Melanholii me fajca od vakvo dozdlivo nikakvo vreme, edinstvena motivacija mi e so utre mi e sloboden den.
Можеби е до мене и не разбирам, ама што се постигнува со огромниве крстови (и шта год и да поставуваат муслиманите) низ земјава, константно? Се подобрува ли животниот стандард, се намалува ли корупцијата, сиромаштијата, се подобруваат услови во болници, што позитивно се добива со трошење стотици илјади евра на крстови кога имаме милион поприоритетни работи во кои треба да се вложува?
Не знам која му е функцијата, ама пораката е таа- прекрсти се/помоли се, јер уште тоа ти остана, во контекст на погоре наведеното. Не знам што ќе праиш со националното знаме, развиорено на куќа- ама и тоа се дешава. Колку повеќе знамиња, толку ти е јасно колку е саатот
И јас сум верник и мене ми е мило да има обележја ама тоа да биде еден два некаде на место каде прилега а не на секој кружен ток по цело Скопје И што фајде од тоа ако ги има насекаде, сепак со тие пари што ги перат подобро да изгради некоја градинка, болница секако ќе биде од поголема корист.
Маркирање на територија ти е ова. Као, до тука е ваше, од тука е наше. Па како ти што нема да отидиш да живееш во место каде што на 500 метри имаш 3 џамии и оџата ти пее секое сабајле преку звучник, така и тие нема да отидат да живеат каде што им свети крст цела ноќ. И, ако некој рече дека ние сме прости и заостанати, нека отвори мапа на Европа и ќе види региони каде што се гранат масивно џамии, и региони каде што се градат масивно цркви.
Се сложувам со твојата теза дека можеби е маркирање на територија или повеќе покажување мускули меѓуетнички Ама градењето цркви и џамии кои симболизираат верски храмови каде одат верници свеќи да запали или да се клањаат баш нема врска со крст изграден на кружен ток кој симболизира украс ниту е храм ниту некој ќе застане да се помоли
Во ред е и тоа да се изгради. Али и ова не е лошо нешто. Освен тоа, подобро е да се свртат кон крстовите што ги градат место казина да отвараат. Тоа е од другата реалност, за жал.
Јас искрено се надевам дека не е ова причината, туку дека ете многу се религиозни па решиле да изградат крстови од стотици илјади евра. Тоа што го кажуваш ти е сегрегација, и е заостанато дефинитивно. А што да правиме ако некои од нас нејќеме да живееме ни кај шо има 3 џамии ни кај шо има 3 80 метарски крстови? А најмалку пак можеме да се споредуваме со Европа која може да не купи како држава, ништо не и значат таму 100.000 евра на државите, како кај нас, кои немаме апсолутно ништо функционално.
Да не се разбереме погрешно јас ниту реков дека е лошо ни дека не треба да се изгради баш напротив ама во нормални граници и каде му прилега место
Причината е едноставна перење пари од двете страни и евтини политички поени Во многу населби каде има крст и џамија живеат и Македонци и Албанци и Роми Турци
Има доста места каде до црква се населени муслимани, ама баш до црква. Пример таков има во Тетово, во градот, црквата Свети Кирил и Методиј над плоштад. Пример, црквата Света Петка, во кумановско Бедиње, опколена е со муслимани. Мислам дека е останата само една македонска куќа околу храмот и тоа на продажба.
Секако дека е тоа причината. Да не се правиме слепи и глуви при очи и уши. Се знае што се случува кај нас со години. А зошто се градат крстови наместо цркви, е затоа што треба да се финансираат тие цркви. Не е исто да дигнеш железо и да го осветлиш, и да направиш храм, посебно кога немаш трети држави зад тебе кои ќе финансираат таква градба. Нема такво место на планетава каде што немаш џамии, крстови, цркви. Умреа комунистичките држави одамна. Можеби во Кина, Тајван и околината да се преселиш би ти било нај идеално, иако и таму се фрлаат милијарди на будистички храмови. Разликата е што ако живееш околу крстови можеш јавно да критикуваш зошто се градат, зошто не одат парите на други места... Доколку живееш околу џамиите не смееш да критикуваш зошто се градат додека луѓе горат во болници и автобуси.
Јас нигде не сум видела да се гради масовно, значи ни згради а особено не џамии и цркви. А ја возам пола Европа бар еднаш годишно. Шуќур, можда во другата половина на Европа се дешава тоа, ама појма немам кај би било тоа
Не ти паднале во очи, затоа. Во Германија беше, така? Џамии во Германија: Од друга страна ова се цркви во Полска.
Баш се обидувам да ги избројам Дајте линк до конкретната мапа, очи ми истекоа Значи, до 2017 од 1946 има 4000 цркви изградено во Полска. На 40 милиони, рачунај. Јас во забит живеам, жими една нова станбена зграда во последни 15 години. Другото све глупости, обиколници, мостови, автопати, нови клупи во паркови...и само трева косат. Безвезе скроз
Можно е зашто парите се трошат за убави работи. Лошо е ако истите пари ги потрошат за градење казина. Тоа е разлика голема.