Во глупана Америка, скоро имаа случај што нема ни да ти текне на памет дека може да се деси. Постар човек имал болки на лева страна и му кажале во болница друже итно вадење слезината, а овој сакал кај друг доктор да оди за второ мислење ама го убедиле да не чека. Сред операција, хирургот се зачудил дека слезината била многу поголема и на десна страна, наместо лева и ја извадиле. Само шо... хирургот му го извадил јебениот џигер шо мислел дека е слезина. Човеков умира од внатрешно крвавење. За да биде поинтересно, минатава година истиов хирург имал слична грешка со погрешно вадење орган и уште работел. И уште поинтересно е што ниеден од оперативниот тим не реагирал дека вади црн дроб. Абе најнеписмено створење да го прашаш ќе ти каже што е црн дроб, што слезина, а не хирург. И си викаш ако во Американа може вакво нешто да се деси, што останува за другите.
Сдк ако ги пуштите децата на интернет уште неписмени, веројатно прво што ќе направат е да научат програмирање. Yea right... Останува брате Си да дојде, да видиме дали може и поинаку.
Не сакам да знам Замисли ја еднаш ко бев на питијада ја терав ун диетата. Толку бев нервозна дека на режим нели...ми идеше да го испокршам мм оти ми мљачка до мене
Сакам да кажам дека напишав реферат за нова тема, огромен текст. И на крај ми се прицна и исклучи табот. Толку беше од мојата желба за денес да пишам. Арно си мислев во ворд да си почнам.
Немам апсолутно ништо паметно да кажам, добри сме, здрави , живи, на работа, чекам да стигнат нарачки од амазон. И друго ? Па си продолжив да јадам благо, демек викам ај да не претерам , да се обидам со јаболко , може ќе ми се одјаде, ама најубаво можам да доловам со слика што сакам да кажам. И така
Денеска се успав за на работа,па решив дека секако ќе го јадам стапот прво да седнам едно кафенце на раат да си испијам. Пуштив една песна ја објавил другар фатаморгана од саф се вика и едно спотче има песнава протести по Скопје, вака го гледам знајте ли дека на 70 посто од протестите сум бил Од студенски пленуми смилковско и други да не ги бројам па и вака кога ќе размислам постигнавме нешто како студенти бар, студенските ги реновираа и уште некој ситни работи, незнам зошто веќе студентите ко безгласна буква се сега ко да не постојат. Ми фали и Скопје, ми фали маракана и дружбите, тешки но убави денови беа…
Пеачката Есма шо почина, ја знам само на лик, неам слушано нејзини песни нити знам нешто повеќе за неа. Знам само дека доста луѓе ја сакале. Гледам сега на српски портал објавени слики од нејзината куќа шо ја оставила на државата. Викаат дека куќата требала да биде музеј. А куќата е во распаѓање, се е сокршено и испљачкано, едино шо оставиле се нејзините слики и голем крст со слика од некој Стево. Колку многу коментари прочитав, не само од македонци, туку и срби и хрвати и шо ти знам шо беа, сите викаа срамота за Македонија, една куќа и оставиле и таа незнаеа да ја сочуват. Искрено, срам ме фати шо сум од Македонија.
Стево беше маж и, починал од времето не ни го паметам. За другото излишно е да се коментира. За пеење беше незнам како да ти објаснам пиши на јутуб и слушни. Имаше над 40 посвоени деца роми, никој за ништо не се иззамара на крај … државичкава ни е партал и тоа е
Срамота и греота како ја оставиле куќата да се распадне така. За државата зборам, оти куќата била на државата оставена нели. А за децата, прочитав оти не и биле посвоени, туку она им била како foster parent, ќе земала по некое ќе го гледала 2, 3 години и пак го враќала. Ако тоа е точно, тогаш тие уопште не и биле деца на неа, мислам, не се водат како нејзини деца. Ама државата бре едно обезбедување да ставеше тамо.... срамота. Сите ни се смеат.
За случајот со Есма, дали имаше емисија на Код или не знам некоја друга емисија од типот на истражувачко новинарство можеби беше и ако добро се сеќавам станува збор за нерасчистени имотно-правни односи. Иако имотот е оставен на државата некои од синовите, пази некои, не сите од децата што и се посвоени се тужат со државата и ја оспоруваат вољата и желбата на мајка им. Така и за гробот исто знам не и е ставена, поточно подигната плоча, ако во меѓувреме некоја иницијатива не е покрената па ставена преку таа иницијатива или донации и за ова што не е ставена плоча исто имаше нешто проблеми и беше во врска со децата. Стево и беше сопруг, немаа свои биолошки деца и имаа посвеоено 40 дечиња, на кои на сите им дадоа или музичка едукација и занает или друг вид обуки да си го најдат својот пат по светот кога нив ќе ги нема и ете дел од нив како им вратија и се заблагодарија за сета сторена добрина.
Јас па разбрав дека не децата, туку некои други роднини се спореле со државата. Којзнае како е вистината. Како и да е, и како народ и како држава не не бидува.
Да и нејзини братучеди беа во игра, иако повеќе право имаат децата. Мислам стануваше збор за затворено посвојување кадешто децата се рамнат како биолошки и имаат приоритет при наследување од родителите во однос на друга линија роднини. Ајде настрана тажни теми, да се расположиме малку на темава. Ме потсети на други времиња кога ја спомна неа, еве една песна во нејзино и негово име и да ја чуеш како пее
Сабајле возам една жена 72 год. и низ муабет кажува дека за да иде преку фондот на државно на бања морала да дава мито т.Е врски да фака, за да иде да се лечи.. значи хаос, распад система...
За последнава реченица, а поврзано со темава за Есма, моето гледиште е вакво. Бидејќи станува збор за нерасчистени имотно-правни односи и спор што се влечка по судниците или стои во нечии фиоки, немам точен увид за што конкретно станува збор, па можам само да претпоставувам до што е, државата нема механизми да се меша во врска со спорот. Ама има преку Министерство за култура да и оддаде почит или пример куќата е во одредена општина, знам дека општините имаат свои законски и подзаконски акти кои самите ги донесуваат и спроведуваат на дела и можат да изиграат нешто на тој начин. Ете тие нека подигнат споменик, обележје како што имаме пример за Мајка Тереза. Е сега затоа и се турка или донесе закон за локална самоуправа, поголем дел од државните пари да се слева во општинскиот буџет еве за вакви иницијативи. Нека покренат и подигнат нешто, ќе доаѓаат фанови и туристи од дијаспората, претежно постари генерации што ја знаат и ценат, да и одадат почит. Така автоматски ја билдаш и емономијата преку зајакнување на туризмот вака. Еве им иницијатива од мое име. Друго за полнење на општинските каси треба и ефективна наплата на даноци на имот, а ако не се лажам куќата или кадешто гравитирала и живеела Есма е во Шутка, тоа спаѓа под надлежност на општина Гази Баба, а таму знаеме сите колкави и какви се процентите од наплата на даноци и зошто. Секогаш не е до државата, колку до народот во неа, сепак државата сме ние, народот. Има многу нешта на кои треба да се обрне внимание и сработи. Ние како граѓани можеме само да ги користиме своите законски права, да се сплотуваме и преку притисок врз јавноста да носиме до одредени поволности за сите нас преку соодветни законски измени. Ама колку сме активни како поединци или во групации, како активен граѓански сектор во законските измени, мене тоа ме зачудува и ми се врти во глава како прашање . А во една тема и го дадов одговорот на ова прашање.
Денеска цел ден ментално сум во недела. Пуштив бојлер сабајле (ај секако требаше да се туширам), цел ден се чудев зошто маркетите и бутиците секаде низ Битола се отворени, што им текнало, и за крај ја пуштив машината за перење сега мислејќи дека е евтина струја. А пред да се приберам си пазарев бидејќи знаев дека утре скоро сѐ ќе е затворено. Ама тоа е, кој нема во главата ќе има во џебот. (заеднашништонеезнам)
Може треба у Непопуларни мислења да пишам, али ај да ме хејтате на раат... Ја Кафка не го можам... Не у смисла стил на пишување, литературна вредност, него као човек... Као професионална жртва по вокација...
Или да пишуеш колумна... Може некоја тема да ти се отвори на форумов, без цитирање... Оти ти и си ја поставуваш темта, и сама си даваш и позитивни и негативно страни, и си прашуваш и си одговараш и веќе нема што повеќе да се каже...