Сакам да кажам дека е разрешена директорката на ОУ Тодор Јанев Чашка, Елена Николова. Новиот директор, Бојан, сакал да ја затвори албанската паралелка.
Не можам да го разберам инаетот кој владее во нашиов народ, толку простотилук и не култура нема никаде на светов, во еден Банлгадеш и Индија повеќе култура ќе видиш. Во улицава каде што живеам, скоро сите имаме по две коли, до мене овие имаат три. И сите паркираат надвор на улица. Подолу тие гаражата си ја направија дневна соба наместо гаража за колата. Имаат две возила, едната воопшто не ја возат, и цело време им стои надвор на улица, оти нели гаражата сега дневна соба им е, Бог да чува.. а се работи за премиум луксузно возило. Ние двете ги паркираме внатре, во гаража. Овие до нас што имаат три, едната некогаш ја чуваат внатре, другата пред другиве комшии, а третата им ја паркираат во туѓ двор погоре на еден комшија сам живее. Пред мене се вселија нови комшии, и тие имаат две коли, улицава стана преполна со возила, хаос стана. Со нив ајде се погодивме некако, иако имаат и посебни места за двете коли, ама кој да отвора/затвара и внесува и изнесува внатре и надвор на секое, мачно им е кутрите, вака фрц прц на улица само запали и замини си. Тие фактички ги паркираат пред нас од нивна страна портата. Денеска еднава кола, ја оставив и јас на улица, паркирана паралелно меѓу од овие пред нас едната кола и од овие скапата подолу од нас, 3-4 метра подолу од нас, оти пред нас не може ќе се блокира улицата оти спротива им се на овие двете опнати тука. И вака е најдобро решение ајде, има место за сите, имаше растојание. Арно ама.. комшијава подолу од нас се почувствувал "загрозено" да не почниме пред него да паркираме, да не му зафатиме место што и е нее возможно бидејќи колава е 4.100м долга, а тој има уште 50м простор надолу од улицата и од него, и за инает ја вратил скроз до нашата, скроз се залепил, 2см растојание нема, замислите 2см.. страшно, не знам и како не се лупнал, ама има сензори и камера господинот, пу капиталисти! Имаше 2 метра растојание, така оставив јас, сега нема ни 2см. Да треба да тргнувам сега, нормално е колата да се подврати 1-2см дур се спојат менувачот и моторот за да се придвижат тркалата и напни за напред, и директ заден браник со заден браник оти нема растојание. Кој идиоти еј. Ајде толерирај, ајде трпение спасение ама ова е претеризам. Ми иди да фатам да ја извадам и другата на улица и јас, па да видиме тогаш кај ќе паркирате, на глава качете си ги. Прост народ што беше ова. Арно во Холандија нема паркирање на улица, нее од татко ти па кај сакаш таму. Сакаш кола? Имаш 2, 3, 5, 10? Ќе си ги паркираш на паркинг 100-200метра оддалечени од тебе, а не на улица. Да треба да помини машина за чистење снег да исчисти нема да може, пожарна, брза помош.
Ќе увезувале работници од Непал за потребите на текстилните фабрики од Кочани... Не сакате да знаете какви слики прикажаа од нив, еден застанал до машината, не трепнува, облечен ко просјак и ко лудак зјапа во камерата....
Јас знам едни што од куќа на два спрата тие седат ностоп во подрумот.. А горе во куќата влегуваат така пополека како да е музеј и се плашат да не оштетат нешто и како да ја чуваат за експонат
И сега тие се бројат на прсти. Другите сите се крадачи, убијци, силувачи, дрогираши, дилери, макроа, проститутки.....
Сите имаме на три спрата во улицава, кој два кој три и сите имаат гаражи. Ама овие важат за така поголеми, ланец на маркети имаа порано, сега под кирија ги дадоја на други и држат само еден маркет, пу капиталисти. И замисли, од три спрата, гаражата што им е за колата, ја направија дневна соба. А двајца живеат, децата им заминаа преку океан. Ја направија оти енергетски по ефикасно им било бла бла, за греота на тие пари. И сега в гаража живеат, на горните спратови духови се шетаат, а колата им дреми на улица. Па уште инает водат, простаци.
А паркирање пред врата влезна, тоест порта да не моеш да искочиш? Си ги узурпираа тротоарите, на улица си се паркираат лагано при гаражи и уште им е малце па и во туѓо сакаат. Дај нека дојдат и у двор ако не. Редовно се заебаваме и нерви кинеме со говеда вакви.. И место да се извинат и да тргнат одма, имаш такви гниди шо се замишљаат недопирливи па уше дрски, ти повишува глас и се буни.. Не бе, зар е можно до толку?
Во моја зграда има еден прометен кафич и на 150 метри уште еден. И петок и сабота вечер тие што живееме во зградата, нема шанси паркинг да најдеш оти принцовите сите си дошле со кола до кафич. Башка другиов кафич што е повеќе на улица, е таму тротоарот е цел зафатен со коли, па нема кај да идеш. Не само тоа, туку и со колите блокираат веќе нормално паркирани други коли па ако сакаш да излезеш, треба да свириш ко неарен да се појави некој.
Возможно е, еве јас ти кажувам, жив пример. На горните спратови духови се шетаат, децата им се преку океан, тие в гаража живеат, колите им дремат на улица, особено оваа луксузнава шо не ја возат. Дремат двајцата в гаража оти енергетски поефикасно им било, на тие пари. И овај се почувстува загрозен и скроз горе се залепи, 2см нема радтојание од кола до кола. Овие па да можат и внатре во кафич или обложувалница ќе се втераат со се кола. Ко цела јавна површина да е нивна, ко тие да се господари. И не само на тротоари, туку се паркира и на кружни текови, внатре на самиот кружен тек, замисли, на триаголници. Да можат и на покриви ќе се качат.
Не сакам да поверувам, шо е бе ова? У гаража да живеат, при таков конфор ко шо викаш.. А колата за украс очигледно им е, да ја краси улицата, куќата и уз пат да нервира комшии. Некои ептен луди тие.
Секаде е исто. И тука сите имаат куќи со дворови и паркираат на тротоари. Пешаците нека одат на улица. Со колички на улица се движиме заедно со сите коли, при тротоари. Цело време сум на штрек, дали некој рикверц ќе враќа од тротоар на улица, дали колите што возат по улица се забрзани, или тие распаднатите камиони за дрва или шут ќе удрат во некоја дупка кога се разминуваме, дали е заштитен товарот или може нешто да летне во нас... Стигнати сме до степен да еден комшија има два камиони за шут и двата ги паркира на тротоари, честопати полни. Па не знам колку пати сум собирала стари 'рѓосани шајки од улица каде што паркира (веројатно паѓаат од камионот кога го качува на тротоар). Имаме паркче пред куќата, ние го одржуваме - косење, садевме дрва, ги одржуваме и дрвцата, а пред тоа редовно се обраснуваше. Па кога видоа комшиите искосено, средено, почнаа да си паркираат тука. И не дај боже да речеш нешто, очите ќе ти ги ископаат. Уште многу други примери имам, и тоа само во маалото каде што живеам... Школото незаградено, коли си паркираат навечер, фрлаат кондоми и марамчиња. Тежок распад сме. Гадно, гнасно самоволие.
Коа бев малечка, имав компЉутер, али немав нет. Нејсе, ова беше моето свето Тројство... Honorable mention, Paint и Spider solitaire.
Подготвувањето храна ме страшно опушта а, особено кога треба да одам на излет каде што нема интернет конекција...малку да одморам викам утре од социјалните мрежи како на пример фејсбук. Некои членки од Фемина ги сретнав на Фејсбук А, некои сакам ама не можам...