Пошто многу праев поштовање и добив 0 од нејзе за моето почитување. Ми кажува после, јас сум мажена, ќе те видам тебе ко ќе имаш маж.
Не се замарај. Не вреди. И јас имам познати кои откако се омажија, ги снема. Ни да пишат, ни да се јават. Обврски имале. Аха, ок. И јас имам обврски ама не сум како нив. @Gosh ме потсети кога во основно купувавме помфрит од 15 денари. И тоа во фишек. Па и сендвич со помфрит за 30 денари. Тоа беше пред повеќе од 20 години. Убав период ми беше и кога купувавме сончоглед и семки за 10 денари. И тие беа во фишек. Мастики на парче, степ дринк, мастики со тетоважи, сокчиња со цевка..... Пред екскурзија ги полневме ранците. Ја игравме играта врти шише. И тоа со соучениците од одделение. Леле кога ќе ми текне кого сум бацувала. Во маало игравме љубовно фото. Па и со тие од маало се бацував. Ми текна и на првиот бакнеж. @Herrera и јас колнам. Ама дома. Срамота е да ја кажам клетвата.
Сакам машко другарче. Без скриени намери. Постои? Не знам. Само ми фали таков вид на љубов. Од женски другарки дигнав раце.
Имајте сите убава работна недела исполнета со хармонија и запомнете дека не треба да се нервирате за работата бидејќи денес ако дадеме отказ - утре ќе вработат веднаш нов.
Некогаш многу малку ми е доволно за да сум среќна, како на пример апликацијава: Spoiler Можам цел ден да седам и да гледам.
Jas imam drugarka so sme.stvarno bliski eve skorp 10 godini, koga ima potreba za islushuvanje, pomaganje i slichno.. postoi takvo od srce vi kazhuvam nikogas nemam razvieno neshto povekje cuvstva da bidi povelje od drugarstvo.
Ехх си се Фтерал уште од сабајле во 7 и пол во маркет, пензионерски, си ја наполнал количката до врв... Изгледа опсесија ти се маркетите и производите тебе т.е. наоѓање маани низ нив
Знаци дека некој не е среќен. Суптилни негативни коментари се, ама кога човек се ориентира прво на негативното, него ли наајпрво да се израдува и да честита кога пријателот споделува со него убава вест, значи дека не е среќен. - Имате нов дечко и му кажувате. Првиот коментар е: Низок некако изгледа, ти си поубава. - Имате нова работа. Првиот коментар е: Зошто договорот ти е на 6 месеци, а не на неопределено? Знаеш дека може по 6 месеци да те отпуштат, така. - Сте закажале свадба. Нивниот прв коментар е дека биле во истиот ресторан на свадба некогаш скоро (пред 20 години) и храната и вентилацијата биле ужасни. - Сте купиле кола. Имаат некој 10ти братучед што го има истиот модел и наводно многу троши (успут не знаат кубикажа на моторот на својата кола, ама сите негативности на вашата веќе ги знаат). - Сте купиле стан. Одеднаш сите што купиле стан во истата зграда нив му се колеги, познаници или роднини, и по некоја случајност сите се незадоволни од становите. - Сте започнале бизнис. Сите црни сценарија и прогнози на тема економија ги имаат. ...и така натаму. Ваквите коментари прават се поретко да разговарате со несреќниот човек, не ви е пријатно да споделите како сте и што ви се случува во животот, и на тој начин се дистанцирате и познанството бледее. И да, можеш да се расправаш ама не вреди. Пошто самата нивна реакција укажува на зајадливост, ти можеш до утре да се докажуваш дека си ја направил правилната одлука, ако не се среќни за тебе (и немаат објективна причина против), толку, овде се губи блискоста. А ако сте од другата "несреќна" страна, енергијата насочете ја кон справување со несреќата додека се уште имате пријатели.
Имам чуство ко се да е кажано (ама не и дослушнато од сите). И овие шо не дослушнале ко изгубени у простор и време во временска јамка. И си се вртат така во безтежинска состојба. И си живеат во минатото. Не знаат кај тераат па од досада додатно си измислуваат козметички проблеми и дискусии за исти. Притоа и во #делулу за моментално стање нације, и без меморија/регистрација што се издешавало у меѓувреме. Ај и ќе воскреснуваме стари дискусии по 180ти пат, да се врти едно те исто чисто ради фатаморгана за прогрес што да не. #equality Ама и се е супер. Ама и не спомнувај тоа шо не е супер. Понекогаш се прашувам дали луѓево стварно се до волку, или само се прават. А понекогаш ми текнува шо е, и се ми е јасно... зошто се работите таму кај што се. Не мрднати од мртва точка нормално. Што више само на полошо ко да иде работава. Ама можда и ствар перспектива е. Ама и се чека месаја во меѓувреме, нормално ко што наликува. Во меѓувреме се е супер. Ова више малце ко да здосадува брате. И(недоктронирани) 5годишни деца можат подобро да резонираат. Што више мислам треба повеќе да ги слушаме нив. Aј среќно еклипса или како год! И не заборавајте #dontlookup
Me zatera nekoja nesrejcha mi javuvaat od doma tatko mi padnal od visoko na glava, a ne mozham da zaminam od ravota do5 casot. Mu zvonam.vika aren e
Многу време требаше да помине за да научам како да ја сослушам негативата од луѓето, ама да не дозволам да ми влијае. Чудно ми е колку злобни луѓе има, за среќа во приватниот живот немам такви, но на работа... Кој ти кажа тоа да го направиш? А зошто? Од каде пари за да одиш таму на викенд? Секој ден нови чевли? Леле леле нова ли ташна пак? *мизерно, туѓа срамота ме јаде*
Пашто би се рекло не е секој ден еклипса комета комбо. Иначе кога сме веќе тука. Да не ја барам темата за апокалипса, пред се зашо беше баш... апокалиптична. А мене друго ми е зборот. И не знам дали има ваква/слична. Дали сте го гледале филмов? Дејството се одвива на последниот ден на Земјата, пред да ја удри метеор. Дали сте размислувале на оваа тема, што би правеле да знаете со сигурност дека ви е последен ден на Земјата? Со кого би го поминале? Кому би се извиниле, расчистиле нерасчистени ствари ? Со кого и каде би ја дочекале последната забава за last hurrah?