Помеѓу секој човек и остварувањето на некаква голема желба или план, стои по некое „што ако?“ кое чека да биде исфрлено од неговите мисли.
И го упропастив колачот на мајка ми пошто и го изедов чоколадото за готвење, а со него требаше да го прелие колачот па сега ќе го крка со прав шеќер .Се изнавика жената, цел комшилук на нозе го крена. Па и што колач ќе да беше половина го изеле не дочекале да го растопам чоколадото, да знаев дека е пола колач во прашање ќе оставев половина чоколадо чисто колку да не ми вика стоко ненаситна и неа уште фучи по дома како некое бесно питбулче
Значи кога е панаѓур и има гужва не се застанува на сред пат да правиш муабет и да се поздравуваш бе човек...Посебно старите
Мораш прво да ги почекаш да се изнамуабетат, па потоа тргнуваат. А и многу ме нервира што земаат мали деца со нив. Добро, некој може нема на кој да ги остават, но некој имаат. Од земјата не се гледа детенцето, тие го грабнале и го влечат. Сега пред малце ќе согазев едно.
Сакам да кажам дека нема ниту еден ден да помине а да не се случи нешто што сите ќе не изнервира. Преку глава ми е од луѓе кои ги навредуваат другите без никаква причина.Мислат дека со право кажуваат такви тешки зборови на добри луѓе.Посакувам да беше животов поинаков,да можеш да заспиеш мирно без да помислиш на сите проблеми пред да склопиш очи и да потонеш во сон.Кога ќе се разбудиш ,да гледаш искрени насмевки на лицата на најсаканите,а не тага и солзи кои неуспешно пробуваат да ги скријат.Можеби животов и не е толку лош,не знам,но мене и најмали навреди ми влијаат многу,пречувствителна сум,за жал.Се чувствувам беспомошно кога гледам дека на некому му се нанесува неправда иако не ја заслужил.Многу боли кога заспиваш со солзи,мислејќи на сите незаслужени навреди,немањето поддршка и скршените соништа.И покрај сето тоа,трпиш и сеуште ги сакаш оние кои ни малку не го заслужиле твоето внимание и љубов.Се трудиш да преминеш преку сѐ и со лажна насмевка се појавуваш меѓу сите тие неблагодарни луѓе,прикривајќи ја разочараноста. За сето ова ние сами сме виновни,т.е.виновни се оние ладнокрвните бесчувствителни идиоти,ама не го признаваат тоа сите,нели најлесно е да се каже дека некој друг е виновенСѐ што ми преостанува е да ја кренам главата,да се насмевнам и да се надевам на подобро утре. Spoiler се извинувам за можните грешки и ширењето на негативна енергија,но морав да се искажам негде
Ете така 3та година почнува од утре Куферот е спремен, за 1 сат патувам... Оваа година се надевам дека ќе биди подобра од претходната, со поќе учење се ќе биди во ред, мојте сакат наеднаш да сум ги исчистела семестрите, џоа ова магично е така се чистеа Уште еден испит имам од 2ра, мојте не се задоволни сум можела да го исчистам, од моето невнимание и неучење, али ајде ок било ко бил 1, да не било поќе Луди се. Не можам да повервам дека до 3та стигнав.. Од утре нови соочувања со факултетот,нови чекања по шалтери, нови професори. Само за добро да е Убава недела феминки имајте, се читаме за недела дена со нови постови
I feel like shit. Песимизам и меланхолија ме обземаат штом си спомнам за сопствените амбициозни неисполнети ветувања, пропаднати замисли и планови кои секој ден одложувам да ги остварам. Мрзеливост е одговорот за се. Поточно одмор. Потребен ми беше одмор. Многу бев уморна. Да не се фини забегани појави социјалниов живот ќе ми е тотален промашај. Од типот момак кој би сакал да ме пипка ама ни под разно нема да проба да го изјави тоа, вака на глас. И заради кнедлата во грлото, во обид да го прикрие перверзниот поглед се погледа долу, несмасно чепкаше по џебови, па ми остави ненормален бакшиш. Се почудив, го одбив, сепак ги остави. Кои се моите задолженија пред мојата бифша пријателка, кога нејзиниот сегашен маж е мој пријател и ми доверува пикантерии од хомосексуални фатазиии кои не ги толкува како такви ? Па уште ме наведува да му местам некоја згодна, од другаркиве, скришум од неа. За шо бе златен, да гледате стегнати машки газиња во бели панталони заедно ? Немој не ме смеј Му реков, попучи се на фонтана уште малце, сама ќе си дојде, со смеење. Глупост на глупост натрупани, постов е рандом глупост сам по себе.
Ехх, да влезеш да разгледаш одма од нигде и никаде слушаш глас: Повели девојче ? И така нервозна ти и викаш, па еве да разгледам блузички.... И од позади ти искача со едно 10 закачалки и на нив некои ролки. - Па еве, значи ова ти е од Долче и Габана, овоа е 1699 денари, на попуст. оваа е најкупувана, последно парче ние е блузичкава, ептен ќе ти стои..Ќе ја пробаш? Офф мори жено мори не сум дошла ја овдека да ме сликаат, па извадила таму од магацин 300 чуда.. . А за следењето е башкаа, леле недај боже да допреш нешто, одма следи: - Таа е 999 денари, најнов модел е , сезона есен/зима 2014 најкупувана е, пробај си ја слободно срце, - и ти ја вади од 7миот рафт па ти ја бута пред нос. Само не сфаќам, за шо го праат тоа бе, а шо демек мислат така ќе им купам нешто, не, докажуваат дека се алчни продавачки што "професионално си ја работат работата." Замисли ја прашаш зашо е ко детектив, сигурно ќе следи: - ЕПА ДЕВОЈЧЕ КАКО ДА НЕ ДОВАЃАМ ПО ТЕБЕ, САМО ПИПКАШ, ЌЕ МИ ГИ ОШТЕТИШ МОДЕЛИТЕ. Хах, барем јас мислам дека тоа ќе ти го одговори. Не бе, или така им рекле да работаат, или сакаат да те изнервираат, или па ептен се емотивно преплашени од казната ако им украдам нешто, друга варијанта нема.
Сакам да научам француски. Еден ден да се разбудам во Париз. Да доручкувам кроасан со топло кафе, слушајќи ја Tous les garçons et les filles. Да го изгледам À bout de souffle по стоти пат. Да тргнам во прошетка на avenue des Champs-Élysées, по маичка на риги и мокасинки. И црвена баретка. И кратка коса. Со часови да ги мерам неговите тесни улички се додека сосема не се изгубам во него. Да застанам пред arc de Triomphe de l'Étoile и како прав турист да се сликнам. Да си направам мини пикник во parc des Buttes-Chaumont, како права Парижанка. Да ги истражувам Louvre и musée d'Orsay, се додека не го знам секој детал на памет. Вечерта да гледам претстава во théâtre de l’atelier. Некогаш да крстарам по Сена, а потоа да се најдам во џезерски бар. Да запознаам маж неколку години постар од мене. Со брада. Да ми запали цигара, а потоа да ми префрли зошто се' уште не сум ја прочитала Les misérables на Иго, а јас да му кажам дека го претпочитам Достоевски. И двајцата да имаме заеднички омилен филм од категоријата la nouvelle vague. И да ги сакаме Нина Симон и Битлси. И да се споиме во едно; макар на кратко, па никогаш повеќе да не го видам, а упорно да трагам по него. Одбивам да фантазирам, ама некогаш само тоа ме турка напред..
Нели имаше една формула со релативност? Е ја мозгав,ја мозгав и ја скопчав и сфатив бе! Цело време маса по она,маса по ова... Ете како: Ајнштајн вели вака за тој релативитет(значи формула): Е=m*s+n2 Е=масата по столиците пљус бројот на ногарите(ногарите се на квадрат) Просто ко грав
Не се мажете за оној кој е богат, паметен, убав и забавен, омажете се со оној кој врти уште едно кругче околу здрадата со колата за да си ја дослушате песната која ви се допаѓа на радио. Мислам дека го имам најдобриот дечко на светот.
ајнштајн го сватив ама тебе не симонке ова твоево посложено од теоријава на ајнштајн ќе да е од кај ти текна само кажи ми :geek:
Како би ја опишала мојата комшика: - Имаш презла? - А сусам? - Лелеее, а зошто немаш цела опаковка сусам? - Ај дај ми ги сите кремасти лакови што ги имаш. - Чупалицата кај ти е? - Спреј за коса имате? - 2 пецива? - Ќе може тастетурата да ни ја дадете? Дооообро, жено, добро! Земај, ама имај осет малку. 3 лакови за нокти, стојат кај неа веќе 3 недели. А мене ми е срам да и' ги побарам назад. Значи не дека сум скржава, фала Богу, комшии сме, тука сме. Ама со усул бе мајката. Мене ми станува незгодно веќе.
Колку е тешко да имаш некој толку близок, толку далеку! Животот ни мина во очекување на тие 30- тина заеднички поминати дена во една, две или три години
Секогаш кога ѝ се смеам на сестра ми за некое нејзино фијаско во домаќинството, после определен период мене ми се случува нешто слично. Пред некое време не можев да се воздржам а да не се смеам, кога видовме дека цела куќа ја исчистила со правосмукалка на вода во која заборавила да стави вода И од пусти страв и мене да не ми се случи истото, бев многу претпазлива кога и да ја склопував правосмукалката. Арно ама, кармата ти е чудна работа, па пред некое време за малку ќе ја поплавев дневната. Наполнив шише со вода (во кое не знаев дека претходно имало сјај за садови), ја ставив водата во правосмукалката и почнав да си чистам. Јас си смукам, правосмукалкава по мене си ја влечам, кога одеднаш ми доаѓа некој убав мирис. Се вртам позади, ја гледам правосмукалката целата во сапуница! Тече ли тече пена од неа, оди па сопри ја. Изгоре лончето, претече млекото работава Ме фати паника да не ми цркне правосмукалката, отишло вода и кај што треба и кај што не треба. Пред некое време наидов на статија за Desperate housewife коктел, па одма ми текна на тоа. Си мислам, сигурно го измислила некоја домаќинка после ваков неуспешен домаќински зафат. Да го имав при рака, ќе си ставев една чашка и ќе се испружев на троседот пред да почнам да мозгам што да правам...
Ок, никој не е должен да чека некој додека себично си го прилагодува времето како ќе му текне затоа што мисли дека е најбитната особа во светот! И не не е нормално да се касни по 15-20 минути ко од шала и притоа кога конечно ќе се појавиш да го поставиш најиритирачкото прашање на светов „Абе што ти е, некако ко нервозна си?“. - Не бе ништо еве, не ми се погоди временската прогноза, а и ајварот малку ми загоре. ОСЕТ малку не е на одмет! Ако пресметам колку време вкупно сум потрошила во изминативе месеци чекајќи некој, ќе испадне добар временски период што сум можела да го искористам за лежење, блеење во таван, спиење, за апсолутно БИЛО ШТО, затоа што и онака сум во дефицит со се' од набројаното. На крај краева мое си е на што ќе го потрошам МОЕТО време и колку тоа ќе биде продуктивно, се додека не умешувам некој друг во тоа. Како бе се на едни те исти денот некако магично им добива катаклизмичен тек и универзумот кова заговори зошто да не може да се стигне еднаш на време на договорен состанок? И што ве тера упорно да мислите дека некој ќе ви поверува и дека воопшто ќе го боли уво? Заклучок на денот - Од сега со безобразни само уште побезобразно, пошто друго чаре не гледам.