..го чекам денот кога ќе отворам масло како што треба,без да го скинам она што е за отварање. Значи не е можно да сум толку несмасна, јас не знам како другите успеваат да отворат ама мене до сега ниту еднаш не ми успеало. #исповед
Што е твое ке си дојде ? -е исто како да чекаш нешто од небо да ти падне, но знаеме дека само дождот и снегот паѓаат од небо (добро и градот ) да не ме реадактира некој морав да го спомнам , бидејки очигледно некој можеби ќе чекаше да не го спомнам па да ме надополни се зезз.... Зборот ми беше ако сакаш нешто да е твое мораш да се бориш за тоа нешто , да се потрудиш да го добиеш...Т.Е да си го заслужиш. И научете се да се борете за она што го сакате а не да се тешите со тоа дека што е твое ке си дојде,, епа нема да си дојде туку така. Ако си во брак со еден човек и мислиш твој е ај изневери го па чекај пак да биде твое ? Е нема толку ти е тоа. Имаш работно место , ај постојано прави лапсуси нека те напуштат и седи дома чекај пак да ти дојде ? Е ќе чекаш до време за пензија ама ни пензија нема да дојде ! А кога веке нешто ке го добиете трудете се па да не го изгубите, ако сте го добиле не значи дека тука престанува борбата за тоа , напротив тука почнува борбата за опстанок. НАЈБИТНАТА БОРБА- да успеете зачувате нешто !
Еве јас ќе те редактирам пак, оти не е се така црно и бело како што мислиш ти, туку има мноогу нијанси и на двете полиња кои што си ги спомнала. Работа мила моја не се губи од лапсуси само, моли се да не осетиш од се друго што може да се изгуби работа! Во бракот Нана, неверството е само мал дел од НЕШТАТА кои што можат да придонесат истиот да не функционира. И во оваа институција за да се одржи, не се бори еден за да биде добро, туку ДВАЈЦА! Јас мислам дека ова треба да го прочитаме од некој форумски лик што има барем најмалку стаж во работата и бракот колку прстите на една рака, а не како тебе по еден месец!
хахах да не се разбереме погрешно ниту сум одпуштена од работа ниту сум го изневерила мм туку дадов само ПРИМЕР ! ПРИМЕР ДЕВОЈЧЕ
Хееееј ДЕВОЈЧЕ, прочитај подобро па реплицирај, не рипај ко слеп за стап одма... Вака ако им рипаш одма на твоите работодавачи или на маж ти по дома, без да сфатиш што ти рекле (во овој случај што сум пишала јас), па не знааам... Тешко на нив
Животот е непроценлив ,искористија секоја минута тој е само твој,живејго со полна плуќа ,немој да го потришиш како да имаш повеќе животи.Птиците ни сеат ни жнеат не мислат за утре а сепак се среќни.Ние луѓето секогаш брзаме да стигнеме некаде заборавајќи да го живееме моментот,да ја живееме среќата во малите работи.Малите работи не прават среќни исто така малите работи се тие кои можат да не растажат.Тие се тие мали нешта кои сепак се големи.
Сакам само да легнам и да не мислам на ништо. Немам капка сила во мене, а имам толку обврски на кои очигледно подзаборавив... Ќе ги оставам за утре, нека почекаат, нека не ми го нарушуваат спокојот во кој сакам да потонам. Мислите од кои се криев натежнаа над мене, постојано се ми на ум, а секогаш кога ќе ми текне ја вртам главата. Луѓето грешат понекогаш зар не...
Никогаш не ги наметнувајте домашните проблеми на децата! Тие не треба да бидат вмешани во тоа колку е сметката за струја или било што друго. Искрено многу тешко ми е кога мајка ми ми зборува за ова. И никогаш не ги споредувајте со другите.
Знаеш дека прекорите од типот каде отиде светов не се само празни фрази, кога по пат среќаваш рандом насмеана особа со заразна насмевка и магична позитивна енергија што ја носи како аура околу себе, онака да ти е мерак да ја гледаш иако не ја познаваш... и од твојот соговорник гледаш чудни реакции и поглед накриво упатен кон истата. Значи до толку сме навикнати на намуртени фаци од кои зрачи стрес и истурање нервоза на секој што ќе ти застане на пат во лош ден, што тоа го сметаме за секојдневие. Луѓево попрво со една проста причина од четири збора „станал/а на лева нога“ ќе објаснат кавги, трескање врати и исфрлање негативна енергија на некој што првпат го гледаш... ама за една насмевка за којашто не ја знаат причината, можеш дури и чудни погледи да си заработиш. И да, ако некој е насмеан и константно шири позитивна енергија, не мора да значи дека се` му е толку совршено и подмачкано, што треба по дифолт да е предмет на завист и љубомора без воопшто да знаете нешто за неговиот живот. Зарем не може причина за насмевка да биде и едно ведро утро во кое сончевите зраци низ ролетната не` разбудиле, некој спонтан убав збор или прегратка од најблиските... Некои луѓе eдноставно имаат способност да им дозволат на тие мали, но доволно големи работи да ги оттргнат од секојдневните грижи, и тие заслужуваат најголема восхит.
Значи денов го почнав и го завршувам со насмевка, феноменален е! Нови познанства, тон прекрасни луѓе, дружење, кафе, работа...
Прекрасно е чувството кога среќата е опиплива, проткаена низ заjдисонцето, низ насмевката на наjсаканите... Чувството кога ситниците ме испослнуваат до степен да сакам да викам колку ме држи гласот од среќа, кога љубовта е основната движечка сила на моjата вселена... Некои луѓе живеат за големи чекори, а некои, како jас, се задоволни од секоjдневните ситни победи.
Грешиш,љубовта ако е вистинска засекогаш трае. А децата треба да бидат свесни за домашните проблеми и не треба да бегаат од нив. Ако тебе ти е тешко да зборуваш за сметките за струја,помисли како е на мајка ти кога не може да си ја плати сметката.А споредувањето,не е убаво но може да биде поучно.
извини вака но ти си ти таа која РИПНА Јас се извинувам. следен пат размислете пред да пишете. Секое добро те поздравувам
^^ Веќе пред да пишам 100 пати ќе размислам, не за друго дека ти ме предупреди. Искусна жена со двоцифрена брачна и професионална кариера како да не послушам, таман работа.