Јас имам една комшика, што со цела зграда е скарана, се нешто и смета, се нешто и фали, буквално нема еден комшија со кој се нема скарано. Тогаш треба да се подразмисли дали си ти добар штом со сите си скаран и се ти смета? Има куќен ред, и пишува дека од 15 до 17ч е одмор, и после 22ч исто така е одмор, не треба да се прави галама. И јас имам деца, и моите спијат, и болни биле, и во болница биле, и што све не, па моиве комшии баш им беше гајле што бебето мое треба да спие... Ти вика си имаш куќен ред и тоа е... За време на одмор немаме галама, ама во нормален тајминг не им забранувам на децата да си играат, зашо ако така гледаме секогаш на некој комшија нешто ќе му смета, ако не му се допаѓа и е скаран со пола Скопје, нека оди на планина или у пустелија нека живее, секад ќе има мир.
Го разбирам и тоа мислење, но според мене луѓето се наравени да јадат месо, не во смисла дека мораат, туку едноставно сме сештојади според биологијата. Затоа за мене етично одгледување на животни е кога не се во фабрика во огромни количини, туку на село, кај што си се слободно движат и не се колат за профит туку за прехрана. Тоа ми е некако природен баланс. На тоа мислев.
Па и не е само еден комшија/комшика, секој ден на некого може да му биде роденден, па на едното дете, па на другото, и секој ден треба да трпиме гласна музика. Како што пиша членката погоре, нека си слават во кафана.
И што треба да значи, дека треба да се лиумпува секој ден? Како така и кажуваш да си купи куќа, па мислиш во куќа нема бучава, гласна музика? Поготово летно време во двор секој ден има собиранки со гласна музика, во куќа баш нема никаков ред. А тебе ако ти е језиво тишина, зошто живееш во Германија? Дојди си во Македонија и нема да ти биде језиво од тишина.
Некој претходно спомна. Балканштина. Ние секогаш знаеме како и што треба да прави другиот. Емпатија 0. А за нас никогаш не си гледаме во дворот.
Апсолутно! Исти имам и нема одмор, со години трае. За викенди ќе си отидат на село (не кажувајте дека сум го пишала ова, се срамат, самите го имаат кажано ова ) додека по цели денови ќе се користат машини без никого да предупредат. Ама нема разбирачка со такви. Е на такви им се вика полиција ама па тие ја поткупиле на време и така... Кој рече дека не ми пречи? Ама никој не ме прашува. Ниту можам да направам нешто околу реновирањето. Музика си е музика и како таква ќе се издржи ама реновирање е друго. Па ако издржувам толку години чукања и бушења, еден ден музика со задоволство ќе издржам. Ако прочиташе што напишав немаше вака да ме цитираш.
Се ми е јасно од ова. А и ко да имам дежа ву и веќе го имам прочитано истиот "аргумент" од тебе на поврзана/иста тема "Getting оld yet?" Те молам немој да продолжуваш со комуникација, јасно ми е за што се работи, си од горенаведени што ги спомнав во постот на кои не им се јасни основни работи и човечки култури, hence the google it нели, зошто јас не планирам да те чам за исти, а за тоа веруј и префина и не"надмена" и саркастична бев во постот. Или си дете од 13 години. Или размислуваш ко такво. Така да ти се молам направи ни на двете услуга и не продолжувај комуникација жите сВе.
Ја нема, и јас ја барав/м, претходно ја имаше на Dailymotion и УТ, сега веќе не, штета. Мислам дека еден период на Нетфликс ја имаше (или шпанската?) не знам дали и кај нас во Мк, и затоа ги избришаа, нe знам и дали уште ја има, јас не користам. Како и да, е никој не ни брани да продолжиме да се потсетуваме на овие времиња. Ова се вика Hips don't lie.
Извини ама еден роденден во годината ако ти е крај на светот може до тебе е. Живееш со други луѓе и нормално е некогаш да доживееш и бучава и тоа е дел од нормалното живеење во заедница. И тоа ова ти го кажува некој кој се буди од најтивок звук и сака воглавно најмирни населби и комшии.
Бирај галама од музика или бушење, шо преферираш / сметаш дека е помало од двете зла. Let me know down in the comments. Се ова спаѓа во звучно загадување. Со разлика на тоа што гласна музика не мора да трешти, избор е. Да се преформулирам, ку*чење е. И повторно, не, не е само еден роденден.
Навистина тоа ќе ти ги реши баш сите проблеми во животот или само дефлектираш малце? Ајт, држи се до темата. Прашај ги полицајците ова.
Ова ми промакнало. Оваа тема ја избегавам, зошто е една од ретките ако не и единствена што може баш да ме "упали", а на крај нема поента, јер јасна ми е психологијата/ механизмот на самоодбрана позади, а потоа нели и човечката простоќа. @Srckata28 да не го сфати ова наменето до нејзе, не е лично до нејзе, збoрам баш, баш за она I love bacon mmm, проследено со горд и арогантен смех под мустаќ тип "аргумент" шо ти иде да му запалиш шамар и да не жалиш. Ама укратко, во право си. Ете едни ќе ги чуваме како дел од семејството, а за други ова. Кои, се договоривме некад давно на еци пеци пец.