Од луѓе што размислуваат - "како сакам ќе си го воспитувам и чувам детето и чувам кучето" ни пати светов. Од тие што живеат во сопствен меур ама сакаат прифатеност од општеството, што не ги боли qr за другите. И јас према нив ќе се понашам како сакам тогаш.
Оооо сестре, никаде не можам да ја најдам серијава онлајн. Ја има само шпанската верзија, шо не е ништо у споредба со оригиналот.
Може број од УЈП кај што креваат? Три пати им пишав меил рекоа имам налог за исплата на средства, а С од средства не видов. На Шпаркасе сум Да не одам таму да се карам.
"Боже драги, те молам да му е дебел. " ова ми излезе од уста вчера, зашто ми е дојдено преку глава од се, од работа од обврски, глупости..
Многу луѓе не сакаат ни помош, ни совет, ни решение, само сакаат внимание да се пожалат и простор да си се забавуваат со нивните фрустрации. Туку, до кај сме со назначување на националниот ден на ќутење кога сите луѓе глобално во светот не би проговориле цели 24 часа?
Бирам галама со музика пред галама со секојдневни и долгогодишни реновирања и вознемирувања од утро до мрак Кога веќе бирам помало од двете зла од noise pollution и нема да ти пишам „google it“ бидејќи има нешто што се вели „нормална комуникација“, без надменост и мислење дека си над соговорникот. Кога ќе го примениш, тогаш ќе продолжам со разговорот. Апсолутно не се согласувам со ова. Имам живеено во држави каде е толку тивко што е језиво. За разлика од таму, во Македонија само слава остана. Традиција е и никогаш нема да се побунам за музика колку и да ми пречи (а ми пречело, многу, ама знам дека е неколку дена во годината и ќе издржам). Реновирањето е веќе многу поразличен муабет. За ова што го пиша погоре единствен соодветен одговор е „ако сакаш тишина, пресели се во планина“ Секогаш ќе има некој на кој ќе му се одмара, спие, учи... Па и порано се правеле сите овие работи и сите сме „издржале“. Кога работев трета смена (со месеци) никој не ме прашуваше дали ми пречат бор-машината, чуковите и останатите алатки и машини кога ќе ги збучеа во 7 наутро. А се случуваше секој ден со месеци. Исто така никој не ме прашуваше дали во 10 некому му пречи тоа што преку 2 дена по 2 часа 2 месеци се дуваа лисјата (под мојот прозор). Листава е доста долга со вакви примери. Секогаш ќе има нешто. Ако нешто научив е дека додека има причини луѓето треба да се радуваат. И да се изигнорираат некои такви настани. Секако, разбирам како ти е и верувам дека не ти е лесно. Затоа и си се обидела да почекаш додека да се свестат. За такви без усул нормално дека треба да има дејствувања. Исто се чудам зошто веднаш полиција? Зарем до толку луѓето се оттугија па не знаат сами да им кажат на комшиите? Барем јас се обидувам така и речиси секогаш успева. Освен, се разбира, кај оние што ги опиша и ти - без усул и без култура. Затоа и велам дека приватните не се способни за такво нешто, а не е дека не можат. Затоа барем државните да протестираат. Грешка си со ова покачувањето. Покачени се само на функционерите 80% сами си изгласаа, останатите....мора да се борат. ------------------------- I woke up and chose violence денес со коментариве После денов што го имам, фитиљот ми е при крај.
Абе ај еднаш двапати ќе истрпиш. Ама имав комшии што мислам секој месец реновираа. Па стално со денови слушаш чукање и бормашина. Значи не еднаш и толку него можда две години по ред стално беше. Е вакви не треба во стан да живеат.
Можеби ако немаш тешки главоболки. На некои од нас ни пречат прегласна музика и врева од бушење и чукање.
А кога ќе се разбудиш во 7и30 затоа што на комшијата тогаш му текнало да почне да буши, тоа е најубавото будење. За мерак. На мене ми пречи гласна музика. И дома не пуштам гласно.
Не, ние другите обожаваме да слушаме бушење. Прослава не е секојдневие...не се слави секој ден одредена пригода. Многу полош е noise pollution на кој сме изложени 24/7 отколку комшијата што слави роденден еднаш годишно.
Ако ти можеш да истрпиш, ок. Ама, нè има такви што не можеме ни еднаш. И да се тргне тоа на страна. Треба да се има осет. Некој мора да учи, друг да работи, трет да спие (особено бебе).
Некои немаат осет. Не ми е проблем ако е роденден или некој друг вид на прослава. Ама ако е секојдневно и тоа како ми пречи. Реално... Никој не е должен да трпи што ти текнало во 1 после полноќ да се дереш како ненормален. Или во 23 часот да чукаш со чекан.
Навистина сметам дека луѓето, во сржта сме створени да живееме уз природа, да си одгледуваме зеленчук и овошје и да јадеме така се што е природно, вклучувајќи месо, млеко, јајца од животни одгледувани на етичен и environmentally friendly начин. Буквално да сме едно со природата. Инспирирана од една жена на инстаграм што си има своја градина и ја гледав како се буди и си сече зеленчук за ручек од градината. Замислете колку те такво нешто учи на трпеливост. Мислам, се си има своја сврха, едно модерно општество сепак е доказ на нашата интелигенција како луѓе, со сите изуми околу нас и се друго што сме смислиле, иако не се сите за пофалба, мислам дека скоро се е за воодушевување. Не би можела да се откажам од се тоа и да живеам на планина, ми се допаѓа што живеам во оваа ера. Ама мислам дека би биле многу здрави и посреќни да сме што поблиску до природното. На различни начини. Преку исхрана, поминување време во природа, или пример одгледување цвеќиња, да сме што повеќе еколошки освестени во врска со материјали...
Зошто живееш во зграда кога не можиш да трпиш никаква бучава? Земи си куќа, ниту ќе му сметаш на некој ниту па тебе ќе ти сметаат. Сум живеела Германија каде што мува да прелета се слушало од шо е толку тивко. И језиво е, ужасно е језиво. Едвај чекав барем кола да помини да збрчи за колку толку да се осетам дека не е се’ мртва природа.
Не постои етички одгледано месо, убиството на друго животно макар и за храна не е етички кога имаш ред други опции.