Жими се, не се дружам со луѓе ко ми имаат еднаш речено " Уживај си, дур си кај мајка ти, ко ќе се омажиш..ич не чини, обврски, обврски. Да си седиш долго кај мајка ти. Убаво ти е сега, лесен живот имаш. " Еј, немом, жими се. А бе треба, да сум безобразна, и да им речам РАЗВЕДИ СЕ. Јас не знам, кој ги тера да се мажат или женат, синќир не знаат дека обврски ќе имаат. Лесно ни е нас, немажени. Ко принцези не гледаат дома.
Или многу брзо се фрустрираш или си опкружена со многу негативни луѓе. Смени малку средина, те читаме секој ден на темиве
Објаснувам каква е реалноста, не можи луѓето да ги избегавам и сама да останувам... Тоа е, морам да се дружам со секакви. Средина да сменам, в планина.
А зошто мораш? Дружи се со некои кои ти одговараат. А не со некои со кои чувствуваш непријатност. Откако се тргнав од такви личности, супер ми е.
Зошто се замараш кој што рекол? Воопшто не треба да те допира кој што ќе каже. Не си свесна колку енергија трошиш на ова. И совет: не се поставувај во улога на жртва. Не си жртва.
Може не те гледаат како принцеза, но да се разбереме, воопшто не е исто. Имаш обезбеден кров над глава, друг готви и води сметка за домот. Сметки уште ако ти плаќаат, богами, навистина е полесно. Не е поентата да кажеш разведи се, факт е дека животот кај родителите е полесен, од аспект на тоа дека друг ти бере гајле. Тоа го сфаќаш, кога не живееш веќе со нив. Од друга страна, кога не живееш со нив, имаш поинаква слобода, но тоа доаѓа со цена. А цената е таа што ти била кажана.
@ArabellaStarfall јас имам само живеено 7 години, без никој. Мислам дека е тешко, пошо си сам скроз, и особено ако си надвор од МКД. Затоа мож и на некој му е тешко, и ко ќе е во брак. Тоа е, таков е животот.
Како е можно како деца да сме правеле исти нешта како по шема? Да додадам на сликата. - користевме лименки фрлени по пат и се правевме дека носиме штикли - правевме дупки со моливот во гума - со игла се бодевме по прсти за да вадиме кожички - се пентаревме со боси нозе на касата на вратата - некои што беа хард кор како мене, пробале да лижнат истечена батерија (не пробувајте) - ги џвакавме капачињата од пенкалата - кога поминувавме покрај решетки, сите до една со рацете ги мававме - ги мирисавме хартиените кеси од свежо мелено кафе - правевме палачинки на клацкалките, после со болен газ си одевме дома Не ми текнува веќе, ама може да ја продолжите низата
ова тоа со столиците исто па и со штипката ама поретко тоа Ова уште го правам Интересно ми е како нејќам кафе да пијам ич, а вака да мирсам живо обожавам А комарец коа те каса и нели убоди имаш и праиш иксови на самиот убод? И ова уште го правам. Пентарење не толку ама да скокам сакав од повисоки места. Абе уживав. Искрено и сеа би сакала од прв спрат од куќа, не ми изглеа за толку страшно. Мерак имавме и да се пикаме по влезови и да се возиме у лифтови во околните згради. Абе ќе се начукавме по 10 деца, тешко на тој еден памтам имаше дечко со нас у лифт, како не трпел како се глупиравме, а ние се криевме таму од едно дете Турчин беше, па не бараше по влезовите, добро што не се заглавивме тогаш.. Само нагоре - надоле праевме. Која носталгија ме мавна сеа ..
- Ги затворавме и отворавме ушите со двете раце истовремено и ни беше интересно како звукот се прекинува. - Ги гледавме тие белите ко црвчиња што летаат во небото и мислевме дека имаме супермоќи - Правевме вакум со чаша на устата за да стои чашата без да ја држиме. - Туравме сок во капачиња од шишиња и се правевме дека пиеме шотови/пушевме мастики цигари - Стававме течно лепило на раце за да го лупиме - Правевме замоци од столици и ќебиња - Се качувавме по скали со рацете и нозете/се лизгавме од горе надолу на тоа за потпирање на скали - Поминувавме полека низ завеса без да ја тргаме поради некоја причина - Се обидувавме да ги пуштиме сите бои на пенкалото истовремено Ако ми притекни уште нешто ќе пишам.
Ќе звучам како некоја баба, ама колку брзо лета времето еј не ми се старее И батали срањата од типот на "јас сум ти вечно дете во душа", ќе дојде ден кога ќе застанеш пред огледало тоа "детето" ќе те праша кај ти е мудроста, кај ти е паметот, кај ти е здравјето
Do mojot ex decko - karma is a bitch. Mozi i ti si tuka na forumot i me citas. Zapamti, ako mene me poslusase toa sto ti velev - nemase do tuka da stignis. Ti bese daena shansata vrace i togas te posovetuvav. Ama ako si tolkav maz, Sega trpi si.
Многу цели остварени, многу успеси, здравје ме служи да чукнам во дрво, психички добар, пари има, луѓе има, секс има...многу работи на добро одат. Среќно со среќа.
Од тоа дека родителите знаеле најдобро за детето, мене можеше здравје да ме чини ама океј. Како дете секој-факинг-дневно ме тераа да пијам цедени сокови, по две три чаши, нели она време кога беше популарен оној џусерот. И после секоја чаша ме фаќаа дијареи. И ова траеше неколку години. Можда не секојдневно ама апла постојано, да. Али им беше тоа нормално, битно здраво е. Не знам како цревата ми останаа здрави тогаш. Па како ме фати пубертет и можев да мрчам што да јадам, овошја и сокови избегнував по секоја цена. Па после ми требаше долго време да почнам да јадам овошје и пијам цеден сок без страв. И после некое време дознав со едно гуглање дека кај некои деца во рана возраст може да се јави малапспрпција на фруктоза што резултира со пролив, а голем дел по тинејџерство ја надминуваат. Али ок, моите знаеле најдобро
Коа ќе си напраам педикир за едно две недели отприлика, ќе ставам слика тука да гласате дали вреди да отворам профил на FeetFinder...
Сакам да искоментирам нешто затоа тука те цитирам место во другата тема. Ова е пример за тоа како од секогаш опстојувала куктура која дозволува силување и овие жени се остатоците од тие генерации бидејќи надежно, моите генерации треба да имаат прогресивни сфаќања. Секогаш кога некој ќе спомне дека силувањето е изолирано многу се нервирам и ова е една од причините зошто. Затоа што постои цела позадина која дозволува силувањата да опстојуваат. Целата култура, традиција и доминантната религија ни се темелат на идејата дека жената фигуративно, а можеби и буквално е сопственост на мажот. Таа е секундарно таму, постои да го исполнува она за што е создадена - слугинка. Ако е тоа основната идеја, логично е и да не постои силување во заедница. Твоето тело не е твое, туку на мажот, што те условува дека тој секогаш треба да добие пристап до тебе и твојата желба е на второ место. Овие жени никогаш не биле изложени на некои други концепти, целото нивно воспитување и потоа постоење како сопруги се под патријархалната закрила. Затоа и го пишуваат тоа што го пишуваат. Не затоа што се злобни, туку се вистински прости и капацитетот им е едноставно толку. Факт е дека на форумов се создава сликата дека овие не се мнозинството, ама да излеземе надвор и да направиме анкета на прашањето дали поддржувате силување секако дека 99% ќе речат не, но доколку се преформулира и се нијансира прашањето, барем половина од луѓето ќе ги изнесат истите одговори кои ги пишуваат на фејсбук. Тоа е и за жал очекувано, бидејќи со векови сме живееле во патријархално општество и тек сега доаѓа моментот кога имаме промена на свеста што за овие луѓе е шокантно и не можат да се држат во тек со времето. Баш затоа толку многу треба фокус сите што се млади да не паднат пак во истите сфаќања и образци, што е искрено опасно ако нема правилна едукација и своите вредности ги темелат на тоа што ќе кажат постарите и крајно десничарски инфлуенсерски фигури.
Шо е толку тешко да се прифати фактот дека ако си жена, па и ако си растена у патријахално општество, не значи дека немаш морални вредности?! Ако си жена, не си дебил, идиот, неспособна за живот и размислување, не си понижо битие, имаш мозок - човек си. Овие жени се злобни, малограѓанки, дебилки кои котат синови и ќерки ко нив, со мажи ко нив. Секој ден жени си ги продаваат децата, силуваат, знаат дека партнерот им ги силува децата, и пак се со него, лечат комплекси врз детето, пишуваат љубовни писма на силовачи и убијци, се зимаат со криминалци и силовачи, оти ги сакале, и треба да ги жалиме и да ги рамниме со деца со пречки у развојот? Ма немој да ме јебеш. Све тоа треба да се ликвидира. Никој не може да те изманипулира надвор од твоите морални вредности. Ако уопште имало потреба да те изманипулира...
Кое с*ање од држава сме.Во странство, праксата како студент е платена 5 до 10 пати повеќе од нашата тука.Па, згора на се не им чинело тоа, сме пребирале.Какво време дојде самата држава студентите да си ги брка во странство.