Прекрасна помината вечер со позитивно друштво .Цело лето до сега водев здрав живот и ајде пуштив срце да јадам пица и палачинка ,некако многу ми дојде ама оправдано со тоа друштво богами ке додадеш некое килце
Се наоѓам на некоја неодредена точка во мојот живот, од каде што се прашувам што понатаму. Чудно е чувството, ни добро ни лошо, баш неодредено. Си велиш, што правев јас до сега и зошто, дали требало, дали било она вистинското.. ќе биде ли некогаш? Сум се обидувала ли да излезам надвор од границите на општеството зошто така требало или по сопствена волја? Дали работите и личностите што ми се допаѓале биле навистина "мои"? Или се е тоа под друго влијание.. И овојпат имам лошо претчувство, за првпат не сум оптимистички настроена кога станува збор за гледање на далечина. Ете, не било сеедно. Сум се видела што сум се видела, зборење на телефон секој ден ама не е тоа тоа. Ти станува убаво, и за 2-3 дена сакаш пак да се видиш, и забораваш.. Други градови. Уште еден месец чекање. Сама себе се молам, имај малку памет! Не се затрескувај пред време, да не си чукаш глава на крај. Од ситуацијава ќе испадне нешто.. Крајно лошо или крајно добро. Во очекување.
Најболната вистина, е вистината која ја носиме длабоко закопана во душата. Испуштаме крици за да ја изречеме, но секогаш останува недокажана..
Каде е озбилнажена да ја частам, погодииииииии................. It`s a girl Си имам ќеркичка, си имам ќеркичка, си имам ќеркичка. Уште не ми се верува, ќеркичка, кога менуваме со сопругот пелена си стоиме и си ја гледаме и сеуште некако не ни се верува дека имаме ќеркичка, сега сме комплетни а можеби и не сме, ќе видиме. И така на 04.10.2014 во 19.55 станав по трет пат мајка, да ми кажеше некој пред некоја година дека за 3 години ќе имам 3 деца ќе си приумрев од смеење а сега си приумрувам од убавини (лажам малку и од неспиење) Малава дојде на свет како права мала дама, без оставање хаос зад себе како батковците, женско бре си ја штеди мама а и не беше голема како батковците само 3620/50, лесно си поминав овој пат. Целото породување некако ми помина како низ магла затоа што ќе си умрев од радозналост што ќе биде бебево не можев ни да се концентрирам на дишење, цело време само мислев што ли ќе биде бебево, радознала женска глава, цело породување ни помина во слатко исчекување да видиме со сопругот што сме направиле, дефинитивно ако останам повторно бремена нема да сакам да знам што пол ќе биде бебево, вака ептен возбудливо ми помина породувањето. Прво во собата ги донесе сопругот децата, малиот нема појма што се случува само покрива ушите со рацете кога плаче малава а Матео прашува каде е новото братче, му викаме нема братче овој пат има сестричка а тој врти со очите и вика: Леле ќе биде bossy како Лина? (внука ми), па не знам синко, женско е и се е можно. А тек свекрва ми, само што видовме дека малава е женско се одлучивме дека ќе се вика по свекрвата, влегува жената во соба, не кажавме што е бебево и вика сопругот: Летиција meet Летиција, ќе паднеше жената во несвест, се прерадува мислев ќе ни приумре од радост, што да кажам после 4 сина и 10 внуци конечно внука, си заслужи жената внуката да и го поднови името. Сега мислам дека се што имаше розово во градот купила свекрва ми, собава на малава е преполна, не дека не купувала за другите внуци ама сега онака прописно претерала со купување, добро е барем не ми ја киднапира. Да си кажам или не? Ај ќе си кажам и малава е копија на татко и, три деца бре и ниедно на мене не личи. Добар избор сум направила со сопругот и да не беше најпрекрасен сопруг на светот ќе си го трпев, многу убави деца знае да направи. Ајде почастете се:
Ветив мекици за цел форум Нека е жива и здрава што ехо не може да види Озбилна из далека види Видовита тета Озбилна ола ла среќна bittersweet, ќе частиш него како За почеток еден билет во еден правец да ги донесам мекициве Скромна
Најголеми честитки за Битер да е жива и здрава Летиција само радости да ви носи. Додека читав на почеток си велам еее Битер второ дете кои убавини оно излезе трето е одамна не сум била на форумот. Браво Битер така се работи. Уште еднаш најискрени честитки и ви посакувам на сите многу здравје и среќа.
Детството не би било детство ако некој ти става товар на одговорност. А децата ? Децата растат и учат неверојатно брзо.Но учат од нас.
Добар ден, убав ден. На ист начин се вработуваат младите во две ГОЛЕМИ и добродржечи банки. Како и во ЕВН каде луѓе од мојата генерација кои едвај завршија факултети, во средно одеа на полагање и повторуваа година сега носат машни и кошули и глумат деловна елита.
Се радувам што јас сум му причината за покажување на вистинската љубов Уште повеќе сум среќна кога знам дека сум на неколку луѓе причина за среќа,бидете ми само живи и здрави ветувам дека вечно ќе ве сакам и насмевнувам колку можам повеќе. Нема ништо поубаво од тоа да добиеш комплимент а и пофалба во исто време Ви посакувам остатокот од денот да ви помине во добро расположение
Денес посебно сум расположена ,иако причината не ја знам ,дури и намуртените кошии ми се смешни ,колку е убаво да си на другата страна каде што среќата владее и не дава ништо да те турне ,на некој начин научив да су задоволна со она што го имам , ако не си задоволен со тоа што го имаш никогаш нема да бидеш среќен, колку и да постигнуваш само ке бараш повеќе а тоа на крајот ке ти ја земе цела твоја среќа а ти нема ни да осетиш .
Кога ќе ми текне за кои луѓе сум имала позитивно мислење, ми иде да си ја мавнам една со двете раце па ко за беља или среќа, сетив предвреме нешто не штима, помислив може се лажам, ама испадна дека сум била во право Арно рекле, времето ќе си го покаже своето, фино е да си бркаш своја работа, па кој мати нешто, сам ќе си се изјасни, поголема вистина од ова нема
Се додека мајка ти и татко ти јадат пиперки дома само да ти го платат школувањето, а ти пиеш цел ден и цела вечер и не одиш на факултет, за мене си неблагодарно ѓубре. Чао, пријатно
Преку една ден тренинг досадно ми е по дома чекам да дојде вторник четврток и сабота и малце од дома да испаднам бидејќи кога немам тренинг ТАПА ми е денот па ајде уште малце и да се спремам и да одам на тренинг СРЕЌНА СУММММ Ме чека голот за бранење А и да да се пазам да не добијам некој фалш во глава како што ми се случи минатиот тренинг главата ми беше го Г шестка
Тема 1 - Станувам зло на две нозе кога пијам ракија. Дај ми вино, играм и пејам. Дај ми текила, скокам ко луда на сите песни. Дај ми вотка, само нозете ми откажуваат. Дај ми пиво, само ке се смеам. Ама човече, дај ракија и прати ме во војна. Има Русија да ми се клања. Цела вотка им е џабе на светов против мене и чашка ракија. Мислам дека сето црнило на земјава и сето скриено зло во мене изглегува низ устава кога ке се помеша малку ракија во мене. Од денес - само вино ќе пијам, умерено. Тема 2 - Сакам да кажам фала на Бога, а деновиве секако ке кажам и во црква, за тоа што ми даде ваков партнер во животот, што ми даде очи, раце и нозе, што ми даде нормални родители, што ми даде памет да расудувам здраво кога треба и што ми даде крилја во моментите кога сакав да се закопам под земја. Фала му што на сите негативни луѓе кои кукаат за се и се неспособни да се борат, ги трга од мојот пат и ми дава да живеам покрај силни луѓе кои ме прават посилна. Што ми даде борци околу мене за да станам и јас борец, а не кукумјавка на која сите и се криви. Фала што ми даде способност за интроспеција, за да видам каде грешавам и да се поправам. Фала на Бога за сите моменти кога светот се уриваше, а Тој стоеше до мене и ме чуваше. Тема 3- не се битни алиштата, никогаш не биле. Битна била душата, а парталите биле тука да ја покријат голотијата. А ние ја храниме душата со партали. Тема 4 - леб со пиперка е закон храна. Тема 5 - Она не жели да има тридесет, а не зна да је Бог некима дао дар да буду млади заувјек. Доста се пет засега? Ај отидов да мислам.