Е супер. Абе банана држава сме, и после зошто сме се селеле во Ск. Епа ќе се селеме. Колку по на север, толку поголема плата
Искрено во Скопје испод 50 илјади не те преживуваш. Инаку да, искрено иако сум во слична бранша (посакувам да сменам понатаму, а ќе биди), премногу има казина и кладилници. Ама од друга страна па и луѓево бе, менталитетот каков е... сите зркнати за брзи и лесни пари.
Ако имаш свое место, односно не плаќаш кирија или кредит за стан, и те како 50че е солидна плата за живот во Скопје.
Таман работа, и јас сум вработен таму и не ги терам со шиштол или убедувам да влезат. Сами си идат, зборо ми беше премногу заинтересираност има, значи премногу. @MissChievous значи уште поскап бил живото, мислев дека че претераш и со кирија со тие пари..
Do sekoja pr. apetka ili skolo ili sendvicara kladilnici stavile, odma do niv brzi krediti i kazina i toa e taj magepsan krug
Државата ја правиме ние луѓето, само што често забораваме и не се бориме. Секој да го подисправи своето и те како ќе има некој напредок. Само ние си страдаме пак од наши.
Па не се криви ни луѓето. 25 000 за што ќе ти стигне попрво? А не е ни толлку минималната плата, помалку е. Сите гледаат како да опстанат, сите гледаат да си овозможат подобар живот.
Овие игри казино и кладилници ги сметам за играње на богатите, како уживанција, а не начин на заработка ама тоа си е мое мислење..
Ти така ги сметаш, ама реалноста е дека само сиромаштијата влегува тамо, односно поголемиот дел шо влегува се сиромашни луѓе.
Не знам, немам искуство со кирија, ваљда зависи и колку е киријата. Меѓутоа многу е битно и на шо сè сакаш да трошиш пари у животот, дали знаеш да располагаш добро со парите и дали си способен да штедиш. Едит: и што подразбираш под "солидна".
Имаше порано еден интересен експеримент на глувци. Клај го во никаков кафез, изолиран, без храна, без занимации, дај му вода обична и вода со дрога внатре, во поголемио случај че ја одбери таа со дрога. Стави го во убав кафез со занимации, храна и се останато. Секогаш ќе ја пие чистата вода. Така и со луѓето, барем поголемио дел, да имаат убави плати, да се задоволни мислам дека никогаш не би посегнале на вакви работи. Самото општество систем не дели на сиромашни и средна класа со огрооооомна разлика на богатиот и секогаш не тера на разочараност, меланхолија и депресија...
Имав малку живеено во Скопје, мислам патував и седев и далеку поскап ми беше животот, а онака скромно просечен го водам, со по едно излегување во ресторан-кафич и преку ден ако излезевме на сладолед или нешто слично со девојката. Потоа сеа пред половина година имав понуда за практиканство со можност за работа ама не ми фаќаше акалот да тргнам откако го напрајв есапот.. и сфатив негде отприлика ми требаа 50 илјади за да водам ок живот и да не му се секирам дали ќе платам кирија, сметки и дали ќе бидам најаден. Не прифатив инаку оти сметам дека ми е премногу брз животот таму и прескап.
Ами немора да ми објаснуваш на мене, и јас потекнувам од мало место и знам како е. Односно потекнувам од изолираниот кафез . Нема кој не се коцка и кој не се дрогира тамо. Веќе неколку пријатели ми умреа од дрога. Искрено, и јас за малку ќе го фатев лошиот пат ако останев таму. Добро е шо се преселив во поголем град во Мк. А тие во Ск не се свесни колку се привилегирани со тоа што се им е достапно во кое било доба.
Е јас во средно голем град живеам, и горе долу океј беше, иако отсекогаш важи за град што имал најмногу криминалци (и педери по глава на жител хаха која иронија) и предиспозии имав да тргнам по лоши патишта ама ете некако останав на некој здрав пат и услужувам комарџиите. Едино нешто што би ме измотивирало е да се преселам надвор од државава каде што има добар систем и општество за океј живот.
Ептен ми се вртат во глава руски песни, моментално сум заразен со гламур, нели само таа излага на тик ток. Претходно бев со Џага џага, па пред неа со уште 10-на. Свака част на браќата од мајка Россия.
Шо премногу брз? Сакаш со кола, сакаш пешки- за исто време стигаш од нова до стара железничка на пример. Живци ако имаш вишок, изволте. И време.
Поголем стрес, поинтензивен, брзо темпо на работа и социјален живот... вака накратко кажано, шо знам или па јас така го доживеав таму.. а не живеев многу далеку, Карпош 1.