Токсични особи? хахааа што нема да прочитам еј... Човек да не искоментира за некоја глупост, одма ти си токсиииик ццц. Toxic-positivity is actually toxic
Кога и да ме види мачка, секогаш бега со трчање, значи само ме погледнува и одма да ја нема а не планирам да ги бркам.. ај во двор кога ке ми дојде некоја да избега чим ме види амс и општо секаде низ град. Никогаш немам размислено за ова дури не прочитав некаде кажуваа луѓе дека мачките секогаш им приоѓаат.. шо можи да е работава
Еј искрено сакам глушец да земам за миленик, само ми е фрка, многу кратко живеат. А иначе како миленичиња се многу мили.
Па токсично е. Еве мене ми се угасени одамна. Пошо ја така сакам и пошо ми копаат по профил особи шо не им е местото таму, ама ги оставам. И коментари сум гасела ако не ми се враќа. И? Се замарам дали иам 100 или 500 лајка? Ме заболе. Мене мојот профил ми е архива и постирам за да ги иам утреден ко спомен. А вие шо се замарате дали лајкнал, кој лајкнал, тоа се муабети за основци. Да живеам од лајкови и инста трафик, мења. Ако у 2024 некој уше се замара со тоа, нека се врати у 2016 . Тогаш беше тој период кој колку лајка има, па фоловерс, па фаца бил, која фаца, на Мијалков децата ги множам со 0 не па некој друг. Пред Господ сите сме исти
Зашо бе, баш се чести миленичиња пошто се мали, можеш во стан да ги чуваш и јадат многу помалку од кучиња со помали трошоци општо.
Чинам утре календарски започнува есен, милина значи иако сум летно дете, посебна магија ми имаат и есен и зима како годишни времиња. Си сакам снег, дожд, не сум зиморлива ич. Е сега, ме нервира само кога се топи снегот, или пак кога ќе заврне многу дожд, нели ова е МаЌедонија, па на секој чекор има дупки полни со вода од дождот и баш тогаш некој копиљ, за инает ќе забрза со беемвето или аудито, па ќе те испрска со каллива вода, инаку другото се е супер-фино, си пиеш винце во загреана атмосфера, си шеткаш додека ти крцкаат жолтите листови под нозе, си правиш фотосесии покрај пожолтените дрвја или пак на снежните идили
На Инстаграм исклучив и скрив бројка на слики од првиот ден кога беше то воведено. Пошто стварно не ми е гајле и неќам ко ќе гледа некој да му менва дали имам 100, 300, 500 лајкој. Ко ќе не ме мрзи полека, полека бришам и кој пратам и кој ме прати, последни два месеци тргнав 400-500 луѓе. Едноставно како старејш се менват приоритетите и само сакаш мир. И баш гледање кој колку лајка/фолоуверс има и воедно дали крие лајкој ми е многу детски. Последно во средно ми беше интересно и еве декада се напрај од тогаш. Баш како шо рече @Feminka22 профилот ми служи како архива. Едино ко ќе симпатишам некој провервам стори дали лајкнал.
Деновиве масовно на Фб се продаваат Aјфони ( ваљда зимаат 16ка), и тоа по цена скоро ко у Телеком, А1 а се користени, battery heatlh отидено. Зашo да даам пари за користен телефон, кога за истите можам да зеам нов? Ако ги симнете цените малце, бар 100€ помалце од провајдериве, може и ќе ви го земе некој. Тој си го користел година дена, и пак по истата цена. Така бизнис не се тера
20+ во септември е полошо отколку да е тмурно, ладно и врнежливо, на сите им е жешко, сите негде брзаат, сите нервозни...
има луѓе што не се разбираат, ќе го купат.За жал таква е реалноста. Ама како рекле, ако не се изгориш еднаш, нема да дуваш на се што е топло, така и овде.
Дали ние што немаме ајфони, смееме да користиме телефони и да извадиме телефон во јавност вака некаде кога ќе сме на кафе итн?
Во име на дебата, плико со пари (и честитка) - како практикувате да го давате? Парите во плико, пликото затворено, па пикнато во честитката? Или на правилниот начин , парите во честитката, и заедно двете пикнати во пликото, па затворено?