Со некого делев роденден, ама не ми текнува со кого, мислев ти да не беше. Ама и да не е истиот ден, подзнак is enough
Уопште не е зелено знаме маж што го знаеш 5 дена да седне и да ти раскажува за бившата и неговите љубовни проблеми. Трагично ми е кога вакви глупости прават возрасни луѓе, пошто се глеа дека не научиле ко деца што се соодветни муабети и со кого.
Оноа кога ќе речат абе шо, средување по дома трае пола саат-саат, колку е тешко да усисаш: https://vm.tiktok.com/ZM6GsFxBn/ Е сеа замисли плус тодлер шо иде по тебе и троши, умацува, превртува, раздиплува, преместува...
Подолго се знаеме ама повеќе од извиџење само, од скоро почнавме муабет, ама ај да не откривам детали, да не се пронајде некој трет. Не пишав дека паѓаме. Уште ко ја спомна ми стана јасно дека со мене никаде нема да оди работава.
Па не мислев дека си паднала у смисла да му ,, даеш,,, него у смисла те изманипулирал да го жалиш, па уше и ко греен флаг да го глеаш тоа.
Брат јебига, многу сте глупи жените жими се, бар на моменти. Многу често гледам жени пристапуваат кон вакви ситуации и ги гледаат типчињава со најрозовите очила што постојат, а уствари тоа цели ајвани позади филтерот. Мора да сфатите дека просечниот маж е многу полош од просечната жена и е многу посебичен од обичната жена. (Ова е бар мое мислење)
Или можеби проектирам, I wish I could open up to someone. Како и да е дечки, интересен муабетов, нека префрла админ ако забегавме ептен со цитирања.
Тоа шо ти збори за бившата, не значи дека не те гледа ко идната што ќе му го оправа скршеното срце лол
ПОСЕБИЧЕН е клучниот збор. Тоа и јас јадев гомна во неколку наврати ама овие тука се навиени за да ги бранат таквите мажи. Глупи, жими се.
Сега што сака нека гледа, мене првичниот филм ми отиде во неповрат. Него повеќе во контекст шала ми беше првичното мислење (цитирам пак подолу), не дека сакав љубовен проблем да споделам, енивеј фала за советите.
Ти давам рака. Навистина си во право. Само да корегирам, намерно се прават глупи, ама не се. Намерно се прават наивни и неќат да согледаат дека просечен, секојдневен маж нема од позитивните карактеристики кои тие - жените ги посакуваат. Длабоко во себе знаат овој е шуплив и никаков. Другарка ми, знае шо ајван е и се чудеше кога ќе се испонашаше така. Епа... знаеш каков е, не знам што чекаш и очекуваш.
@EmporioIvankov жими тебе те одобрувам како машко тука на женски форум. Само ти ја кажа вистината, се друго тука од родот МУЖ вика дека си е најдобар, најпаметен, сон за секоја жена, има големи ораси.... Браво!! Треба да те прогласиме за заштитен вид.
И мене ми се допадна колку директно го кажа тоа, и се глеа дека не е кажано со скриена намера да му се подлижуваме.