Септември.. Еден од омилените месеци а и годишно време, кое на 23-ти и официјално ќе ни пристигне и есента со рамнодненицата. Есента си има своја магична приказна, најава за ладната зима. Тие жолти магични прекривки по улиците и дворовите од лисја, даваат еден посебен амбиент кој не може ниту еден друг да го замени, природата е убавина. Ни следи период и на подготовки на зимници, посебен мирис од секое маало иако тоа денеска е реткост. Сепрември значи и враќање во школските клупи и старт на учебната година за учениците и испитна сесија за нас студентите, на некои млади поради ова и не им се свиѓа овај месец. Тмурните сиви облаци и дождливо време пропратени со крваво сонце, се дел од она кое не асоцира пополека летната облека да ја заменуваме со топла
Задолжително прочитајте ја оваа приказна до крај https://www.facebook.com/share/p/aicubZcXjA1fauSB/?mibextid=oFDknk
Mentally веќе сум во есен, бидејќи први септември е веќе прв ден. Ова лето се чинеше како вечно да трае со толку долг период жештини и многу малку дожд. Ова лето беше болка, но исто така промена за подобри времиња. Спремна сум за есенско време, златни лисја, да седам дома додека надвор врне дожд и да пијам чај или капучино. Ех, камо да си сега дете и од утре да тргнуваш нашколо. Најубавиот и најбезгрижниот период, иако не бевме свесни.
Посебен правец во психологијата - балкански мажи облечени како жени со малограѓански слеш греотичарски бумерски хумор на Инстаграм...
Имам купено телефон пред 9 месеци, не е воопшто стар, солиден телефон е, ама тогаш се мислев меѓу ајфон и самсунг и земав самсунг, и сега ме јаде црвот.. Сакам ајфон.. Дали мислите дека е аздисување ако си купам нов телефон уште еден на толку краток период и воопшто дали е добра финансиска одлука да купам нов телефон, а имам притоа солиден телефон, кој што е прилично нов..
Дефинитивно аздисување е. Разбирам меракот битен е ама е аздисување и тоа големо. Ќе го продаваш „стариот“ или два сакаш да си имаш? Освен да го продадеш добро тој, па да земеш нов, чим толку мерак имаш и да гледаш да го чуваш и користиш неколку години, а не наредна година пак нов.. Ако ти здосади и немаш реална потреба за да го мењаш. Ах бе проклет конзумеризам.. Ништо лично, само си коментирам.
Па не вреди многу стариот' ако го продадам, џабе би го дала, повеќе би го поклонила на некој од мојве дома, 30% од ајфонот дали ќе си платам со парите од него ако го продадам ако воопшто и толку му земам..
Јас ова го направив пред 2 ипол години, ама не беше ниту Ајфон ниту Самсунг, него Шаоми Од класична Redmi серија на Redmi Note И искрено е аздисување, при нов телефон, земаш друг. Ама пусти мерак ама и на акција со попуст беше и место не ме фаќаше а да не ја искористам акцијата и отидов и си го зедов И еве скоро трета година ќе направам и не планирам бар уште една или една ипол година да го менувам, а тој другиот тогаш и го дадов на мајка ми. И ова пак не би го правел при нов телефон, добро телефонот е левел ап од другиот али и тој ќе бркаше работа. Така да, ако ти брка работа Самсунгот, не земај друг.
Абе седи си мирна Оптоварување на буџетот само, ништо друго. Да ти треба ради нешто, па некој појак од тој што го имаш ајде, ако не, и стварно брка работа, тогаш од беснеење и желба за јаболчето само ќе биде тоа, треба да си свесна.
Деновиве ми се катастрофа, единствен лек ми е форумов, а особено темата за испукување од мажите. Маж сум, ама има толку реални мислења што не можам.
Татко ми имаше собраќајна несреќа, млади особи му помогнале на автопат, викнале полиција, брза помош и чекале со него. Го најдов бројот од особите кои помогнале. Како да им се заблагодарам, а тоа да не е ручек/вечера/частење? Интоверт тежок сум за да седам на маса со непознати.
Градот воопшто не е безбеден за нашите деца а и за нас. Денес имавме една случка со ќерка што ми го скрати животот. За малку ќе ја прегазеше 13 годишно дете со мотор ,без возачка дозвола и тоа знаете каде ? На плоштадот.Уште 5 пати помина со голема брзина на сам плоштад. Ги носиме нашите деца на плоштад каде што нема возила за да бидат безбедни а не да бидат уште во поголема опасност . Секако дека го пријавив случајот во полиција, дојде полиција го фати на лице место ,без возачка,малолетен,нерегистрирано возило . Ама знаете што? Татко му бил бивши полицаец во пензија. Врските си го прават своето. Страшно сум изреволтирана, треба да се случи нешто несакано за да се интервенира. Денес ќерка ми преживеа ама друг пат,друго дете ,можеби не. НА ВАКВОТО ВОЗЕЊЕ НИЗ ГРАДОТ ПА И НА МЕСТО КАДЕ ШТО НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ ВОЗИ ДА СЕ СТАВИ КРАЈ!БАРАМ НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ!
Уф, ми се чини најдобро е сепак да им посветиш внимание, како тоа да е потребното ниво на заблагодарување. Еден час во ресторан / кафуле се издржува. Може да им напоменеш дека сакаш само симболично да се видите, дека си свесна дека и тие се зафатени, за да го наметнеш тонот, или во сличен фазон. Земи со себе некој од дома позборлест и решена работа. Па којзнае, може и да прерасне во нешто поголемо. Ама пак, не може никој од страна да знае како се чувствуваш ти. Ако е толку проблем, и само едно благодарам е доволно. Се најдобро.