Ja site so gi znam so me maltretiraa. Doma niso ne im falese, osven vospituvanje ocigledno. Nivnite zdravi, pravi, vraboteni, so pari, so leb sekoj den na masa, site uslovi najubava obleka. Nisto da ne im fali. imavme bas edno devojce, so ja tepase tatko i so daski, abe glas ne i se slusase.
Знаеш како, правење анализи ама се дур не дај Боже ти се деси. Е после не е ништо исто.. Џабе се збори. Кој не осетил вистински ама вистински, нема да верува. Или скраја било некоја трагедија да ти се задеси. Зашто бе @Srckata28 викаш дека сме имале потреба да се одмаздуваме на овие деца?? Не, туку сакаме само да си ја добијат заслужената казна. Толку. И децата невини биле сите до едно.. Може глупа е споредбава ама ова ми е слично со она "Дали убиец се раѓа или се станува".. Не постојат ниту патологии изгледа. Вие нејќете да се помирите дека гаден, проблематичен карактер исто така и се наследува. Ќе го воспиташ убаво, ќе го обликуваш како сакаш и ништо нема да му биде, ќе се оправи скроз.. Епа не е баш така. Ама реков, зависи од ситуацијата. Се слагам скроз дека ништо не е црно и бело. И треба големата слика да се види. Без причина секако дека ништо не се дешава.
До родителите е. А какви ретардоси од родители, и општо возрасни луѓе има, не знам зошто децата би биле поинакви. Возрасни што не ги заболе за ништо у животот, самите не би стапнале никад на психолог, баш со трчање ќе ги носат децата на терапевт. Ама таму кај што домашното воспитување фејлнува, треба образованието и законот да превземе конци. На школо да се работи на децата, сакале нејќеле ќе одат на сесии, а парично да се казнуваат родителите, па да видиме дали нема да им е гајле повеќе.
Донекаде се сложувам има улога родителот и домашното воспитување ама па еве имам другари двајца браќа се исто се гледани исто воспитани едниот е изместен скроз другиот си е на место. Ја мислам дека најмногу е до карактерот
Да, и карактер е у прашање, затоа не секогаш истото воспитување и истите пристапи према едното дете, ќе палат кај другото. Најтешко е да си родител, треба да посветуваш многу внимание, да имаш многу близок однос, за да запазиш какво е детето и што му е потребно. Ама многу не се замараат, буквално не им е битно, битно е да кажат дека имаат деца, и битно им е само дур се под нивен кров децата да преживеат, да имаат што да јадат и облечат, и да завршат средно. За самите себе не чуле за психолог, не па ли за децата. Едит: да се надоврзам, може и родителот да пробувал разни пристапи, и пак да не успее да му помогне на детето. Ама битно е дали пробува. Има многу што никад не би признале дека грешат, дека неуспешно воспитуваат, дека утнале некаде по патот, е тука е проблемот. Битно е да го тргнеш егото на страна и ако треба да побараш помош. Не си лош родител ако не знаеш понатаму како и ти треба помош, лош си ако си свесен дека не знаеш понатаму како и ти треба помош, а упорно не признаваш и не ја бараш, било да е поради его, или срам, или страв, или што год.
Педагозите и социолозите не се замараат со врсничко насилство во школите, клати врата земи плата се. И до кога сета вина ќе се префрла на родителите ако детето е насилник? Некогаш е повеќе и до карактер без разлика колку родителот се обидувал да му пристапи. Ама заборавив дека ние што не сме родители немаме право да зборуваме за воспитување ама затоа имаме право како жртви.
Ако родителот е свесен дека детето му е насилник, што превзема за да не е он крив? И ако е повеќе од карактер, тогаш до што е? Психички проблем? Го носеле ли на психијатар/психолог за дијагноза? Дадена ли е терапија? Се вложува ли во него да биде подобар? Па ако жртвите бараат од родителите да сменат школо, тогаш во најмала рака родителот со насилник дете ќе му смени школо на неговото.
Има свесни родители, верувај. Ама шо да му прави? Еве најмајките на форумот нека кажат пошо ние не знаеме. У средно ученици вреѓаа моја школска и нејзината мајка. Насилникот не знам уште каде не го носеа, и не успеаа да го променат. Некои се и ден денес такви, со оформена фамилија. Некои родители на ист начин ги воспитуваат двете деца, едното пак може да биде исклучок. Треба да се посвети внимание и на жртвите. Да си работеа и институцуите како шо треба нема да беше до толку лошо. Шо е со некои шо си го одземале животот, м? Ќе го анализирам пак булито? Туку ај, вие си знаете се. Умни тие.
Жртвите не заслужуваат да бидат јавно посрамотени но, булињата да. Они ги снимаат жртвите мислејќи дека тоа е забавно. Заслужуваат со истото да им се врати! За другиве членки не знам, ама за мене не е потреба за одмазда, туку потреба за правда бидејќи образовните институции потфрлија. И уште пофрлаат според тоа што го слушам и читам. И ти и другите не ги оправдувајте булите. Булите се проблематични деца. Салам деца не прават булинг, па дури и самите да го доживуваат. Салам воспитани деца решаваат недоразбирања со разговори, не измислуваат и не шират невистина за другите и не ги тепаат другите. Да, родителите се виновни. За родителите е најлесно да платат парична казна, а ништо нема да сменат. Но, булингот е злоба и мора да биде построго казнив. И јас сум за разговори со детето були и да оди на терапии. Па и да биде избркано од училиштето. Но, тие мерки не се секогаш доволни. Во полесни случаи практична казна ќе даде резултат по некое време. Детето були кое има привилегии дома (како интернет, уреди и превоз) треба да ги изгуби. Да се стави во чевлите на другите. Тоа за тие привилегии ќе плаче еден час, а неговите жртви ради него ќе плачат цел живот бидејќи терапиите сепак не бришат лоши спомени! Не сум за враќање на насилство со насилство, но во темата на @Feminka22 кажав дека требаат и построги закони за потешките случаи. Мора да се намали границата за кривична одговорност и да има подолг престој зад решетки. Само ова може да ги одврати некои.
Нее.. Не знаеме ништо ние, можеби пред луѓе се едно, на само друго се понашаат со едното дете. И тоа мора да биде случај секогаш.. Се согласувам со ова: Можеби е така, но можеби и не е. Да се криват родителите за се, не може. Дека сите деца се добри, не се..
И ја сум против тоа СОПСТВЕНИОТ родител да си го казни детето ако му е психопат. Ја сум поише родителот на малтретираното дете да иде да ги изрога цела фамилија, оти тие таквите имаат родители што или ништо не гледаат или нивното мало распрдено психопатче за ништо не криво... А после нели наравно и квази социолозите и педагозите во училиштата, кои завршиле за тоа оти лесен факс, и се влага лесно за стипендија... Да не речам дека и од тие грото се самите кој од кој со шифри, морални громади, али ај...
Има и свесни родители, точно, вистина е. Исто како што има и несвесни. Тие ученици во средно што вреѓале твоја школска и нејзината мајка, требале да сносат последици и од школото, ако не од родителот. Не смее да се толерира такво однесување. Прво суспензија, после отпишување. Пробано е такво нешто, конкретно во случајов што го сподели? Не знам кој каде носел и колку се трудел околу насилникот дете, многу е безврска вака општо да нафрламе примери, зошто не знаеме точно за што станува збор. Но ако насилникот дете остане насилник и после 18 год. тогаш тука законот треба да штити. Да, државава е срање, меѓутоа тоа преостанува. Болдот: баш за тоа зборував во претходниот коментар. Двете деца се две различни индивидуи, ако одреден пристап и начин на воспитување функционира за едното дете, не значи дека по дифолт би функционирало о за другото. Треба многу да се обрнува внимание на секој посебно и да се одбере правилниот начин. Секако дека треба да се посвети внимание на жртвите. Тука нема дискусија, мислам дека е јасно. Исто така јасно е дека ни институциите не работат како што треба. Родителите ја имаат сета обврска кон сопственото дете, но и институциите исто така, немаат оправдување. Во случај ако оставам спротивен впечаток, да си кажам јасно и гласно, не оправдувам булиинг. (па и јас сум била жртва, и на физичко и на вербално) Само тврдам дека пред сè е до родителите. Прво, дали превземаат нешто. Второ, дали бараат помош од педагози, психолози, психијатри. Трето, не може бе сите да не знаат што му е на тоа дете и да нема лек. И да е нешто нелечливо, некоја состојба, пак мора да има чаре доколку е небезбеден за општеството. Четврто, на крај краишта што е решението, да се пикне во затвор детето или да се стрела?
Кога бев основно социолозите и педагозите решаваа со тоа шо ги тераа булито и жртвата да не се караат повеќе и со ветување дека нема да се повтори, се до следниот ден. @MissChievous верувај дека никој во школите не се замара, некои случаи поради булинзи и до полиција дојде да решава бидејќи ситуацијата ескалираше. Дали средно, дали основно, дали полнолетно било булито, насилникот никогаш не добиваше казна, а да беше внук или син на некој со звучно презиме, автоматски миленик им беше.
Зборам дека за се не се криви. Зашто и понатаму за се што правиме во животот, одма нив ги кривиме ама за се. Не знам, не сум родител, неам право да коментирам.. Исто како што не може да тврдиме дека по дифолт со едното дете не се однесувале родителски, грижливо, со љубов и топлина не го одгледале, го запоставиле, занемариле и слично, па затоа е такво. Сама кажа дека и карактерот е битен. Не за џабе рекле на кого ќе се метнеш, таков си. И не реков дека не игра улога воспитувањето. Но некад стварно џабе е и тоа, детето си е такво.
Значи не е секогаш до карактерот, туку никој од возрасните не се замара, сите фејлнуваат на свој начин.
Јас се слагам дека е до родителите, но не треба детето да се пере од одговорност. Посебна личност е. Тоа треба да одговара за делото што тоа го извршило. Ако неговото дело заврши со потешки или смртни последици, детето треба да оди зад решетки.
Па види, сè влијае на одреден начин врз нас. Една промена на средина може да те смени ко човек. Од тука, покрај воспоставувањето, како што е битен и карактерот, така е битна и средината, што се случува во секојдневието, што "проаѓа низ прсти", какви прилики за какво однесување постојат. Сè е битно. Ама пак, прво доаѓа од дома. Во најмала рака, ако гледаш дека твоето дете тероризира други деца, ќе го отпишеш од таму. Па може во новото школо нема да има исти прилики, без разлика на карактерот.