Колку е прекрасна вечерта кога светлото ке го изгаснеш ,кога ке си го уклучиш комјутерот си пиеш топло чајче со мир во душата со исполнетост и безгрижност .Вечетра си има посебна убавина ,не велам дека денот не е убав ама некако си имаат различна убавина и атмосвера .Човек треба малце да се пронајде себеси во тие часови да си поразговара самиот со себе .Имајте добра ноќ феминковци
Нек се пее, нек се пиииеее! Машко ороо нек се виее! Денес не знам што ми е, од сабајле само свадбарски песни пеам. Како некоја нетокму сум. А па ич не ги сакам, ама ете, заразни ми се. Ми се затвараат ролетните, а абер немам. Утре на сестра ми и’ е роденден, сигурна сум дека ќе се израдува за тоа што и го купив. Па всушност, се утепав барајќи чанти, парфеми, ланчиња и на крај, како што и препоставував и’ купив книга. Најубаво според мене. И тоа од Николас Спаркс. Сигурна сум дека не сум промашила. И така. Имајте добра ноќ, а утре со полни батерии насмевнете му се на денот. И да. Удри дајре до сабајле, весело да биииидее! Давај срце, душа ајде, мерак да ми минее!
Сакам да поминат овие лоши денови... Лошо е кога никој не те разбира, а ти упорно се обидуваш да пронајдеш излез од ваквата ситуација. Порано ја мразев есента, ама сега некако почнува да ми се допаѓа.
Овааај.... Мајка ми од неодамна има скајп, обуката за негово користење ќе започне допрва али веќе тој си постои и она знае. Најавена е се фино лепо, направено да се стартува скајпот кога ќе се вклучи самиот компјутер оти ако земеме да ја тупиме со лозинки и не знам ти што таму знам до никаде нема да ја дотераме , и сега нели секој ден вклучам компјутер, се вклучи нејзиниот скајп, оп понуда од некој средовечен господин... следниот ден, оп нова . И лични бре, баш претставителни чичиња :geek:. Па јас онака брзо брзо, не само да ја одбијам понудата, абе блокирам сместа и си ќутам нормално оти кажала - не кажала исто му доаѓа. Мајче нит спика енглески, нит нешто посебно и врви да типка по тастатури, а башка што и зафатена е више, кој ја ферма американава по скајп, златен тато ем комшии си биле. Си викам бре мајката, скајпот на женава постои неколку дена, ни слика има , ни бутур, понуда врз понуда, а мојов ќе 'рѓоса од што никој не го погледнува (а ем со слика и се пропратно, башка чинам и не сум лоша на сликата ). Сега немој да си мислите дека умирам за некој да ме додаде на скајп, чисто спомнав во контекст на муабетот.
Онаму каде се носат крзна, волни и кожи, бунди до глужд, шубара, ракавици од зајак, мерино чизми и лисица на вратот, онаму каде да немаше водка која се пие како вода, најверојатно би почнале и живи мечки на грб да се носат... е баш таму, се најде едно младо и наивно девојченце кое си ги издаде телото и душата под кирија и многу ефтино продаде работи кои никогаш нема да може да ги врати на оние кои се појавија во нејзиниот живот тогаш кога беше најранлива и живееше во тешка заблуда. Веруваше на секој проклет збор дека светот ќе биде во нејзини раце и спремна беше на се за да го добие она што очајно го посакуваше, направи се за да биде забележана од (за неа) една супериорна личност на која и се восхитуваше и сонуваше да биде како неа, а според начинот на кој ми зборуваше, тој сјај во нејзините очи и сите тие (не)случајни допири - верувам дека силно ме посакуваше онака како што никогаш не ме доби. Не успеав да ја запрам и следеше болна, разочарувачка слика каде белите чаршави на креветот беа извалкани со неколку дамки од вчерашните случувања, малку вино, малку крв и гола девојка во креветот. Прекрасна слика за господинот што седеше на столот неколку метри подалеку од неа и ја извади цигарата од уста за да го издува димот, набљудувајќи го нејзиното нерамномерно дишење, ја стави цигарата полека во пепелникот и почна да си ја допира устата со прстите додека големите очи шетаа по нејзиното тело. Можеби размислуваше да стане од столот и да ја погали, повторно ја зема цигарата, ја погледна и ја изгаси. Никогаш не сакаше да ги пуши цигарите до крај, скоро ништо и да не правеше до крај, дури и кога земаше нечија невиност како претходната ноќ, тоа не го направи до крај бидејќи мислеше дека е беспотребен напор. Но сепак уживаше, како што не уживал со ниту една девица до сега, оваа висока, слаба и црнокоса девојка страшно многу го потсетуваше на времето кога беше млад и заљубен, а неговата прва, една и единствена љубов беше многу слична на оваа девојка која лежеше на креветот. Всушност... за жал и двајцата посакуваа и беа заљубени во една иста ладнокрвна, затворена и по малку одмаздољубива личност која никогаш повеќе не ја видоа. Сеуште ме боли денот кога од мајмунот направија човек, а од друга страна, денот кога се изгуби и она малку човечко што беше останало во мене откако ми го земавте и уништивте тоа мало девојченце кое е мојот непребол. Денес, а и секогаш кога слетувам на аеродромот во Санкт Петербург ми се насолзуваат очите и почнувам да плачам. Сега знаете зошто. Имам еден стар долг, можеби дојде време да го наплатам. Сега сме веќе големи, барем така си мислам.
Признавам дека депресијата во придружба со осаменоста конечно ме надвладеаа. Иако веќе доста долго време вршев репресија на чувствата, луто одмавнувавјќи со главата при секоја нивна шлаканица. Моја претпоставка е дека направиле заговор против мене, веднаш штом го насетиле моето крварење, па како ајкули испливаа со своите остри заби одгризувајќи вредно парче од душава. Но, сама сум си виновна. Кој ми е виновен што додека бродот тонеше, јас наивно се потпирев на него како птица со рането крило, држејќи го белото знаменце кое денес конечно решив да го фрлам наземи? Ете, како резултат на вчерашното збиднување, сфатив колку сум всушност уморна, измачена празна и безволна. Дури посегнав и по розовите таблетки за смирување кои претходно толку ги критикував. За овојпат без размислување ладнокрвно да проголтам две од нив. Добро друштво ми беа и праволинијата кои ги создаваше димот од цигарите, не велам не... Така безгрижно танцуваа во етерот дур ги испафнував со брзина на светлината додека во меѓувреме водев војна со разумот. За на крај стуткано да се вовлечам во креветот, и онака, истоштено да го прегрнам ќебето небаре тоа ќе ми ја овозможи потребната потпора. И по не знам кој пат кога ретроспективно прелетав, дојдов до заклучок дека сите сослушувачи беа присутни само тогаш кога ним им беше потребно сослушување. За разлика од сега кога ги сменивме улогите, само ги гледам како мафтаат од далечината носејќи ги во неповрат подарените рози во куферите. Но ете, не знам ни сама како, некако смогнав сили па решив да се олеснам преку пишување, во 7 часот наутро. Што е само показател колку не можам да имам мирен сон поради претрпената загуба...Патем ми прелетува уште една мисла во главата, а тоа е - да можев да го сменам рувото за да биднам птица макар на еден ден! Па дури и со тоа рането крило да прелетам во тие топли јужни краеви каде нема да мора да пијам какао за го надвладеам студенилото кое се шири низ вените. Дури давам свечено ветување дека никогаш не би се враќала назад во гнездово да мора да откопувам болни спомени...
Си пејам јас "излазим из твога стана уплакана,уплакана" И ми вика брат ми,еј пуштија да се посмееме. Брат мене песнава ама ич не мие смешна И него не би му била,да е во мојава ситуација.
Сакам да кажам дека секој ден сум на форумов ама не ми се дава да напишам нешто, ама кога ќе почнам да пишувам, сите теми ќе ги поминам И уште нешто, ако времево може да се понаша како зима и јас можам да носам чизми во септември.
Не знам за вас, ама јас денеска вака... сабајлечки, да го фатам денот, го почнувам со чаша Џек, зашто петок е, а неделата која изминува не беше една од најдобрите во кариерата. Згора на тоа, следната ќе биде слична, па денов го посветувам на уживањето. Приквечер гасам и телефон, па ако сака и светот нека се сруши, а не работата. Туку, ве читам... ве следам на темава и многу слатко ја направивте трансформацијата од енормна радост за есента, чајчето, ќебенцето и филмовите во трагична меланхолија од ладното време, дождот, умирањето на лисјата и заоблачувањето на сонцето. Мхм, на Инстаграм сите слики се убави, ама во реалноста за ајварот треба да се зашлакаат рацете, а за да и се добредојде на есента треба да се извади она парче душа со јадови и стравови. Стравови од осаменоста која ја носи студот, ладниот северен ветер, мразулците од покривите маскирани во скопскиот смог... Тоа е есента, прагот на зимата, тремот на големата куќа на годишните времиња каде преку лето уживаме во удобноста на домот, но преку зима мораме да излеземе надвор за да нацепиме дрва додека не мава виулицата и ни ја носи зимската капа со ушиња на страна. Убавото е што кога не би изглеле надвор на студот, никогаш не би уживале толку многу во топлината на дневната соба. Таков е и животот целосно, всушност. Така е и мојата недела која измина, зимска, ладна, со студени лица кои безмилосно би го затрпале со земја нашето мртво тело како двочасовен снег што ги прекрива гробиштата на средината од јануари. Сурови зимски лица, без еомции, без човечност, без топлина. Тие се мојата зима вчера, чашата Џек е моето лето денес.
Бели фармерки + дожд. Отсекогаш сум знаела како да се облечам (и зашљакам) според временските (не)прилики.
Уште четири дена ! и конечно ке те прегрнам. Јас знам да ги ценам деновите бидејки знам колку се тешки и не минуваат кога не си тука , но знам и како времето толку брго минува и е без ценето кога си до мене. Јас повеќе и од 70 годишен човек знам колку вреди ова време , колку бргу минува , како понекогаш застанува и никако да продолжи , бидејки баш јас ИМАМ ТОЛКУ МНОГУ ЧЕКАНО ВО ЖИВОТОТ. Заспивано со твојта мајца припиена на моите гради. Заспивано со твојата слика во моите раци. Читајки ги твоите пораки ( оние кои што се читаат по 100 пати). ме има будено сон како си пристигнал , ме има разбудено силната желба да си до мене. АПЕЛ ДО ОНИЕ КОИ СЕ ДВОУМИТЕ ЗА ВРСКИТЕ НА ДАЛЕЧИНА БИДЕТЕ СТРПЛИВИ АКО САКАТЕ НЕКОГО. ВЕРУВАЈТЕ ВО ВАС И ВО ВАШАТА ЉУБОВ. ВРЕМЕТО И КИЛОМЕТРИТЕ СЕ САМО ЗБОРОВИ КОИ СЕ МЕНУВААТ. ЈАС ВЕРУВАВ ВО НАС, ВО НАШАТА ЉУБОВ И УСПЕАВ. ИАКО СЕ УШТЕ СМЕ РАЗДЕЛЕНИ СЕПАК ЈАС СУМ НЕГОВАТА ЖЕНА СЕГА, И УШТЕ МАЛКУ ЗАСЕКОГАШ КЕ БИДЕМЕ ЗАЕДНО. НИКОГАШ НЕ СЕ ОДКАЖУВАЈТЕ МОЖЕБИ ТОЈ ШТО Е ТАМУ ДАЛЕКУ ОД ВАС Е БАШ ПРАВАТА ЉУБОБ А ЗА ПРАВАТА ЉУБОВ ВРЕДИ ДА СЕ БОРИ И ПРОТИВ ВРЕМЕТО И КИЛОМЕТРИТЕ И ЛУЃЕТО И СЕ. СЕПАК ЉУБОВТА ГИ ПОБЕДУВА СИТЕ ГРАНИЦИ !
Еднаш едно време си беше едно девојче. Се викаше Невер, но нагалено ја нарекуваа Невка. Еден ден, беше болна цел живот. Мојата животна приказна на кратко. Смачено ми е да се мотам по болници цел живот.
Обожавам есен, ама ужасно мразам намрштени луѓе, напикани во колите, изнервирани од дождот, од гужвата, врскаат по жените, жените врскаат по мажите, заедно врескаат по децата, каснат на работа, нервозни се оти каснат на работа, од нервоза истураат кафе по предметите, се нервираат за предметите, шефот се нервира оти се мутави, му ѕвони жена му, и вреска нејзе оти му ѕвонела, оваа паѓа у депресија оти не ја сакал веќе, и кука на мајка и, оваа на комшиката и сите имаат мизерен ден оти никој не сфаќа дека е сосоема нормално на овие меридијани и оваа местоположба да има пролет лето, есен и зима, и дека има дождови и сончеви денови и дека ако заврнало, не пропаднал светот. Како може една промена на време да значи дека цел град ке биде со лошо расположение, оти им се навиткала косата(вау, демек со права беше поубава), оти се испрскала на панталовите (пази да не те врати ебачот оти ти се испрскани), и да се цели намрштени оти им студело. А што сакате во есен, 40 степени?! Свирење со колите оти доцнат, пцујат преку прозор, колнат, напнуваат, а се ке решат ако мрзловците станат 15 минути порано и тргнат порано. Ама не... има да се спие до последна минута и да се драпаат мадиња, за да се стаса точно во 8 на работа. Никако 5 до 8. И после сакаме Америка да сме биле... Ние за втора смена на работа касниме и се успиваме. Ние сме толку ебено мрзлив народ, што 2 километри пешачење до работа ни се како Монт Еверест. Умираме од срцеви болести и после викаме, од нервози. Да бе од нервози и тоа што не мрдна со газот да пешачи, да го качи Водно, да оди пешки до фризерката, оти не трошиме масти и ни се таложат на вените и артериите и имаме срцеви и мозочни удари. Оти одиме да топиме целулит лежејки додека не галат, место движејки. Оти умираме од рак на грло на матка, оти срамота е комшиката на 40 години да те види на гинеколог. Оти умираме од рак на бели дробови оти пушиме по 3 кутии на ден, ама крив е воздухот. Оти трошиме по 100 евра месечно за цигари, ама немаме пари за децата. И времето е убаво, убава е есента, дождот, жолтите лисја, ветрот низ косите, а ние сме одвратни со површноста. И ајде од почеток - лелелелелелле алергии во пролетттт, мразам пролееттттт лелелелллелее лето, па прежешко, па никогаш не било вака жешко лелелелеле лелеллелеле есеееен, мразам дожд, па нема смисла дожд секој ден лелелелелел зимааааа, преладно е, никогаш не било вака ладноооооо. Кукумјавчење за промена на временски сезони за чие постоење се учи во прво одделение. Ама се кука цел живот. Сакам есен, мразам луѓе во есен. И сакам да сум на планина, сама со него, и со чај во рацете. Оти и нему никогаш не му било важно времето, туку луѓето кои ги сака.
Есен... За некој омилено годишно време прекриено во жолто-кафени нијанси ,а за други будење на мрачни чувства. Распослани суви лисја кои тивко шушкаат под брзите чекори на минувачите.Асфалтот го променил своето руво.Сонцето се помалку продира низ облаците, ама постои љубов која може да не затопли.Меланхолијата ќе не напушти со замена на бакнежот како печат на нашето лице.Сивилото не е депресивна глетка ако светлината ја забележиме во насмевката.Капките дожд се далеку од солзите кои може да ги потисне прегратката. И природата е адаптирана на промени кои неизбежно се случуваат. Единствено, луѓето остануваат твдокорно исти злонамерници.Тие се трансформираат во секоја ситуација. Патетични, дрско љубопитни, сурови и злонамерни.Актери со своја улога на големи душегрижници. Наезда од пријатели... Тие ни се прикажуваат онакви какви што отсекогаш биле, само моментот на избор е сегашноста. П.С. Денешните пријателства се како есенските лисја.Ги има насекаде.
СДК Конечно САМА. Барам дечко на одредено време по договор. Пораки во ЛП Леллле пак ја утнав темата .