Јас не разбирам многу српско-хрватски. Дел од инает не зборам ако сум искрена. Ама еве втор месец одам натаму и втор месец полесно се разбирам на англиски ако не ме сфатат или ако не ги сфатам. Тука заклучив дека можи 55-60% разбирам. Тие околу 35-40%. Ова нормално луѓето шо моментално се околу мене и со кои комуницирам. Постарите дефинитивно разбираат поќе мк, помладите не. Мислам дека и кај нас случајот е ист со нивниот јазик, сем нормално, ако не се децата растени со Звезде Гранда. Полесно разбирам ако збораат, пишано ептен се губам. ДМ ми праќа рандом мимс на српски и сум ко поќе од пет реда текст има мора да ми кажиш оти таман стигнам до пола заборавам шо сум тумачела наназад. И така.
Ако не си гледала ко мала Сречни људи, мала си за него Конкретно јас, најмногу научив јазик од тој филм. И од "ружа пуна трња" А ептен чудно ми е ко јас ги разбирам 95% се, а тие ни еден збор мк
Нели исто е тоа? Иам видено дома еднаш и тоа знам беше нешто на мајка ми од работа, у 2000 и некоја таму. A гарант тие внатре податоците беа од 90 - те. Не ни имавме дома таков компјутер што ќе може да го отвори. Пошто нели CD - ња у 2000 - те користевме. А баш ме интересираше што имало внатре. Лелеее сакам да се врати времето коа цел ден глеав цртани дома на DVD player - от. За еден роденден баба ми знам даде пари, а тетка ми, го купи. Радости бев. Не ми се веруваше. Па после проблеми и кинење нерви ако се изгребало, па кочи, па не се поврзува нешто. Еднаш знам се заглави внатре, поточно го лапна. Па плачки имаше. Колку знаеше да фрустрира тоа. Денешниве клинци па и не толку мали клинци, туку и тинејџерите не знаат ни што е тоа CD. Да останеше уште тоа време на безгрижен и среќен живот што арно ќе беше. А што е пак со мене што бројам колку збора напишал некој, плус ја колку сум напишала при чатање? Нели пишуваме што пишуваме, и ќе завршиме или дур пишува, морам да пребројам. Ама мора значи, мора! Цело време вака праам, со години. Вака колку е стварно чудно коа се фаќаш себе си како правиш некои глупи ствари, и знаеш ем дека се глупи и немаат поента, ем не можеш да прекинеш да ги правиш. Следно сакам некад чекори да зеам да бројам при прешачење. Какви апликации, сакам ја да бројам. Само колку ќе имам трпение за тоа е проблемот што ме мачи. * * * За ова последново што се праеше муабет, аман бе, толку не разбирате српско - хрватски? Па не мораш Ѕвезде Гранда да пратиш или да си пораснат у Југославија за да разбираш, имаат сличности јазициве сепак. Хрватскиот секако има поише зборови коишто не се разбираат ама пак у глобала мислам може да се разбереме. И секако подобрио ти иде да слушаш како зборат и да разбереш отколку коа ќе дојде моментот ти да треба на нивен јазик да проговориш. Сеа, не може ниту правилен изговор или акцент да се фаќа ко нив, што е нормално. Ние поише ги разбираме, они нас, не. Мајката.. Така им чини, тоа е работата, дека ич не разбираат, не верувам, дури ниту помладите. Инаку хрватскиот > од српскиот толку убаво ми звучи и поише некако ги поштувам ко нација.
Не знам, еве со постарите со кои комуницирам ме разбираат делумно шо зборам, и јас нив. Да зборам ми е невозможно. Дури поќе ко непочит кон јазикот би дошло искрено. Ама помладите се разбираме само ако се погоди и ние исти збор да имаме ко нив па да разберат. Малку ако е поразлично онака they stare blankly. Печурки мислам ми е најголем збор предизвик во хрватски. Не знам колку пати ми спомнале. Колку пати сум се збунала. И колку пати сум кажала на некој дека сум се збунала и пак ми кажале како е за печурки. И пак не сум знаела.
Мене не ми е зависност, ниту ми смета да престанам, престанувам штом ќе се фатам дека бројам и тоа е тоа. Само зошто уопште бројам, зошто мора така мозокот да праи... Ееее ама не го праам тоа опсесивно, не сум Монк. Сум почнала да бројам, сфаќам дека бројам, си викам "прекини да броиш, зошто броиш", прекинувам и не ми смета, не е дека морам да бројам. П.С. Ја научив да зборам српско-хртватски поради кантер.
Во право си дека нема ништо лошо, само што маж се лути оти не сакале ни да се потрудат барем 1 - 2 збора меѓу редови да разберат. Туку да се надоврзам на муабетот , оти не можам да го едитирам постот , сакав да додадам дека цел град мириса на марихуана , како да живеам у Холандија. И да, точно е дека од сите држави, најмногу фанови има дојдено од Холандија , изгледа сите се имаат ослободено од работа за да присуствуваат на првенството п.с. @Dentina , поздрав комшивке
Па, не баш. Ние дискети повеќе ги викавме тие што се за Нинтендо. А магнетна дискета се употребувала пред флопи дискот и била многу поголема. Може некој постар се сеќава на нив, јас, не. (од десно е магнетна дискета, од лево е floppy disk. Дискот е внатре, не се вади како на сликава)
Ќе му текне на некој да го кастрира овој пациентов Елон Маск, или оти има пари све му е опростено, па и тие 13 деца шо очи му немаат видено?
Читајќи ги на форумов се истите членови со негативни коментари, човек може да заклучи дека баш ова им фали.
Холанѓаниве испаднаа најзабавни фанови на цело европско. Баш му пратив на вујко ми снимка од нив во Хамбург кога го објави Oranje т.е кога се забавуваа, тој има живеано во Холандија и беше државјанин нивни ама се врати во Мк и им го врати кралскиот пасош. Ми вика, холанѓаните сакаат секогаш да се во пажња, да се во центар на внимание, да се во поголем број иако сите нема да влезат на стадион битно да се во голема бројка се со цел да покажат масовност, сакаат внимание. И во право е, затоа најмногу нив ги има
Маќе не си од генерациите што на српско-хрватски книги за испит имаа Мислам дека колку тогаш научив, никогаш. Макар денес кога ќе видам некоја скрипта, поарно ми било на српско-хрватски, која касапана од македонски јазик прават Гљиве Макар на Кривопаланечки, пеќУрке ми е уште врвот на изговор
Сакам да те пофалам и да ти се заблагодарам оти со скоро секој коментар си школски пример за се она што зборам...
Таа вчера шо ја објавив шо ја напаѓа Фросина. Ја претера. Се надевам дека ќе добие тужба од девојчето
Епа купи и песок. Мене сега во двор ми се, порано една мачка влегуваше внатре, ниту еднаш не ми се посрала, ако немаше од каде да излезе гребеше на врата да ја пуштиме. Флека од тоа потешко се чисти, а и плус на бел тепих...