Ако сакам да помогнам/донирам на некој дали за болест, дали зашто нешто му се десило, да, битно ми е да имам гаранција дека стварно е болен и дека стварно нешто се случило или се оправдано сиромашни. Не знам што се вреѓаат луѓе кога бараат помош ако прашаш детали што е болеста или дали се социјален случај итн. Па не требало да нѐ интересира. Епа сам снаоѓај се тогаш. Како сакаш човек да ти верува за да ти помогне? Да донирам на луѓе што клепаат деца, а живеат од сам старт во сиромаштија нема.
некој ако има пополнето за ДДВ 2100, и ако сака да прати сметки, ве молам у ЛП, пошто у темана не се стига тие шо ме знаете лично, може и на Инста или Месинџер тенкс
Ја стварно се извињавам ама све дур не научиме дека куче се шета на поводник, дека опасно куче се шета И со маска, дека треба да си го научиш кучето да се одзива на име и да те следи, дека провокација од типот "дишеше гласно" и "му се дигна влакно од косата" не е оправдување за да бидеш нападнат и дека кучето треба да не реагира на такви провокации, дека аналните чоколадните торти се собираат во ќесичка, нема што да бараат кучиња во јавен превоз. Ако кучето твое се провоцира оти некој помрднал ногата, како ќе го внесуваш во автобус меѓу 50 души? Плус кај што нема место и безбедно растојание да држиш. Не за тебе, општо ова.
Те сфаќам потполно, така е, добро викаш. Еве у раце нека е исклучиво, најдобро у транспортер, добро затворено. Само, знам дека како народ сме за никаде и екстра несовесни па би се злоупотребувало ова. Култура се нема, не знаат луѓево што и како, едуцираност 0 па згора на тоа и простотилак и безобразност преовладува. А инаку ова моево не е куче жими све, туку играчка плишана што не знае ни да лае.
Е моево е коњ , и не е за во народ. Не е агресивен, ама како појава е страшен. Ретко го шетаме по на страна, а бе децава не се плашат, сакаат да го галат, се врткаат околу него како божем слон да шетаме, а не куче. Кога бев мала мене ме нападнаа две различни мали кученца, среќа ме фатија за тренерките и дедо ми што беше со мене.
Имаш апсолутно право да не донираш кога нешто не ти изгледа дека е искрено. Ама толку. Не донирај. Не е пријатно да се поставуваат такви прашања, самото побарување помош е многу тешко за некои луѓе, па уште некој одма да пристапува со сомнеж и да испрашува... ужас. Кога донираш, тоа се прави од срце. Јас кога сум осетила потреба пример, сум оставила на питачи пари, и одма сум слушала муабети као "Браво ете, му купи пакла цигари" - не ми е гајле. Можеби постои шанса да купил цигари со тие пари, но можеби човекот купил леб. И мене совеста ми е чиста затоа што можеби некому сум купила леб, тоа е шансата на која се фокусирам. Така се и донираат пари. За болести па да не зборувам, треба мирно да се спие знаејќи дека некому си помогнал при лекување. Донираш од емпатија. Јас општо нејќам луѓе кои со тешко срце даваат пари, знам безброј случаеви кога некој ќе позајми тешко дадени пари од некого бидејќи мора, и одеднаш ќе му се поквари и колата и фрижидерот и климата. Не знам, мое суеверие е дека многу енергија се пренесува преку пари. Затоа те молам, кога ќе осетиш во срце дека треба да донираш, едноставно донирај без да превише размислуваш, интуицијата секогаш ќе ти каже правилно.
На питач во живот немам дадено пари. Храна да, и видов како заврши Јас на блиски и кога знам дека некој стварно му требаат, и душава ќе му ја дадам. Ама да бидам нечиј enabler нема никогаш. И има правило дека ако сакаш некој да ти верува, треба да бидеш искрен без да те прашаат. И операторите бараат потврда од доктор за да отворат линија. Колку безосетно од нив. И ајде за нив ќе речеш друго, болест не е е лесно. А за овие по емисии што молат ако лажат или под други околности дошле до таму, не заслужуваат ни помош ни внимание по телевизии, ич. И јас ќе пишам ми требаат, ајде донирајте ми. Ни за што, ни детали ни ништо. Ќе донираш? Јок.
Ги гледам тортиве во слаткариве ама набиле цена минатата година 800,900 денари сега 1400, 1500,.па негде и 2000 денари, сакаат максимален профит, ајде добро инфлација во ред ама да качуваш 100% цена е премногу.
одамна не сум се разбудила вака лошо а можеби е затоа што спиењето пак ми се изретчи откако ми се изнатрупаа лоши настани. и тоа едноставното на кое се надевав дека ќе биде победа се претвори во најголем проблем.
Со кого се делам воздух и имам подеднакво право на глас, ми иде и сама да си допресудам и се самозадавам.
Вчера некој ми имаше оставено кутија картонска со телефонски број напишан на неа пред врата, и мене ми падна језиво, и влегов внатре, ставив ракавици за чистење и искочив, тогаш проверив дека е празна, ја земав и ја фрлив во контејнер.. Кој и зашто би ми оставил празна кутија со телефонски број напишан на неа пред врата?
Слушнав на вести дека од 1-ви април настапува ретрограден Меркур. То се нисам надо Енивејс, јадам пак сладолед, од смокви, поради техничко-психички причини и размислувам колку јаки комшии имам. Има еден, закон човек е. Препаметен. Со се брак, деца, озбилни инженерски титули и шефовски позиции, ладно на Фејсбук си е потпишан дека работи во ФБИ Таква сакам да бидам кога ќе пораснам, heavily unbothered
Што се исподешава денеска, морам да пишам. Одам на работа со точок, работата ми е 15 минути блиску и си возам со точокот по велосипетската патека тој дел е на надолу не многу стрмно , ама надолу води улицата и наеднаш ме удара врата од кола. Колата беше паркирана, значи стои на паркингот и овој отвара врата без да виде на ретровизор дека точок поминува , лелеле сите ѕвезди сум ги избројала, до сега најголемата болка во животот мој, десниот прт на десна рака целиот крв, тече, паѓа крв капки по улицата долу. Застанувам со точокот и му викам : дечко , треба да пазиш и да гледаш на ретровизор оти одма ова си е велосипетска патека , така се паркингот колата што е, и одма точоци таа лента, па после продолжува улицата за коли, се е обележано. Му викам ќе викнам полиција, ова не може вака, шо правиме сега, крв тече, види што направи. Он на тоа одговара MIR IST SCHEISS EGAL, MACH WAS DU WILLST , со арогантен тон понашање, тоа у превод на македонски иде ИЧ КУР НЕ МЕ БОЛИ, ПРАЈ ШО САКАШ. Ми заврте грб и замина којзнае каде, ме остави а јас со крв. Одма сликам со мобилниот неговата кола, регистрација , од сите страни .И одам целата со крв до на работа оти одма на 3 минути таман ќе стасав на работа и викам на колешката, викај полиција ОДМА, значи одма у овој момент. И одам у вц да се измијам крвта и со крпа да се врзам. Иде полиција и прво вика дај пасош, вадам пасош. Гледа дека прстот ми е заникаде , плус плав, целиот подуван и со крв, ме прашува во колку саат се случи несреќата. И кажав. Прашува опиши ми како изгледаше дечкото, на која возраст, каква коса, на кој јазик ти збореше. И јас одговарам и уз пат и велам : да ми се извинеше дечкото немаше да викам полиција, ама он арогантно ми се испонаша и ме изигнорира што се осеќам дискриминирано у Германија , па да видам дали тука фунционира полицијата. Одма ми текна дека @JuLleE ја брани полицијата у Македонија, буквално на Јуле од фемина форум ми текнува , дека у МК работеле нашите ефикасно. И после проверуваа дали ми е оштетен точокот и контакт , адреса на живеење, телефон се им дадов и ми рекоа, ќе ти стигне писмо од полиција по пошта ,а за додатно инфо може пак да ти се јавиме. И викам : шо ќе биде со дечкото ? Ми велат : он ќе биде најден по регистрациските таблички и фино лепо ќе си плати казна. Тука вие што сте со точок сте заштитени со закон. Ако не дај боже ве изгреби кола , или било што се деси, СЕКОГАШ е крив оној со колата. Законот е на твоја страна оти си со точок. Бидејќи е десна рака, не можев да се потпишам, па од работа ми рече еден колега, сигурно пак ќе те викнат у полиција и имаш право да кажеш од твоја страна ама баш како се осеќаш, па додатно да го казнат ГОМНАРОТ што те изигнорирал и побегнал од местото. И еве типкам на лаптопот само со показалецот и до болница бев и преврзана ми е раката , тој дел кај прстот и се до горе до глуждот. И боловање се до понеделник , плус шише со некоја течност м дадоа за да го мачкам прстот. Иначе дојдоа 2 полицајци плус жена полицајка , ми оставија визит картичка и број на Досие за ако имам и јас некои прашања да им се пријавам. Па останува да видеме , ќе чекам писмо по пошта од полиција. Мора да го казнат копилето, па да видеме дали ич кур нема да го боли. А од ова научив дека не само на колата , морам сега да си купам камера и за на точокот и да снимам се што се дешава за ко ќе јаде гомна некој , ке им покажам на полицијата како се понашаат германциве спрема нас ауслендерите. Јас ко јадам гомна дека има дискриминација, сите мислат се заебавам а сум страшно СЕРИОЗНА
@Herrera откако ќе го најдат, ќе си поднесеш тужба и има дебело да ти отплати за тоа што ти се случило. Никој нема да ти го врати прерпениот стрес ама може да ти го надомести. Како што си пишала, да се работело за некој што веднаш ќе помогне или гледам дека е во лоша положба и јас ќе се замислам, ама на тоа што ти го кажал дефинитивно да го тужиш. Нека поминува побрзо
Не ме чуди. Во неделата шетавме со маж ми и фино лепо си паркираа коли на тротоар. Една кола ќе не собереше. А и тие со велосипеди не внимаваат. Наместо да возат по велосипедска патека, возат по тротоар. На еден дечко му застанав пред велосипедот. Му викам Ти арен си? Нели знаеш кај треба да возиш? А тој што те удрил треба да изгорат по џебот. За друг пат да не му текне да удри некој. Со помин нека е
Оние жени што сметаат дека жртвите провоцираат манијаци со облеката, отишле или одат некогаш на лекар кај што покажуваат цицки или путка? Мислам...ако голотија провоцира, значи провоцира.
@Herrera врска немам зошто имаше потреба во ваков пост да ме спомнуваш оти полиција никаде не сум бранела туку мислам коментиравме за случајот со Вања. Да, брзи беа и ефикасни. Таму слободно коментирај и тагирај ме, ама овде?! Глупости. И да, жал ми е за несреќата, со лесно да е и со помин.
Де бе Јуле, толку ти треба да се изнервираш, одма сериозно сфаќаш, мене смешно ми падна оти буквално на тебе ми текна баш на тема полиција. Тоа е муабетот, дали и во Германија е толку ефикасна полицијата како што ти цело време ја браниш полицијата во Македонија. Баш да видиме. Инаку , твој си е тој став, продолжи да ги браниш, јас имам спротивно мислење од тебе и кај мене ко ќе се спомне полиција во Македонија одма во секунда ми идат зборовите мито и корупција. Е така, без лутење Јуле, не си спомната во негативен контекст, баш напротив, ти си една интересна форумџика полна бисери.