Баш ме интересира дали драстично од месец на месец ви се менуваат режиските? Дека овие кај мене во зграда се ненормални и секој месец има „магична“ поправка на лифтовите. А реално, ниту нешто се поправа, а богами и гледам дека сите си молчат и цената воопшто не е мала. Плус, лифтовите се закочени во релативно нова зграда и ова не знам зошто им поминува. Побрзо сама ќе симнам и качам отколку лифт да чекам. Можеш и во лп, чисто да имам како инфо.
Така е ама треба да е обострано бидејќи и жената оди ,,таму надвор " се бори со светот ( работа со луѓе посебно ако е тоа ти е вистинска борба) и сака кога ќе дојде дома да има мир ,помош и поддршка и психички и физички. Не мора да е ни манекен ако знае во вистински момент ,правилната поддршка да ја даде...
Таман се решив да спијам, почна да ми зуе комарец. 5 минути го гонев низ соба и конечно го убив. Среќа па крвта од ѕидот успеа одма да се избрише. Вакви тривијалности многу брзо ме нервираат. Штета што не знае да зборува оти многу ме интересира како успеа да влезе кога прозори и врата на собава не се отварани 24 часа, и уште поважно - зошто толку многу ме сакаат комарците и мора да ме направат ренде кога и да излезам навечер... Thanks for coming to my ted talk.
Надвор е за човек да падне и не знам зошто не прогласуваат вонредна состојба. Но, не! Баш сабајле ми излезе дека дел од соседните држави и го спуштаат прагот за прогласување. Што се чека?
Шо им е фората на некои, кога пишуваат да мораат обавезно да ги дуплираат буквите, најчесто сврзниците и самогласките ама без промашај сите зборчиња? Некој глуп утепан тренд ли е или? Пример: Девојкии, дечкии, мии требаа соовет, кажетее мии, вее молаам, сакаам, нејќаам, штоо сии, какоо сии, курции, палции... втф Ау колку иритантни сте бе, толку не приметувате? Толку неписмено, припросто и лигаво делувате, ужас. Ги замислувам и при разговор и муабетење како би се пренамагале.. Дури и иритантново емоуџи морав да го искористам за да доловам колку ме нервираат. Некои такви ситници колку знаат од такт да вадат тоа чудо едно. Кога немало.. А јаки се она коа се поздравуваат со специјален поздрав, а зачленети вчера и двата профила. Па коа бе успеаа толку да се зближат за да се поздравуваат? Или два - три и више профила истовремено користење. Се уклучуваат од два телефона, плус таблет, плус лаптоп и цепаат. Вајда така некако иде тоа. Или не бе, инкогнито таб отвараат, шо сум толку глупа. Како и да е, битно се снаоѓаат. И тоа за што? Бизнисот не смее да трпи нели? Стотици мејл адреси па пасворди и чуда, не знам како не им здодеа, алал вера и како баратаат со толку податоци. И крајната точка на посебна забеганост, ако си истиот лик ама од едниот профил се претставуваш како еден лик со една животна прича, додека од другиот со сосема поразлична.. Притоа си зрела и возрасна личност, навидум нормална ама изгледа далеку од тоа си. И што да се каже на ова? Секакви ги има уфф, непрегледани пациенти.
Зависи до бајач/ката. Бев еднаш сведок со лажици фрлаше преку ,,уплашениот" (не знам како поинаку да го напишам ) и си збореше нешто. Еднаш јас бев (заради паничните мајка ми ме тераше секој ден и ко се уморив да ја слушам отидов) и со срп на петиците ми чепкаше кажуваше таму нешто и секако дека не поминаа паничните ама тоа е хаха
лудница Сподели им таму во соодветната тема искуство И ја бев еднаш и си збореше нешто мумлаше, те покрива преку глава, па какво беше тоа местото језиво, темно, некоја гаража или шупа беше, два пати ме однесоа у едно село, третиот пат ќе кажеше кој праел лошо, некој од најблиските бил ама не отидов за жал. Може згрешив, сеа еве да му ја мислам уште. Е и види магија шо се деси, коа земав терапија наменета за состојбата, се изгубија симптомите.. Како ли е можно?
Еее видиш и мене ми рече три пати требало да отидам ама јас на еднаш останав дали можно е затоа да не поминале Јас пак се плашам и терапија да земам не е една беља
Тие што не веруваа во бајачи, сега бараат, не знам дали и сериозно или саркастично прашањето. А има посебна тема за тоа.
Бајач е едно ,гледач е друго. Јас познавам бајачка за уроци блиска ми е ,не бае на други освен на фамилија и скоро никој не знае освен блиските. И премногу пати ми помогнала. А гледачиве нит сум била нит ќе отидам некогаш
Тоа да, гледачите/гатачите земаат пари, а бајачите не, ама тука се чудеа кога некоја баба го однела внучето на бајачка, знам и една жена бае од уроци и уплав само за блиски.
Не ми се верува што видов денес. Во Anhoch до секоја каса имаше кутија со испринтано "Tips are appreciated"... молам? Во продавница за електроника? Мислам дека ни во Америка го нема ова. Поправете ме ако грешам душа, СЕКОГАШ оставам бакшиш во кафиќи, ресторани, дури и на таксисти, ама зошто би оставила бакшиш во... продавница? Срамота ми е во нивно име...
Зависи, фрлање сол или пепел со лажици преку уплашениот и олеснат паричник. Сериозно, доколку не ѝ поминува, посоветувај ја да оди кај психолог.
Собираат за да си купи персоналот после нешо. Ѓезве, кетле. Другар работеше баш и мене ми дое чудно и ми кажа зошто
@Srckata28 Занес. Тоа можат и со платите. Ако е нешто што го има во продажба и кај нив, можат да го купат со попуст за вработени. Не да молат купувачи.
Хм мене па не ми е чудно. Невообичаено е дефинитивно да. Ама исто и тоа е услужно продажна дејност па зошто да нема tips ако си задоволен од односот и услугата на продавачот.
И јас баш вака го сфаќам. Имаат ми се чини во секој град таква кутија поставено, ама не верувам реално често некој да им остава бакшиш, сепак не е нормализиран бакшишот кај нас како во Америка (и недај боже да биде)...