Можда и пошто на протести и маршови ќе видиш пароли дека феминизмот е trans and sexual worker inclusive, па гледаш феминист(к)и што упорно бранат малцинства само јер биле малцинства (има една таква наша) иако тоа малцинство е дури кхм со привилегии. Или личат на оние типични трагикомедии од модерново време на кои све им е навредливо. И просто гледаш како феминистки си ја прљаат гордоста како феминистки со вакви работи и си викаш неќам да сум како овие. Некогаш не е до феминизмот сам по себе туку до тие што го претставуваат. Мене лично голем дел од еве нашиве феминистки гласни на социјални мрежи ми се одбивни ради тие причини.
Ми излезе сеа видео на Инста од Турски фаст фуд, топло лепче со тазе помфрит, сол, кечап и мајонез... И одма ми се вратија закопани спомени од пред дваесе години, основно, чекаш да звони и трчанката да стасаш меѓу првите да јадеш леб и компири за некои 15 денари... Кој има пари, ќе се мрси со тоС. Кој нема, ќе јаде дома. Или па понекад ќе си купи леб со компири, да се почасти. И после години ќе му дојдат лиги на видео од интермет ради спомени од коа бил копиљче. Не знам као се викаше, си ви, ѕи ви, неам поим ни шо значи тоа, битно следен ручек тоа е.
Или што би рекла сестра ми, во неколку жени гледам потенцијал за добра свекрва, ама во нивните синови нема надеж за добар маж.
Кај нас праеа кифла со путер те маргарин и кечап во нејзе и тоа беше кифла за 10... поубаво нешто амин
Еднаш се одлучив да отидам у ист гејт.Ни сметка платив ни парфем не купив, само трауми набив. Прогонат мол, аман.
У средно продаваа некои тужни сирењачиња, 10 денари, па на тие тетките им текна на тостер да стиснат со маргарин и вегета. 10 out of 10, chef's kiss.
Јас го сфаќам моментот дека начинот на којшто се изјавува нешто може позитивно или негативно да влијае врз прифаќањето на луѓето. Јасно ми е некој да чувствува одбивност поради таа причина, не за ова, за што било. Јас лично не се поистоветувам со феминизам заради една личност или една организација или сл. Контроверзно или не, иако е политичко движење, како човек што не го интересира политика, искрено, не ме интересира кој што кога рекол. Единствено што ме интересира е која идеја, кое сфаќање, размислување, философија, како сакаш наречи го, ми го подобрува животот не само мене, туку и на другите. За мене ставот дека законски, економски и социјално жената го заслужува истото како и маж е најлогичен, и затоа се сметам како феминист. Не сум активист, не сум дел од ниедна организација, ниту пак активно барам „феминистичка“ содржина на социјални мрежи, туку едноставно од практичен аспект тоа ми е најлогично. Не сакам да се чувствувам ограничено/понижено во ниеден поглед заради својот пол. И да, тоа не значи дека се негираат биолошките разлики со мажите. Сметам дека голем дел од жените го сакаат истото, и заради тоа ми е апсурдно како жена да се наречеш (не ти, општо) анти-феминист, затоа што испаѓа дека во суштина сакаш да си помалку платена од маж, сакаш да немаш слобода на избор, сакаш друг да управува со твојот живот итн. Со други зборови, не мислам дека треба да се врзуваш (пак, не ти, општо) за одредена група/организација на луѓе за да си феминист, доволно е само да го живееш животот не прифаќајќи (колку што е во наша контрола/можност, нели) неправеден третман само заради својот пол, за работи кои немаат никаква врска со биолошки разлики.
Вистина, и у мое време беа прегадни тие сирењачињата, не ги можев ич да ги смислам, нит ги купував, ама затоа тостови знаеа да праат преубави. Сеа више тој вкус го нема, стварно го нема. Имаше и мали тостови знам ама ептен мали баш мини, околу 10 денари мислам беа, не дека ќе те заситеја ама меракот беше битен. Може па и дека деца сме биле и све поубаво ни било, отколку сеа. А трауми од школски денови коа збориме за храна ми беа оние преружните чипсови исто од 10 денари, ауу коа ќе засмрдеше на тоа ќечапот ко на оцет мислиш. Фуј. Ја од тогаш мислам го замразив кечапот па и мајонезот. Еве сеа да треба тост да јадам нејќам никако кечап, ниту у макарони/шпагети. Како гадни не им беа тие чипсови не знам. Право ѓубре беше, заедно со тие имитациите на Кока Кола за ич пари.
Па и која гужва беше, сто пати се покајав што ми текна да свратам. Пола саат чекав на каса во Ваикики. Иначе кој не си чистел денес, ноќе ќе си надокнади. Ама не жалам, убаво се искористи сонцето, греота е да се дреме внатре на времево .
Да научиме бон-тон: - кога седите на маса со други, чашата ви е празна и сакате да дополните, прво гледате во туѓите и ги дополнувате, па потоа својата ја полните. Ако на масата со вас е вашиот сопруг, него му ја полните исто така на крај. - гнасните ташни тргнете ги од маса, не им е таму место! Ја ставате на столчето на кое седите, зад вас! - кога некој излегува од некаде, а вие влегувате - прво тој што излегува има предност. Не глумете доминација, не сте животно! - кога сте учесници во сообраќај и пешки и на велосипед и на тротинет, не носете слушалки! Го загрозувате туѓиот и својот живот! Не глумете дека сте во спот на Наташа Бедингфилд! - Ако сте постари, прво треба да им подадете рака за поздравување на помладите, а не обратно! - кога одите во пар, машкото секогаш е кон надворешната страна од тротоарот! Истото важи и кога држите дете за рака! За второво многу пати прави да размислам дека пред да се прават деца, треба нешто да се полага!
Се сетив на уште 3 филма. Бетовен - првиот и вториот дел. Многу ми е слатко кученцето. Какви штети им правеше. Флинстонови - кога работеа на каменоломот. Палавковци - незаборавниот Алфалфа. Најсмешна сцена ми беше кога му ставија сјај во водата. Серија Беверли Хилс - првите 4 сезони беа ок. После тоа
Ја зачитав темата Дали колнете и која ви е „омилена“ клетва? Фоумџиките у стил, ааа не, јас не колнам, ау мау нема шанси, нит колнам нит пцујам ....... А од друга страна ја отворив темата со Данка и какви грди зборови се изначитав баш од тие што викаат дека не пцујат и не колнат у реален живот. А ваму на форумот масакар прават со грдите зборови. Тоа е се што треба да се знае п.с. има исклучоци, 2-3 форумџики си стојат на збор , останатите форумџики и мајче и шајче, се по ред Сега да се префрлам на темата за ќотек како беше, баш ќе ја пребарам да видам дали форумџиките поддржуваат ќотек. Оти пак се враќам на темата за Данка , актуелна е и таму цело време се потенцира , мора ЌОТЕК, да ги згазат од ќотек, плус коментари од типот така и на нивните најмили да им прават , потенцираат значи да ги измачуваат деца, внуци на оние монструмите што така и направиле на Данка. Ај да се префрлам да читам дали форумџиките стварно поддржуваат ќотек или се против Или имаме глумици на форумот или како вее ветерот така и тие со него.
Прво, зборам у глобала. Друго, да си кажам уше у старт, ја сум против војната у Палестина. Гајле ми е шо Израелците биле Божји деца, шо се вегани/вегетаријанци и шо пробал Хитлер да ги сотре пред 100 години. Ебате изговорите. За животи се работи, правите исто што и вам ви праваеле. Вие сте новите Нацисти. Од друга страна, ја сум атеист, и од сите религии у 21 век, вакви секташко - милитантни религии и/или нивни подсекти и разграноци ко шо се денес претежно Исламот и Јудеизмот да не речам мрзам. Поштувам да си веруваш, молиш, калањаш, јадеш- не јадеш, да носиш фустан и бурка или перика врз косата и само бакембарди, али не и да ми кажуеш шо да праам, да јадам, да ме малтретираш, напаствуваш и колеш. Овие увек бараат соживот коа се они у прашање, али за другите не им чуе. У факинг 21 век. Е сеа, околу третото, од кога почна војнава, има некој тренд, ова од мое лично гледиште, десничариве се поише против војнава, него ли левичариве. За левичариве, искрено запрепастена и изненадена... Али, за десничариве, коа боље ке размислиш, и не баш така чудно, зашо се претежно муслимани - па жалче им паѓа, али да ги требеа Палестинците Евреите, немаше ни да им чуе. Или па другиве не сакаат нивните држави да даваат пари за туѓи ратови. За нивни ратови може, со пиштолите на гајтан се, али вака ноу, ноу, ноу. Најбитни се личните интереси. Морал нула. Луѓе. Човеци. Паразити. Значи, ако бираш политички, или било каков правец у животот, и ако се што ќе ти кажат веруваш, се сложуваш со секоја една постапка и мислење, немаш ништо против, немаш ни една замерка, ондак сори и ти си уште една овца. Ако не се слагаш со некое мислење, само поради тоа што доаѓа од другата страна, исто. Ако не се слагаш со мислење од својата страна, али си ќутиш оти си се фатил за орото, исто. Чим ни еднаш не си се запрашал за нештото, па и да си грешка, исто. Не кажувам, нит сметам дека сум во право. Ова е само мое мислење. Ама ми смета, и ми е жал, колку интелигентни луѓе, и млади и стари, особено растени во да речеме привелигирани, западни земји, небитно на кои групи, религии, убедувања припаѓаат, гледам дека потпаѓаат под идеологии и прават идоли од обични смртници со дискутабилни морални вредности, и им се гаси критичката мисла. У 21 век. А можеби па тоа значи да си човек, и тоа е главната карактеристика што не прави луѓе. Освен тоа што имаме свест. Е сеа, зашто ја иаме, тоа у некој друг живот.
Возрасни жени ти паламудат дека е сасвим нормално она оставање куќа на синот и бркање на ќерката. И све океј дур не сфатиш дека куќата која некогаш биле на твои баба и дедо ти е не само туѓа туку и непозната и одвратна зашто мудоносачите од фамилијата наследиле све. И како од глава ти се бришат сите убави спомени од таму. Одиш ама сѐ е изменето, некогаш си бил добредојден (не си бил), сега си туѓинец, а ни тоа веќе не си. Некој добил кров на изволте, друг си го испотил газот за нешто што не е ни негово на тапија. А одиш кај член од фамилија на партнерот и таму ти викаат дека си нивен човек и не си гостин и имаш слобода и кога сакаш да отидеш. Ама не ми била она баба, како сум смеела луѓе од моја крв да не сакам да ги видам, ама некоја туѓа баба да сакам како своја. И си викаш ама чекај, женава нема син. Исто ли ќе беше да имаше син и снаа? Можда, можда и не. Дм е единец и не можам да замислам ако имаше сестра, моето дете да добие сѐ, а тоа на сестра му ништо. Моето дете домот на баба да му биде дом, а на тоа другото да му биде затвор. Ама секој со совеста...
Ко ќе ми речат, МАЖЕНА е она, нема време за другарки. А и пулс дете (10). Ма, немој. Па и уште ми ги правдаат бе. Секој има 5 мин во денот ако сака да пиши, како си, не барам некој за да одиме во вселената.
Оти се замараш со мажени не мажени, не ми е можно нештово цело време те читам со то че почнам да те сонувам.