Јака ти душа, јас ќе запалев сѐ и ќе се иселев од планетава. Ја разбирам мајка ти. Вчера прочитав вест некој во Грција умрел од каснување на пајак, симптомите не се развивале одма и ко ќе се развиеле можело да е касно. Знам дека сите суштества имаат некоја причина за постоењето, ама пајаци и инсекти стварно не треба да постојат.
Едно саботно утро, да го започнеме со ЈОГА и тоа не било каква. Шуќур темава си е за СЕКОЈ да си пиши што сака да каже, па слободно може да коментира и да го вергла истиот муабет со месеци. Па затоа ќе продолжам јас со ЈОГАВА поучна. И да, ептеееен и љубоморам на храброста вака да се снима и да прави пари на Јутуб, си кликаат луѓе , неа ич кур не ја боли, си вежба јога. Еххх да можев и јас вака да вежбам јога на ЈУТУБ, потенцирам ЈУТУБ, ништо друго, охохоооо ќе си свиркав. Па не се будали, ПАРИ се у прашање. Хереро,,, земи учи јога, не туку коментирај , такво време е дојдено .....
Браво за Дарио Ивановски, секоја чест што не се откажа, издржа до крај на маратонот денес на ЛОИ и патем го развеа и македонското знаме за крај
Важи, само кажи ми датум и ја ќе дојдам четвртокот пред свадбата, ќе ставам јаболко и ќе го закачам, а сабајлето ќе станам пред изгрејсонце и ќе се распукам со пиштол. Не ги разбирам луѓето што одбираат чајно пред кулен, како?
Тоа што не можеш да го спречиш со мрежа на прозори и комарник на врата, можеш да го излечиш со Раид. Нема на чему.
Sakam da kazham deka postojat premnogu ljubomorni lujge i normalno za steta na drug. Ne znam kolku se poznava ama "pominata" mi e kolata so kluc ili nekoj ostar predmet.
На Били пајаков му ја чисти собата од муви, комарци, мравки и сите други инсекти кои ќе се заплеткаат во неговата мрежа....
'Едно дете родила и одма депресија имала, баба ми 9 ги исчува ништо не и беше!' 'Даваат пари по приватни, што и фали на државна болница???' 'Се научиле се на ад, се знае треба да се дои' 'Денес све свилени' Пази, жена на жена го вика ова. Да - баба ми родила 9 деца, била тепана и малтретирана од маж и, 5 деца и починале, била малтретирана од свекор свекрва, перела на река и имала депресија и мачен живот, ама не била еманципирана да го адресира тоа и не и било дозволено да го дискутира и бара помош. Ако имам лош пораѓај, пореметени хормони, недостаток на разбирање, помош, љубов од околината, ќе бидам депресивна. Кој си ти да кажеш како треба и кој дефинира како треба?? Депресијата не е забеанција, забораваат луѓето дека кога се раѓа детето, се раѓа и мајката. И ако првите месеци не се снаоѓа со улогата глупи коментари сигурно нема да и помогнат. Денес на жената 1000 улоги и се препишуваат. Не е само домаќинлукот и мајчинството. Ограничени, глупави луѓе околу мене. Особено глупави коментари на жени, кон жени ме вадат од контекст. Храброста на другарка, која патем не знае каков пораѓај сум имала, која не знае каков брак имам, која не знае ништо за моето секојдневие се дрзна да ми каже како постпородилна депресија е 'модерна измишљотина, и мода на секоја втора мајка'. Патем, јас го пројдов тој пат! Која храброст еј!!! Пошто 'баба ми 9 деца родила, и не знаела за депресија' не треба ни јас да имам. Ок. Не знаев дека треба да сме роботи, секоја улога природно да ни доаѓа, не смееме да имаме проблеми со хормони, не смеам да сум незадоволна, исплашена... пошто нели баба ми 9 деца родила. Седни ја сестро баба ти со 9те дсца да ти објасни две три работи за нејзиниот живот, сигурна сум нема да можеш да ја исплачеш.
Jaс кажав и пак ќе кажам- жена на жена е најголем душман и критичар, подобро ќе се разбереш со мажите, потоа мажите биле вакви онакви. И најмногу вакви коментари има од млади жени што имале лесен пораѓај.
Па ако јас имам сензитивна кожа или сум алергична на сонце, не може да ми каже 'леле алергична била на сонце , баба ми по цел ден на нива била да не знаела за алергија??' Значи ова е глупавост, недостаток на интелигенција и ограниченост. Не можноста да се разбере туѓа состојба и искуство, е ништо друго освен сопствен хендикеп. Тие се тие мами што се претежно беж, полунасмеани и бледи, и делат совети на инста и по народ. Сигурна сум дека зад затворени врати е ова маска и незадоволство од себе и партнерот.
Јас после полноќ тргав кревети и пушив правосмукалка за да го ловам пајакот шо замина под кревет. И го уловив, после добри 40 минути генералка в соба. Добро е шо моите не ме исфрлија од дома тогаш. Ми проработи фобијата на најјако. Многу ми е страв од пајаци, многу. Немаше шанси да заспијам цела вечер ако знаев дека е жив и можи во секој момент да ме нападни.
Штом и за Горан Пандев фатило криза па мора да рекламира обложувалници, што останало за нас, обичните смртници...
Низ Европа низ разни градови имаат офлајн настани, кај што се собираат луѓе, ги оставаат телефоните и го поминуваат времето во муабет, со заедничко читање на книги, во играње игри, итн. Колку добра идеја. Пошо реално и ти да избереш да не користиш уред дур се социјализираш, повеќето одбираат да користат и така исти курац е, нема конекција и вистинска посветеност, досадно е и без поента.