Нека реновираат ама реков, да почитуваат ред, не кога ќе им текне, у било кое време. Не може така. Не се пронајдов ама глеам ти баш случајно реплицираше за сметањето галама, и да, ми смета и тоа многу. Тебе ете не ти смета и алал да ти е.
Нека реновираат, но прво да известат дека имаат намера. И да ги почитуваат дозволените саати наведени во влезот на зградата.
Ми смета, ама сигурно нема да се расправам со комшиите за тоа, и ние дома имавме мајстори еден куп, сигурно им сметало на комшиите, ама ништо не ни кажале, со хилта бушење знаеш како се тресе. Пред два месеци ја копаа и улицата кога пукна водоводна цевка, и што требаше, да одам и да им кажам на мајсторите дека не можам да трпам. И немавме вода, а не не известија. Инаку и јас не трпам галами и гужви.
И јас сум страшно осетлива на звук ама знам дека е невозможно некои работи да се прилагодат на мене. Некои се без осет дефинитивно и е момент каде му се спомнува нешто на бучната страна, некои се нормален ден од секојдневието, а моменталното секојдневие е многу гласно. Слушам страшно многу, страшно многу сум осетлива на звук и ме престимулира и носи во ужасно расположение. И зато си ставам тампони в уши, имам слушалки шо ептен прат како секојдневието да е потивко ама дефинитивно ми требат "појаки" такви слушалки. Некако го гледам како мој проблем. Порано реалноста не била толку бучна. Сега е. И јас само сум се родила сега и морам да се прилагодам.
Да ти се лути дечко ти да се гледаш со друштво дека може случајно бившиот да намине, а истовремено да се има на социјални мрежи со бивши и да си се лајкаат и не е баш пријатно...
Сакам да кажам дека решив дека овај продолжен викенд, кој е прв пат неработен и за мене, да се дистанцирам социјално зошто сум престимулирана. И се "фатив" како прицкам в телефон и се социјализирам онлајн. И са ќе пробам да намалам скрин тајм. Нема смисла да продолжам да си сушам мозокот.
Aj шо темата не е тоа за шо се збори, ај шо не е и денот, ај шо не е и туѓа религија шо не те засега твое право на дискусија и обратно, него и морални громади шо филозофираат за морал како десерт. Кад је бал нек је бал, нек је циркус до крај.
Во таа група се рушат стереотипите дека само жените оговараат. Збирштина од запечени мажишта со канцер смисла за хумор.