Денеска немав шо да правам па почнав да гледам огласи и онака од заебанција поднесов на сите огласи на лидл, буквално имам поднесено на 12 нивни огласи хахах Спремен сум максимално да се изладам на престојните интервјуа Иначе огласите се направени ко да у наса ќе работиш
Кога ќе им дајш прст, после ќе сакаат да ти ја земат цела рака. Така е кога волците ќе начекаат село без кучиња, нема кој да чува и лесно се стига до пленот. Сами сме си криви и од самите себе си патиме, малце ние ако, кога не ни иди паметот.
Отсеа само навреди Он мене ќе ми вика од планина симната. Од Брезовица дошол по папучи да се слика за документи и се расправа уште, небањат еден.
Не можам да сфатам зошто некои луѓе само заради тоа што се во роднинска врска со тебе (патем не станува збор за родителска или братска/сестринска поврзаност), си даваат за право да ти кројат планови за твојата иднина. Никој освен јас, не знае како ми е, и какви замисли и идеи имам за живеењето на мојот на живот.
Си пешачам онака и само во кола што стоеше на семафори гледам напред жена држи мало девојче во скут, позади двајца возрасни седат од кои едниот држеше друго дете во скут и плус уште едно дете настрана стои во колата неврзано. Битно се сплескале во една кола. Ама како викаат мајкичките тука, абе животот секој ден носи ризици, не ќе се замарам сега да го врзувам во седиште или појас да носи.
Со другарката си ги откривме најмрачните тајни - и двете гледаме реални шоуа за да маваме психолошки профили... Особено балкански.
Значи душа давам за балканскиве/македонски јадења од типот мусака, полнети пиперки, ќебапи, ама летна манџа ми е големо не. Едно залче од тоа и киселини entered the chat
Ај аирлија! Шала на страна, во жешково е нормално, мене во лето анксиозноста ми е на најјако, ама ене зима кај е
Ко ќе речат медиумиве Кичевец, Тетовец, Кумановец, секое влакно ми се ежи. Се знае, Кичевчанец, Тетовчанец, Кумановчанец...