Еве и српскиот и хрватскиот јазик се разбираат. Зошто ниту еден Србин или Хрват кога ќе дојдат тука не зборат на македонски, туку си зборат на нивен јазик?
За ова многу ги почитувам. Така и треба, така и ние би требало. Идеш у Србија абе збори си нашки, ем за инат ем цени си се ама не бе, не е интересно, знам. Знаеш ја и некогаш се нервирам што толку србизми имаме во нашиов јазик посебно во скопскиот дијалект. Кумановскиот исто. Што убаво би било литературно да се зборува ама навика пуста.
Од словенскиве народи па и општо другиве, само ние не знаеме да си го цениме своето, гледаме да му удоволиме на другите. И не само србиве, туку општо сите, бугариве, русиве, украинците, сите пишуваат кирилица и општо и виртуелно на интернет вака сите си тераат на кирилица. А ние? Латиницата ја форсираме упорно, и србите со латиницава нешто забегуваат, изгледа од нив ќе ние и тоа зошто многу србизам има во народов и проспрски е насторен, ама тие бар говорот си го држат, а ние ни едното ни другото. Исто во 3та средно на ексурзија, Италија и Франција, и сеа те гледаат дека си странец, му зборуваш на англиски, ич не те фермаат ни италијаните ни французиве, само италијански и француски, и сакаш нејќеш со мимики ќе се разбериш некако кога нејќи на англиски. Ние да сме и да можеме секој јазик ќе го прозборуваме.. и жално е шо се шири ова како да го наречам не знам, со голема брзина особено кај нас младиве, особено кај тинејџерите и поновиве генерации...
Добро, сепак дијалект е, не можеш да искорениш и да сакаш. Пораснати сме со дијалекти. Овие сами си усвојуваат јазик, англиски конкретно. И мислат дека се у филм, знаеш као.
Ова не знам зошто е вака, еве мене, а и на многу други полесно ми е на латиница, полесно за пишување на тастатура, дека нели побрзо иде. Друга причина неам зошто ја користам. Ајде овие се инаетат и се праат националисти, не е дека не разбираат. Шо знам ниту нивново не е океј. Добро е јазици да се учат и да се знаат ама да не забегуваме како што праиме. Тоа е поентата. Не ми се допаѓа ич што упорно се форсира туѓото, а нашето се потценува.
Јас во Германија ја прашав продавачката на англиски за број, ми сврте глава и не ми одговори, мм нешто знае германски, ја праша на германски, и веднаш ми донесе.
Аа постарите во Германија нема шанси да ти прозборат англиски или на некој др јазик освен германски. Нема врска дали се германци, и овие другиве се замислуваат германци и истото го праат. Помладите се океј. Сите разбираат англиски, и да не разбираат ќе те услужат.
Мене една турчинка така ми направи.. и барав алуминиумска фолија а она се намршти и замина. А и реков АЛУМИНИУМ, да не беше така и на германски, ќе разберев ама....
Акцентот не си го погодила, за да те разбере Мене со турци автоматски ми иде турски да зборам, ама пустото само тешеќур знам Али, пробај следно битолски, чакмак, сокак- може ќе се разберете
Да бе, сокак. Да помислат оти ги викам на секс во некој сокак. Шо да им велам.... Бујрум на сокак, ним ч'лм оти с'кн.
А зошто во Македонија бараат англиски јазик во некои бутици? А во Германија очекуваат туристите да знаат германски? Можеби затоа што англискиот е официјален јазик, па затоа. Кажи еве, требаше да и се обратам на германски? Значи сити туристи мораат да знаат германски. А во Македонија туристите треба да им се обраќаат македонски на продавачките или на англиски? Едит:тоа и беше темата, само ние не си го цениме јазикот.
Лично срби ми имаат кажано дека не разбираат македонски, особено ако им збориш брзо (или за нас, нормално). Јас секогаш им велам, лесен е јазикот, немаме ни падежи ни бутур. Од друга страна па на пример ние не разбираме словенечки а божем блиски јазици. И многу македонци не разбираат бугарски, а исто се слични јазици.
Немање смисла за хумор или непрепознавање на хумор и сарказам се показател на или ниска интелигенција или ментално растројство. И при тоа не се мисли само на примитивни шали. #facts https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0010440X19300720 https://psychologyinrussia.com/volumes/index.php?article=3054 https://www.google.com/amp/s/phys.org/news/2021-10-ability-humor-linked-higher-intelligence.amp
Незнам дали е до мене, дали ми фали нешто или незнам што, ама секогаш пред испит јас вечерта морам да спијам со книга под глава и незнам зошто мислам дека ми помага ова
Бараат англиски пошто се праат енглези. Германскиот јазик го говорат 80 милиони жители, не се туристичка дестинација и све на телевизија, отсекогаш, било синхронизирано на германски. Истото важи за поголемиот дел од Европа, со исклучок на скандинавија. Никакво филмање нема, или не знаат, или ако знаат поарно да не зборат англиски, пошто секако нема да ги разберам. Еднаш, во Шпанија, кажуваа нешто на разглас, поише разбрав од тоа што француски збореа, отколку од англискиот. Инаку француски знам скоро па ич.
Па добро, ама еве ние сме учеле повеќето англиски, ретко некој германски, сега повеќето одат на курс по гермснски, убаво е да знаеме повеќе јазици, и јас кај и да е ќе се запишам да учам германски, некои сакаат да учат германски, некои од што мораат, ако сакаме во Германија ќе мораме и јазик да знаеме, друго е туристи. Муабетот беше дека никој не си го потценува јазикот, не на кој јазик треба или мора.