Дајте идеи за V day што да се праи. И предлог ЧИСТ спа центар во Скопје. Не преферирам да се буткам по базени ради хигиена, ама ми се оди
Ко ќе се влечеш низ ходниците на болнициве и ќе видиш сè и сешто, најмногу ќе те мавне реалноста за очајната состојба. Затоа луѓе, чувајте се. Ама сериозно. Без заебанции. Трудете се најмногу што можете да правите за вашето здравје, не само да викате дааа, даа, знаааам, знам дека треба вака да правам, знам дека треба онака. Секоја лоша навика еден ден ќе се одрази врз здравјето, тоа бидете сигурни. Не викам дека и со пазење нема ништо лошо да ти се деси, ама барем тоа што е во твоја контрола, тоа што е твој личен избор, направете го за ваш бенефит. Јадете што е можно поквалитетно. Баталете процесирана храна поготово шеќер колку можете повеќе. Бидете што е можно повеќе физички активни. Не пушите цигари. Идете во планина колку можете повеќе. Баталувајте технологија колку можете повеќе. Сето тоа е избор, правете го постојано, имајте си го здравјето на ум цело време, без разлика која возраст сте. Немојте еден ден да заглавите во мувлосани ходници само поради лошиот избор што континуирано сте го правеле! Нема ништо подобро од тоа да си дома со твоите, слободен да живееш нормално, без болки!
ДАЛИ МОЖЕ ДВЕ РАБОТИ ДА СФАТИТЕ АМАН: 1.ТРЕТА ЛЕНТА Е САМО ЗА АВТОБУСИ. 2.ОД АВТОБУС ПРВО ГИ ПУШТАТЕ ТИЕ ОД ВНАТРЕ ДА ИСКОЧАТ, ПА ВЛАГАТЕ. НЕ ДА ВЛЕЗЕТЕ ПА ДА СЕ БУТКААТ СИТЕ аман више Толку ли сте глупи и неписмени
Не знам што е нешто срамно ако кажеш дека си порачал нешто од Али Експрес. Па и уште, вреѓаат и се потсмеваат ако некој спомне дека купил нешто оттаму.
Ја колку работи, накит, маски, алишта кроптопови некои, шорц нарачувам, и си кажувам ич не ми е срам. Мои пари моја работа
Освен што огромен број од болестите не се спречуваат со брокула и медитирање. Дали сега треба да се обвинуваат луѓето дека сами се криви што се болни?
Ми излезе reel на Инста од рандом улично интервју на млад човек. Прашањето беше дали има некој сон, а притоа истиот одговори со едно такво тешко и тажно "Не". После пандемијата и други дешавки вели дека сега само повторно си го изградува животот. Го најдов на Инста, а под неговиот последен пост му пишувале еден куп странци кои го виделе видеото. Испишале толку убави, топли зборови на поддршка, ете така, to simply lift him up и да не се откажува од сонот. Man, I love that
Не пијам алкохол често, но ноќите кога пијам обавезно мешам минимум 4 различни алкохоли и мислам дека си го кратам животот повеќе отколку да пијам редовно.
Има луѓе кои што се грижат целосно за себеси, со ептен пазење на се па пак се разболуваат, навистина е неубаво ваков наратив да се наметнува, дека можеш да се разболиш само ако не се грижиш за себе. И тие сакаат да се дома со своите и без болки и да живеат слободно
Така е, џабе ти е се кога се е во генетиката. Знам луѓе шо во животот ни алкохол ни цигари не се пробале, а богами и нервози се немале, па пак се разболеле. А знам и такви шо се крајчат секоја вечер со се и свашта и здрави како дрен се.
Ех,нервози немале,којзнае. Може нас така ни се чини,а тие се нервираат но,пред останатие не покажуваат.Ако тоа го кријат и собираат во себе,прават голема грешка,затоа што потиснувањето емоции,всушност носи болести и дијагнози.Бес,лутина,тага,и секоја друга негативна емоција која се чува во себе може само да направи човек да заболи од нешто.Затоа треба се да исфрламе од себе што не ни треба,наместо да апсорбираме токсични енергии...Ах да и доволно сон му е потребно на организмот за да функционираме правилно.
Ти ја сфатив поентата, мислем дека целиот пост ти дава осудувачки вајб. Ако не сакате да завршите во болница, грижете се за себе. Живеење здраво е само еден од милионте фактори кои ни влијаат на здравјето и само еден дел врз кој имаме колку толку контрола. Тоа е тоа, за жал.
Оооо не, баш напротив, не ми е осудувачки, туку сочуствувачки. Воглавно поентата ми е да правиме сè што можеме за да си го зачуваме здравјето. А има милион работи врз кои неаме контрола. Баш затоа нема логика дополнително да си правиме штета, кога ионака од премногу не можеме да се заштитиме. Поготово ако 2-3 децении по ред дополнително си штетиш со цигари, седентарно секојдневие, лоша исхрана, и слично да не набројувам, тогаш посекако ќе навлечеш здраствени проблеми кои можеби не би ги имал доколку си ги немал тие лоши навики. На нас е изборот да се потрудиме.
Па не можеш целокупно здравје да контролираш, ама поентата е дека дел барем да. Цигари на пример никој не ти бута со сила, твоја одлука е да пушиш. Еве на праг на нова епидемија и антиваксерите исто мислат - што бе да вакцинирам, ене го на Стојка сите вакцини ги прими и пак е болно. Мислам ако све е до генетиката, не знам зашто воопшто пробуваме да лечиме болести, зашто пример дијабетичари имаат посебни диети. Гените нема да се сменат со диета и апчиња.