Цел град смрди корни на изгорено, не можам да отворам прозор, дали се нормални бре луѓе, цел ден мириса, ќе не умрат
Хахахахаха најинтересно е што он за климата ќе те викне тебе а ти од што не знаеш кога ќе ти се расипе климата ќе си викнеш мајстор да ја види..
Нормално дека ќе палат, зошто да престанат, мислам не разбирам? Ради Македонче шо живее у апатија веќе толку долго да и времето станува безначаен концепт во Мистериите на Универзумот ли? Еве пример и цела држава да гори и е отруена во токсичен смог и се тоа, ама добро само воздух е тоа шо, нужен за живот, ќути може и полошо... Ај сеа да бирам утринска да се жалам на водители да им се одмили животот за наредни 100, ко што наликува на автономен, совесен академски граѓанин, со емотивна интелигенција, регулација и зрелост бонус*, па да испаѓам... #goodgirl #canttouchthis
Значи за нас не е нешто да се направи ,ние сме толку злобен народ без никаква култура и домашно воспитување. Ни направи градоначалникот паркче за децата да играат со тревичка и разни лулашки и лизгалки играчки итн.. значи паркот нема 1 година откако е направен,денес поминувам од кај него се е сокршено,лом .Претажно. Игралиште тревно ни направија да трчаат децата ,да играат да спортуваат ,цело е со стаклени шишиња,секоја вечер седат бандитарии таму и кршат. Каде се родителите да видат што им прават децата? Се гордеат ли со нив? Море само да видам и да ги фатам јас лично ке се справам со нив. До толку се напнувам за вакви работи ау страшно.Јас арно кажав вчера , не е само за моторите,треба за сите вакви клошарани да игра пендракот и казни над 10.000 евра. Бедотии.
Зошто побогу кога ќе пишам, одма у истата секунда, ми ѕвони истата личност? Значи, не ми се збори на тел, ме мрзи! Ми се пишува... Уф, за што се нервирам
Скроз исто, а со мајка ми по 10 пати на ден сигурно хахха ,за другите сум недостапна. Мразам да зборам на телефон.
Не знаев дека кога мажи влегуваат во брак, им умираат едно 20 милиони нервни клетки па стануваат интелектуално неспособни за основни работи. И аман од тоа "во брак е поинаку". Еве неколку години сме заедно, сум била кај него, бил кај мене, сме оделе на одмори заедно. Гледам дали готви, гледам дали чисти, гледам каков е према мене во одредени ситуации. И многу нормално, очекувам да биде ист и понатаму. Ако не биде, ај со здравје Да дојдам на темава да речам - не знае јајце да спржи, чека на мене, мисли дека само јас треба да готвам, дали сериозно ќе добиев совет дека само сме во врска, треба да прејдам преку тоа? Дали ако речам дека не ме ебава ни 2% кога сум болна, исто така ќе добијам совет дека не сме во брак, тогаш е поинаку? Што е тоа поинаку? Тогаш ќе стане автоматски најработлив, најгрижлив? А како, кога баш во брак се спротивно, според тие туѓи искуства? И да е првото, што го спречува СЕГА да е работлив и грижлив? Или спротивна ситуација, викам еј убаво знае да готви и ете ја Славица - во брак е поинаку. Што, му венее мозокот со потпис? Или во матично кршат раце? Ајде, да сум жива и здрава, ќе видам. Ама не значи оти ќе трпам да не знае кај стојат зачините или гаќите да не знае да ги испере. Па побогу на гости кај други луѓе знам каде кое стои, он кај што живее не знае. Не може да е 50:50 ама ако е 99:1, поарно сама ќе живеам.
Почивај во мир, легендо. Колку генерации израснаа со твоите песни, остави вечен белег на рок музиката. И увек свечано обећам А знам да лажем у себи Да ћу престати да се сећам Ово је последња песма о теби
Тоа се само глупи изговори за да се оправдаат сами себе што трпат непочитување и негрижа од сопружниците. Дека и мажи и жени се опуштаат у брак, тоа е факт. Кога си опуштен, помалце внимаваш. Ама тоа не значи дека треба апсолутно целосно да ти е гајле како му е на другиот кога ти си праиш секогаш како тебе ти одговара. Ако тебе не ти е (доволно) прљаво, не чисти никогаш. Ако друг ти готви, не знај никогаш што има и што нема во фрижидерот, па за пазарење тебе возрасниот човек ќе те праќа твојот возрасен партнер со напишан список на намирници ко да си второоделенец. Не некогаш, туку секогаш. И ако кивито ти заличи на компир и по грешка го купиш, смешки, анегдота за прераскажување, хехе хехе хе. И сето тоа дефинитивно не значи дека треба да кренеш раце, да се откажеш и да речеш "јебига, тој/таа таков/таква е". И цел товар на заедничко живеење да го превземеш, пошо одеднаш партнерот ти е целосен дебил. Пошо има луѓе што ко ќе почнат малце да префрлаат товар, ќе видат дека носиш и не се буниш, после цел товар ќе ти го лупнат да го носиш. Затоа, секогаш ќе го враќаш товарот назад, повремено ќе го израмнуваш. Некогаш ќе превземеш повеќе, некогаш ќе дадеш другиот да носи повеќе. Ама повремено ќе израмнуваш да се осигураш дека не се навикнал поинаку. Ќе се бориш и ќе си бараш асален третман, однос и функционирање. 24/7 Пошо иначе 24/7 ќе тегнеш и ќе се прашуваш на што да се ослониш.
Почивај во мир Бора, остави траен белег и белег во времето, израснаа генерации со твојава музика,остави големо творештво, направи многу за рокенролот и го живееше рокенролот, легендите не умираат се памтат .
Не знам за вас, ама јас обожавам да гледам бугарски ријалити шоуа. Гледам се и сешто, Игри на вољата, Фермата, до лани сурвајвор си гледав ама годинава нема. Уште долга листа имам, да не набројувам. Многу повеќе ми се допаѓаат овие ријалити отколку ко задругарите во Србија. Не велам не, и Србиве имаат добри ко сурвајвор и највечи губитник, ама бугарите се мастери за тоа.
Бора Чорба остави белег и траг кај младите и старите со неговите хитови, особено кај југословенските носталгирачи. Човекот кариерно беше феноменален со сите негови дела, меѓутоа она нешто кое сите нас не трогна се неговите изјави за поранешните држави на СФРЈ а најголем акцент ставаше на Македонија, со тие некои четнички испади за време на Милошевиќ, а највеќе го погодувало секој македонец тогаш во време кога се воспоставувале коронети на Независна Македонија и одделување од СФРЈ и ЈНА, па и денес нас помладите, воопшто е не убаво кога читаш или слушаш дека нашата мајка која сите нас не родила како некој ја вреѓа и омолажува со сите нејзини национални карактеристики. Многу пати имаше и имал изјавено дека Македонците се всушност срби со говорна мана, дека Македонија е јужна Србија и дека не постои, дека Тито им го земал Вардарскиот дел и го изгубиле, дека со еден тенк ќе не прегазат сите до еден, итн. Потоа олабави со национализмот и веќе се отвори и одржуваше и концерти во Македонија. Почивај во мир Боро, но знај само едно, не му прави на другиот нешто што не сакаш и тебе другите да ти го прават, зошто болката особено националната е многу болна и чувствителна.