Ако не е во состојба да ги стерилизира, нема ни да ги чува. Што се криви мачињата што ќе останат уличари? Епа викате демек немал да ги остави на улица, штом не ги остава на улица е во состојба да ги рани, а штом има 20 мачки треба да се погрижи и за стерилизација.
Ништо бе. Јаде трици као добиле пакетче од 150 ден, а живее ко пештерски чоек. И јако ми е да го спомињам секој пат коа се курчи за шо колку пукнала пари, пошо штеди на вода и струја.
Кога веќе зборувате за тролови, каква врска има тролерисувањето со начнатата тема? Можеби начинот на кој беше кажана мислата е дрзок и директен, но има навистина поента. Факт е дека неконтролираното размножување на домашните миленици е огромен проблем. Мене некој да ме праша, ако сакаш да чуваш миленик, ќе го стерилизираш/ кастрираш. Во спротивно, ќе си плаќаш годишен данок од убава сума. Немам ништо против тебе @Stark , не ме интересира колкав двор имаш, ниту па колкава плата земаш. Не викам ни дека нема да им даваш храна на мачињата. Но, и ова е факт, дека сега имаш 4, потоа тие 4, да речеме две се женски, ќе ти донесат 8. Потоа тие 8....проследи ја математиката. И пак не е проблем што ти храна ќе даваш, туку дел од нив ќе завршат на улица, затоа што мачка во двор нема да ти седи вечно, тие ќе се размножуваат надвор со мачки од луѓе како тебе што не сакаат да ги стрелизираат/кастрираат мачките и проблем. Голем проблем. Не го правиш само ти, но зафаќаш и тоа добар дел од него. Пак ќе ти кажам, ништо лично против тебе, ама наивно да се размислува, мачкава ми се породи, ќе чувам мачиња.
Нема смисла на веќе родени мачиња да велиш дека требаЛО да ја стерилизира. Секако не ни била првично негова туку дошла, синкир вие одите по улица и стерилизирате рандом животни, или сите што ви дошле во двор сте ги стерилизирале. За понатаму ако веќе ја чува да, препорачливо е, тој си знае. @Stark преслатки се пуфчињата мали. Скроз би зела едно, но во двор имаме две кучиња што не сакаат мачки, а мајка ми не сака да чуе за стриктно дома. Инаку омилени ми се.
Денешниов пост не ми беше мене намера шо че прам, како че прам и шо би било во иднина, а кажав дека не се погоди момент за да ја стерлизирам пошто 3 пати се омачи набрзина.
Како му направивте анализа на Старк, алал да ви е. Вистина некогаш не знаете да се израдувате кога гледате дека некој е среќен. И после затоа сите ќе одат во СДК без цитирања.
Добро, де. Супер. Ама... Кога му се замешуваш на друг, треба и да му понудиш помош доколку не може сам.
Искрено и мене ова ми беше прашањето пошто не сум упатена за некакво тролање јер приватен живот ми е моментално приоритет и не сум способна да забележвам било шо, па жими денес и вчера шо можам да висам оти имам време. А темата, за мене, е многу важна и ако се збора на та тема имам мислења и само мал дел од нив пишав до сега. Ама видов дека нема потенцијал за дискусија и као, ќе чувам подеталните мислења за некогаш во иднина кога нема да се става чоек во центарот, пошто то е претерано (било тој човек да е Нина јер ја начна темата, или Старк јер го нападна за темава, едноставно не е фер дискусијата да е на грб на чоек кога има толку многу да се збора независно).
Кај мајка ми имаме еден мачор и оставивме едно маченце од лани, сега пораснато е и стерилизирано. Во дворот доаѓаат еден куп мачки, доаѓаат и се врткаат низ двор, и сега треба сите мачки што доаѓаат во двор да ги стерилизираме.
Јас само да кажам уште ова. Ама пред тоа да ви потенцирам дека не мислам ништо лошо туку ова е тоа шо го имам приметено во "милата" ни Мк. Обично тие шо рипате за стерилизација на кучките и мачките, сте од Ск. Обично тамо тоа го прават луѓето. Не викам дека нема и во помалите градови, ама помалку се. Овој муабет за стерилизација да му го напрајш на човек во помал град, прво ќе ти бара пари за стерилизацијата а второ може и ќотекот да си го добиеш. Во помалите градови, луѓето ( не сите нормално) обично се навикнати мачиња и кучиња да чуваат во двор. Па шо праеле тие или не праеле, не ги интерисира. И да ги интерисира и да ги чуват дома во станот или куќата, сигурно нема да дадат пари за стерилизација. Ги парат еднаш годишно, за да си зачуват некое потомство, другото ќе го дадат, остатокот на улица. Оти кај нив владее тоа менталитет оти греота е да ги лишеш од родителство а и сакаат да си зачуваат мало од истото животно. И не е крив народот шо не ги стерилизира, крива е државата шо не опне казни на сите шо не го праат тоа, и плус шо не ги гледат убаво животинките. Додека тоа не биде, не се надевајте многу, не се мешајте таму кај шо не ви е местото, и бидете среќни шо некој се понудил бар лебот да го дели со животното. Оти гледајќи каков народ сме.....
Џабе е тоа, никој не го носи животното на стерилизација, макар бесплатно да е, не гледаат потреба од тоа.
Ама ете во Гевгелија било бесплатно, нека направат секаде. Ама па и тоа што велиш, нас менталитетот ни е таков. И да е бесплатно никој нема да однесе.
Еден пример од такви помали градови: нема каде да се стелиризираат па луѓе се обединуваат кога треба да се носи мачка да се стерилизира за наместо сите, да патува само еден по 100 - 200км. Друг пример: патуваат и во меѓувреме снемуваат материјал па се враќаат (на закажано ама никој не им кажува). Едно средување е по 3000 - 4000ден + пат што сега некој треба да го вози 3 пати (затоа што не дозволувале да се земат веднаш) плус што ќе останат таму. Ова е последно што го дознав кога едни решиле сите мачки околу нивното маало да ги стерилизираат. Имало на повеќе места бесплатно и не е точно дека никој не ги носи, само во дадениот момент имало толку, ДОЗНАЛЕ толку и толку ги однеле. Многу знаете да коментирате за нешто што не ве засега. Речникот и јазикот на членката што знае за сите, а не излегла подалеку од 5km од дома ми е особено интересна појава па почнав да ја игнорирам ама не само што не сака (или не може, не судам) да сфати некои работи туку крева тензии. Муабетиве...не постирај во недела зошто оние со „сестрани“ мислења немаат што да прават па замараат други. Дури неверојатно е како не се способни за никаква емоција освен нешто кое се врти околу нивните недостатоци.