Сакам да ви кажам дека денес е денот кога пред 5 години прв пат излеговме со сонцето мое. Ова е најубавиот ден од мојот живот бидејќи запознав прекрасен човек кој несебично ме засака и целосно ја заслужи мојата доверба и во него пронајдов се што барав. Среќна нека ни е годишнината мило мое. Толку ми го разубавуваш животот што ми лета времето, мислам дека побрзо ќе остарам. Но и не ми треба подолг живот ако те нема тебе во него. Да ни се множат срце мое, па и годишнини од брак да си дочекаме. Ти си мојата втора половина, без тебе не сум целосна. Те обожавам!
Многу ме нервираат личности што ми идат на гости непоканети односно ненајавени. Јас си сакам и кафиња и луѓе,ама ред мора да се има.А не,некна со цимерката генералка правиме во станот,а две колешки ни ѕвонат на врата,кафе да правиме.Знаеја дека сме дома,па не бива пред врата да ги оставиш,они ако немаат култура,ние имаме. И целиот стан растурен,ствари насекаде,едвај место да се седне.Не за друго,доста непоканети,после и ќе оговараат,овие хаос им беше дома Прееска,си идам од факултет утепана,таман да легнам,доаѓа пак една колешка,била близу па си рекла да не посети,а знаеше дека ќе спијам Епа следниот пат така да ми се топуса некој,ќе го отерам у бестрага! Некој си ја организира секоја минута,не се сите безделници,стално алјак да седат...
Солзите сепак се по вредни од насмевката, можеме да се насмевнуваме на било кој, но сепак плачеме само за оние кои ни значат...
Варена пченка...враќа спомени од детството, ме потсетува на топол дом, свиткан во свежа есенска квечерина, седнати пред телевизорот, кој нудеше оскудна програма и со нетрпение чекавме да почне „Квискотека“. Татко ми брзаше да даде одговор пред кандидатите, а јас и брат ми се восхитувавме на неговата интелигенција и во себе се гордеевме со нашиот единствен јунак. Јас бев најголемиот љубител на варената пченка и се трудев да го игнорирам прекорниот поглед на мама кога ќе се пружев да земам ште еден клас и во себе постојано си ветував дека кога ќе пораснам, ќе се омажам и ќе имам свој дом, ќе си варам цело тенџере пченка само за мене Детство...далеку зад мене, а се сеќавам на секој детал, како да беше вчера... Носталгија...
Колку само ме направи среќна една чинија од Гранд кафе Ја обожавам.Фала му на чичкото со брковите Грижливо ја чувам за новиот дом
Еве ме и мене, се кријам од ладното и дождот надвор. Другарките ми велат дека многу ми било убаво, како во хотел сум била. А не сфаќаат дека токму тоа и ме мачи мене, и поради тоа си одам дома секој викенд. Во хотелите е убаво, и чисто, и сите те служат затоа што си гостин. И овде е така, и затоа срцево ми нема мир откако сум дојдена. И само чекам да врват деновите, да дојде петок па да заминам во мојот дом, барем 2 дена да почувствувам семејна хармонија, топлина и блискост. И знам, сама сум виновна, никој не ме тераше со сила да дојдам. Ама вистината е дека 100 пати се покајав за таа моја одлука. Одозгора на се, мајка ми ги згрешила теглите ајвар кои ми ги даде, и двете се лути. Да бев дома, само ќе се симнев до подрумот и ќе си земев благ. Уф, на моменти мислам дека душата ќе ми пукне, и не знам што да правам.
Знам,знам дека сум досадна пак мојата полна Месечинка Пуштајте среќа за утре сабајле ќе ми треба многу
Гледам имаш 23 години, така да најголемиот дел си го поминала, ајде уште малце. И уште полошо е од хотел, не те служат во студентскиве домови. Разбирам како ти е, и јас мислам дека не би издржала... затоа и те цитирав.
Хеллоу грлс..После многу време јас пак се вратив на мојот драг сајт Фемина..Долго време се немав вкучено поради обврски со училиштето :roll: ..Инаку арни?
Каква ноќ! Прво се изнаплакав пред странец. Човекот ме возеше со такси, ама успеа да допре една многу чувствителна тема за мене. И се изнаплакав,кој знае што си помисли. Ама до сега пред најблиските се немам исплачено така. Едноставно некои луѓе се такви,ти создаваат доверба. Народни луѓе. Овие моите во близина се некако ладни. И еве ме сега стуткана,јадам бурито и се надевам на подобро утре.
На лице насмеана,на уста весела, шеговита, духовита, а во душата црнило,темнина, мрак. Никогаш нема да дозволам некој тоа да го види, а најмалку оние кои што ќе бидат среќни ако дозволам тоа да го приметат.
Во денешно време многу е тешко да се најде човек на кој потполно ќе му веруваш, човек кој ќе биде безусловно со тебе секогаш, човек кој ќе те држи за рака и во најтешките моменти без подоцна да бара нешто за возврат. Јас сум една од оние среќнички кои имаат таков човек до себе, го имам дечко ми Едниствената светла точка во мојот живот, човек кој безусловно ме сака и кој ги прифатил сите мои маани, човекот на кој можам да се потпрам, на кој можам се да му кажам, сите радости и маки човекот на кој му верувам, понекогаш повеќе верувам во него отколку во самата себе. Тој човек сакам да ме држи за рака до крајот на животот.
Арно рекле „ секое тенџере, соодветно капаче“. Смешно е кога човек ја знае вистината за некои работи, а друг истата му ја негира, згора на тоа и убедува, кажува приказни.Смешно е тоа.