Далеку сме од културно однесување. Па не било проблем еднаш во годината да се славело роденден, истото и јас го пишав поназад, дека не е само еден комшија/комшика, па ајде на едно дете, па на друго, па други комшии, па слави, имендени, и секој ден нека ечи музика. И не разбирам, па и слави со музика почнаа. Ова само кај нас го има, се слават, а кукаат мали плати, епа мали ќе се кога сакаат да се истакнат пред комшиите.
Само што тоа сценарио секој што живее во иста зграда или исто маало да си слави роденден на тој начин е нереалистично. Цел живот живеам во зграда, мнооогу ретко се случило некој да слави нешто со гласна музика богами во целиот блок, токму поради тоа што постојат кафани и обично таму си слават луѓето. Повеќето луѓе имаат свест за што е нормално, а кога некој нема, ко што погоре има случај со тапаните, фино лепо се пријавува. Не знам, мене не ми е big deal.
Зависи во која доба од животот си. Кога бев помлада и мене не ми сметаше. Но, кога имаш дете кое едвај си го успала и на некој му текнува да пушта музика е огромен биг дил. Јас пак живеев во населба каде многу често се случуваше да има гласна музика или да се дере некој надвор во ниедно време. Тоа за мене е дрскост. И нормално ќе пријавам. Тој со гласна музика ќе си оди во кафана, а тој што се дере може и во зоолошка да си оди со лавот да се натпреварува.
Што ако сум во Германија? И тука некои не почитуваат куќен ред. Во куќата позади оваа кај што седиме секогаш кога е топло комшиите прават забави во двор. Летно време не се издржува. До 1-2 саат навечер. Се чудам како никој не реагира. Маж ми претходно седел во еден стан во центарот на градот. Таму комшиите секој ден биле гласни. Често ми се жалеше дека не може да спие навечер. Комшиите под нас кога имаат гости мислиш кај нас дома ги донеле. Гласно зборување и кикотење. Еднаш во влез галамеа пола саат. А саатот беше пола саат после полноќ. Треба да се има осет. Добро би било да се отвори тема за куќен ред. Па да продолжиме таму со дискусија. Има многу за што да се зборува на темава.
Дојди кај мене, ако прдне некој пред зграда ќе го чуеш од шо е толку тишина . Едино авионите ни праат галама тука оти блиску ни е аеродромот.
Македонци да не се? Зошто тие нигде не почитуваат ништо Каде и да одиш, не се срами, не се плаши да ја истакнете својата некултура
Не се расправам ниту сум вегетаријанец, мада во последно време слабо јадам месо, неодамна сретнав коментар од вегетаријанец и се замислив, како човекот треба да јаде месо ако забите не се исти со на пример куче кое јаде месо, факт е дека кучето има многу појаки заби да речеме наменети за месо за разлика од човекот, случајност или не? Не знам што е паметно, како и да сврти човек, јадеме ѓубре
Па имаме кучешки заби, тројките горе така се викаат и се оштри што навестува дека се за месо. Совршени се ко за сештојади, не се сомневајте во еволуција.
Таа е Германка, а тој не знам од каде е. Не е Германец. Тие најдолу (3 стана сме во куќава) се од бивши Советски сојуз А тие позади нас што живеат се Турци. @Adidas888 ставај кафе. Идам натаму
Буквално секој што живее во зграда знае дека не постои секој комшија секој ден да лумпува и доста измислувате преувеличени сценарија само за да доловите поента.
Бидејќи ти ги знаеш сите во Скопје, сите станари како се понашаат, сите проблеми или не проблеми во зградите, сите маала. Ако нештото на тебе не ти се десило, не значи дека на друг не му се десило или не постои. И тоа нема врска со фактот и да е изолирано славење на роденден на само еден комшија не е дозволиво после 10. И имам целосно право да пријавам и полицајците да постапат по должност. Затоа што баш затоа што живееш во зграда, ќе се прилагодиш на законите за станбени односи. Ако ти пречи и сакаш да се однесуваш како само ти да живееш таму, не ти е местото во зграда.
Сештојади сме и то е доволно за да ти дај избор. Како ќе се носиш со тој избор е до тебе. То е се шо имам за "тревопасните" шо сте спомнале.
Кога возачи газат луѓе што можеш да ги видиш од 50 метра, тогаш абе немал намера, абе не е убиец, абе се дешава. Кога ќе се згази мало животно што лесно може да се протне под тркало од мртов агол, тогаш ау бездушник, да му умре све до 7мо колено. Не си ги пуштајте милениците слободно на улица, аман. Особено за мачиња кога ќе видам. Тебе таквото мн те болело за него што го оставаш да лута меѓу коли ама возачот е крив. Ај важи. Како што камионџија нема да те види толкав вол ако стоиш одма до него, (и затоа не се лепиш до и зад камиони кога возиш) така и кола нема да види маченце до тркало.
Вчера, другарка ми го запросила дечко и. Он 38,таа 32. Многу сум среќна за неа. Но, од др страна некако... Ми е неубаво. Идеа 4 години, него не му текнуваше. Знам дека постојано се караа, таа идеше да и помага на мајка му, де ручек, де вечера. Во ред и помагаше, супер. Таа е болна, нешто. Не знам што. Он, не му текнуваше за брак. Постојано ја потценува, не зборам за помагањето, тоа е во ред. Туку, бидејќи таа е малку посиромашна, само ја брецка пред другите и се потсмева. Зошто понекогаш ние женските сме приморани да молиме, да чекаме некој да не 'земи', со години ?
A зошто да чекам? Ако гледам дека не иде, чао пријатно. Братучед имаше долга врска. Бившата девојка сфати дека тој нема абер да се жени и му даде корпа. Јас не сакам маж што сака да живее боемски живот и што ќе ме потценува.
Може некој е во долга врска и заради различни причини не сака брак во тој одреден период. Може да е кариера, финансии, живеалиште, друг личен избор заради нешто сосем друго итн, договор меѓу партнерите, некогаш двајцата имаат нешто што чекаат да го решат, некогаш едниот, а не е секогаш мажот што одложува. Може само сакаат да си живеат така без да се во брак, пак нивен избор, што мора некој да збори зошто не се земале уште и како биле за жалење? Тоа си е интима и само меѓу двајцата во врската, не е за некој да ги коментира меѓу други луѓе што и како чекале. Не мора да се збори дека некој "чекал" да биде запросен или да се замараат парови "толку години сте заедно, што чекате да се земете"? Малограѓанштина. Секој да си гледа за во свој двор треба, не да води евиденција за други парови кога, како и што правеле. Секоја врска си е своја приказна.