дали да дојде на гости и не важи за нив Имам обврски денес. Си доаѓаат како ништо да не си им кажал. Последниот пат кога беа им направив кафе и почнав да се облекувам. За 15 минути си заминаа. Оттогаш не дојдоа. Не можам јас да си губам времето со некој кој решил да мери куќи и станови. Ова ми се случи во Мк. И тука има еден таков во најава, ама го откачуваме. Се налутил. Баш ми е гајле.
Колку е битно какво детство и однос со родителите си имал се гледа по вредностите кои како возрасен ги пренесуваш на децата. Тажното е што баш оние што имале лошо искуство, сега полни со неизлечени трауми и комплекси пренесуваат искривени вредности горди и самоуверени дека така треба. А да се погледнат од страна сигурна сум дека ќе им дојде да повратат.
Spoiler Јас сум најгорда на луѓето што прекинуваат генерациски циклуси на траума. Знам колку многу вложување во себе значи тоа и сум најгорда на свет на таквите луѓе што израснуваат посреќна и по-емотивно интелигентна генерација на деца. Ова следно не е одговор за тебе, само се сетив дека сакам да се искажам. Затоа и ова е во спојлер, да не изгледа ко да направив trauma dump врз тебе (sorry). Не можам да кажам дека сум имала тешко детство, но дефинитивно со длабоки рани од растење крај родители во несреќен брак и мајка која никако не е свесна за своите токсични мајчински однесувања. Осеќам љубов, но никогаш, никогаш во живот ја немам осетено таа фамилијарна близина или потреба да негувам фамилијарни односи. И пошто никогаш го немам тоа осетено, секогаш бев неутрална во врска со имање деца, но повеќе накај тоа дека не се гледам како мајка и преголем страв од тоа дека ќе бидам лоша мајка. Сега кога сум во озбилна врска, мислам дека ова човече до мене излечи милион ствари во мојата душа. Ми беше голем шок кога осетив во срце дека имањето мои деца и фамилија ќе бидат едно од главните нешта што „треба“ да ги направам во мојот живот. Гледајќи како некој е толку близок со своите родители, замислувајќи не нас како родители и замислата да имам и јас таков однос со мои деца мислам дека ми даде смисла во животот. Сфатив колку многу љубов имам да дадам и колку сакам да направам некое дете да е среќно и да ги јас осетам и пружам тие блиски фамилијарни односи. И така ми дојде нова цел во животот која се надевам дека еден ден ќе се случи... и дека ќе бидам добар родител.
Браво. Муабетов твој ме потсеќа доста и на моето искуство, само кај мене е со другиот родител. Голем дел од животот слично се осеќав и мислев како тебе. Во тинејџерските години бев убедена и тврдев дека нема да имам деца, а при крај на 20тите посакав да имам, но целосно ја прифатив и опцијата никогаш тоа да не се случи. Во меѓувреме прифатив милион случувања од минатото, се помирив, се излечив, простив, извлеков поуки и лекции, и излегов на другата страна - добив замисла каков родител сакам да бидам и каков никогаш нема да бидам. И сега со едно мало срцуле до мене го живеам животот што не ни можев да го замислам, со толку многу љубов, топлина, милина, единство. Верувам дека имаш најмногу љубов да дадеш и дека кога ќе станеш родител, ќе бидеш најдобриот, се осеќа и во тоа што сега го напиша, а и во многу други твоите мислења полни со позитивни вредности и човечност.