Кај моите прв пат се случува ќерамиди од куќа да паднат, не е изградено ништо фушерајски верувала или не, и не е воопшто во ред што никој од град Скопје не ти признава штета, имаме дрво и бандера паднати и сами се собираат комшии за да средат, струја немаше до сега до пред 1 час, како татко ми со операција сам ќе функционира во темница? Зошто евн ни се неспособни па еден дефект поише од 12 часа со прават, да бевме држава немаше да е вака, а не уште има бандери и дрва по улици, не средено од едно невреме.
Добро утро, добар ден Сум се наспала за сите пари. Неделава сум на одмор , па бевме 4 дена на гости кај сестра ми во Штутгарт. Немаше смисла, моравме да го видеме и бебето, 4 месеци е, да не испадне дека само едното дете сме го испочитувале, па сега и за второто дете. Ејјјј само 4 дена бевме и У М Р Е В Значи умрев у буквална смисла на зборот. Машкото дете ќе полни 5 години сега на 16 Август , а бебето девојче има 4 месеци и е научено цело време у раце, ако не плака, ечи цело маало , живо се дере, нема шанси да го оставиш да леже. Од друга страна машкото сака да си игра, цел ден е активен, до душа од сабајле до кај 1 го носат у градинка и има вишок сила , цело време натаму наваму да трчаш по него. Лелелее јака ви душа како преживувате со деца , ауууу па тоа нема шанса бе , умрев, нит наспана, нит одморена , згора на се и времето жешко, па ми држи топло ко го држам у раце. Не постојат никакви шанси да имам деца, ЈОК, големо НЕ , па јас да си ја замарам главата да му менаувам пелени, па да се тресам врз него шо му е, па ај со другото дете и оно бара внимание, не фала. Му го трупнав на маж ми да го држи бебето, а јас со поголемото дете да си играме , да местиме коцки, да боиме и жими мене ејјј кај 18 часот паднав, готово, се потрошив , немам сила да ги играм и држам. Сестра ми вели, ете види сама како изгледа со деца , ама ЈОК бре, мислам дека ми се скрати животот и синоќа си дојдовме дома, ко заклана бев па денес да се изнаспијам. Не не, кој што сака нека рече, нека ми се смее цел свет, ама јас не можам да се справам со деца, јок, цела енергија ми ја цицаат, се саклетисувам , на нерва ми оде се, главата ме боле, лошо ми е. Седнавме да пиеме кафе со маж на раат, еххх тишина, милина , после ќе излеземе до езеротот на плажа, 7 км е, не е далеку да направеме еден круг оти надвор е 50 степени жешко. Па да ве читам уз пат што има на форумот, како си го поминувате летото.
Сега ми излегоа на јутуб хитови од 2015, луѓе не сте свесни колку сакам повторно да е периодот 2015/16/17, значи не е можно.
Почитувам луѓе што со аргументи и трпение докажуваат дека се во право, а не со повишен тон и кавга. Тоа е карактер и големина.
Да ти ги пратам моите деца. Ќе се премислиш. Овде жешко. Ќе пукнам. Бев до еден трговски. Во бутиците попусти колку сакаш. Му се јавив на маж ми (на работа е) и со милозвучен глас му кажав каква е ситуацијата. Ми вика Утре @DS10 а јас сакам да се вратат 90тите. Убавина
Мисла на денот: "Today is the oldest you have been and the youngest you'll ever be again" Искористете го добро.
Во Лисиче беше ми се чини имаше слика од цел лимен покрив летнал и паднал на земја врз коли. Тука дефинитивно не било санирано со години нешто. За ќерамиди ајде де, ама да очекуваш дека цел покрив ќе те однесе на оној свет мислам не треба да е секојдневие Пред две години кога се поплави Ист Гејт и пола Скопје, кај беше Данелче да излезе да види зошто баш тие и тие улици се поплавени?
Ххахаха не фала Арно ми е среден животот, треба да сум будала ( зборам за мене лично ) да си го комплицирам со деца , а згора на се, да ризикувам да си го изгубам здравјето поради нив. Кој како си одлучил сам нека си носи одлуки во животот, јас сепак сум не 100 % туку милион % сигурна дека не сум за деца. Не ме бива за глумење, цили мили, само може да скинам конци од нив Туку како си ме насмеала со коментарот со маж ти, и мојот е таков, ќе му спомнам за некоја работа и се вади со зборот УТРЕ , да не се роднини со маж ти ?
Да, на таа страна се. Не коментирам за овие на власт, кои и да се ужасни се, никој не помогнал за ништо.
Па ако е маж ти од Штип, можно е. Јас немам нерви за трето дете. На овие години, не фала. А и мака имам со грбот. Помалиот му вика на татко му Тато, сакам сестричка. А он му вика Тато прави само машки деца
Откако почнаа поројните дождови почнаа да се секираат за шахти, за суви дрва и гранки да се исечат, принудно, дека веќе морало. Не наводнуваат воопшто или наводнуваат само дел од тревници. Цели паркови во Аеродром место трева имаат слама. Дрвца пресушија. Го сади, се слика за да се објави, го баталува, дрвцето угинува, го корне, гради зграда на негово место (затоа е баталено уствари). Многу се нервирам што се коси трева, а не се собира искосеното. Паѓаат лисја, се собираат на страна или се метат од тротоар на тревник и се оставаат така засекогаш. При привиот ветер сето ова беше во воздух во вители и по улици. И да биле шахтите исчистени, пак ќе се затнат. Парчиња парцели преку 10 години чекаат некои да ги среди, што приватно што државно земјиште... како мали џунгли се.
Не е секоја година се потопло и потопло од природни причини у Скопје, него ли се повеќе и повеќе бетон, издувни срања од фабрики, коли, и луѓе има... Нема вода у Вардарот, нема дрва, цвеќиња, сенки, нема воздух кај да пројде у дупкава. Уште еден комплекс на сред Плоштад да изградат, и мислам ќе завршиме работа.
Ги набљудувам постарите во фамилијата, мајка ми, татко ми, тетките ми, вујко ми, пријатели на моите итн. и не ми се воопшто допаѓа како функционираат постарите генерации. Се прават крајно мили и фини едни пред други и потоа кога секој ќе се врати во својот дом, следи такво анализирање и замерување за секоја постапка. Оној така кажал, а друго мислел, постапил овака, чуден бил, намерно направил така... И ќе кажев тоа е типично оговарање, ама станува збор за генерации кои претеруваат со удоволување едни на други, следат некои социјални норми само за да не испадне нешто срамота, преформални односи се во прашање. И сето тоа непотребно умилкување и трудење за личности кои не ти се органски допаѓаат? Ми се допаѓа што јас и моите братучеди сме скроз различна приказна, не одиме на гости кога не ни се оди, се однесуваме и збориме онака како нам ни одговара, па кој сака нека се лути. Не ни е битно да ни е совршено средено и чисто кога ќе одиме на гости едни кај други, не замеруваме за величина на добиен поклон за роденден. Исто важи за моите пријатели. Скроз различен однос и се надевам дека така ќе остане со години нанапред.
Урбана мафија... секој за себе си гледа и свој личен интерес и богатење.Глобалното затоплување ќе ни пресуди.
Јас живеам во населба кај што врие од згради и секој можен простор само нова зграда никнува. Во населбава имаме и една огромна обрасната ширина кај што може многу убав парк да се направи ама во план е и тоа да биде згради. Кај толку продаваат тоа становите да ми је знати. Данелче ветуваше неколку големи паркови низ Скопје ама цврц.
Данелче ветуваше многу нешта ама од тоа само рачињата у мед што ги натопи лично, друго не видовме. Ко да не знаеме дека сите се водат по - едно збори друго прави. Но како оваа што се покажа најнеспособна, мислам Скопје не памти поголема глуперда од градоначалник.. Битно она ќе брка вработени и ќе се иживљава, за друго и не знае. Ршум сегде напраи. Како ќе се трпи уште цела година ја не знам.
Ви го препорачувам профилот на тикток. Машко сум а толку сум против сите овие трујачи на луѓе, посебно на жени, по пат на женска козметика и нега, храна, мултимедија и останати алатки за перење мозок. Погледнете и, бидејќи СДК не дозволува, имам уште по некој совет и препорака но кој/која е заинтересиран/а, нека ми пише порака. Убав викенд луѓе.
Na baba mi voopshto ne i e arno... Taman deneska se izraduvav nova kola... Povikavme brza pomos, so zakasnuvanje dojde ja oroveri, pritisok ok i se, rece virus e, i dadoa injekcija, jas elektroliti zedov.. ama poloso i e