Зависи кој како го сваќа ова. Децата учат од нас да,ама некои работи треба ние да им помогнеме и осознаеме уште од најмала возраст,додека они се уште не знаат што значат,односно не ги распознаваат. Мал товар (не оној товар како мазга на магаре ) на одговорност не е на одмет.
Значи многу се напиздувам од луѓе, најчесто мажи кои ми коментираат и објаснуваат, а притоа гледаат само во еден правец како коњи кога ќе им стават барикади на очи и не разбираат дека освен жени кои од нешто прават едно големо ништо, има и такви способни да ништото го направат нешто. Личност која се обидува по којзнае кој пат да протне епитети кои не важат за една жена... тоа се тие евтини и ниски обиди за деградација кои вака директно кажано не му личат на едно мажиште што се расфрла со ничевизми, достоевизми и тие подмукли финтици со кои упорно флертува во недостаток на аргументи. Не знам како да го наречам овој тип на растревожен маж но според сите непристојни обиди да ми прувне некаква поента и да ми залепи етикета на мене лично а и на целиот женски род, најверојатно наредниот пат ќе го наречам куроглав. Чувствувам некоја нервоза во неговите зборови, а се манифестира со репетивност на мислите која кај соговорникот предизвикува чувство на досада. Немој да бидеш досаден. Со срце големо колку Русија, сигурно чекорам по патеката на која има и ружи и трња, со видлив оптимизам барам излез од безизлезот и се обидувам да останам смирена во хаосот. Ќе излезам да се смеам, да плачам и пеам, и ќе се обидам да посегнам по ѕвездите стоејќи со нозете цврсто на земјата бидејќи тоа е животот, а за да живееш, треба храброст. Јас сум една жена во овој машки свет, сакам, можам, морам и ќе издржам машки. Јас можам да мешам малтер, да соѕидам куќа и да возам трактор по нива, можам да бидам и механичар и да заварувам коли, да асфалтирам улици и копам ровови во случај на војна, а ти во меѓувреме пробај да родиш. Како да ви кажам... многу се зборува, а малку се знае.
Среќа е да си стекнеш навика да ставаш по некоја трошка на прозорец и секој ден да ги слушаш звуците на разни мили летечки суштества како почеток на убав ден. Ништо не може да те израдува толку како дружба со деца и со животинки! Само едно опуштено утро во кое сончевите зраци и музиката на птиците ти го заменуваат алармот, некоја добра книга во автобус покрај прозорецот и долга есенска прошетка со звукот на лисјата под чевлите, и ништо не може да ти го расипе денот. Aj поздрав.
Ако гушкај си ја "бившата",а со мене не се поздравувај и не ми пишувај веќе ..т.е арно ке е ако уште ти е бивша
Ако можев да сторам нешто, зарем не би сторила? . Но, немам јас никаква улога овде. Одлуката не е моја. Жал ми е, навистина.
Вистина било она -Ако не е со мака не е сладко ! и размислете дека сите убави и сладки работи се добиени или дојдени со мака !
Животот без секс е удав, толку е здодевно. Не сум родена за целибат, не можам да бидам тетка од социјално облечена во Астибо, со тесни чевли од кои и се жуља најмалиот прст на ногата. Со доколенки, со црни доколенки и класична сукња под колено. И да немам секс на 45. Ни јас ни тој, препушени Родео, прејадени домашна супа. И наместо порно парламент, иако и политиката е некој некст левел секс - мајндблоун. Мислам дека ќе изгорам како краток фитил ако не ја пренасочам цела оваа енергија во еден конкертен субјект наскоро. Целото мое секојдневие вришти значаен дефицит на секс, здодевно ми е да живеам без мојата хиперактивна преокупација, хоби, наречете го како сакате. Од страна се кладам дека изгледам очајно со избацен фак ми поглед, ама не е до мене до незаинтересираноста на маж ми за моите предлози. Континуирано ! Сега го разбирам терминот швалерај, ама сепак не го практикувам. Вечерва од швалер имам само швалер торта, ќе ја насечам дебело и очајно ќе се налапам во знак на протест. http://www.youtube.com/watch?v=_dMWRT73GyQ Truth is, It's been longer than it should have been, to be more accurate more than I can remember.
Колку имало тажни и огорчени луѓе околку мене до мене покрај мене колку длабоки тажни работи криеле, да се гледа тоа во нивните постапки се гледа во нивните очи се познава по нивниот став а можеби моментално и јас сум една од нив...
На поминување сум па викам ај да ве поздравам.СДК..На Фемина и форумов, повеќе девојките сакаат хумористични, смешни мислења.. Хм, веројатно за да ги развесели, па и затоа се тука уствари.. ПС. Јее, #11470то одговор/мислење сум, 114 ми е еден од поомилените броеви Ајјј Добра ви ноќ, убаво ми нанајте, и помалку ми се секирајте!
Денес мие од оние денови,кога цел ден си го поминал спиејќи.А кога ќе дојде ноќта не знаеш што да направиш со себеси. Не личи ова на мене,седењето дома од никогаш не сум го практикувала. Но времината се смениле,луѓето се смениле....и тек допрва се ќе се менува. Интересен е животов. Едни си одат други идат.Посебно овие што идат,си викаш еј од каде па ти жити се. Никогаш не мислев дека еден ден баш ти ќе ми станеш толку блиска и мила. Или од каде бе ти? Па кој би рекол дека еден ден ти ќе ми станиш љубовта на мојот живот. Сите овие личности рандом поминувале покрај тебе низ животот,по улица,сте се разминале во кафич,сте патувале случајно во ист автобус.А сега баш тие рандом личности,кои биле толку неважни низ времето,сега станале составен дел од секојдневието. Не можете да си го замислите денот без нив .. Не,нема да си дозволам да живеам пензионерски живот на моите 20 години. Само да му удоволам на еден мочко.
Редовно отстранувајте ги непотребните влакненца, особено оние над усните. Брковите се наменети за мажи. A се почесто ги гледам кај жени Toлку ли не може да се одвои време, и истото да си посвети на себе. Поимот дама, вредноста на овој поим треба да се земе во предвид. Не за него, лично за себе.
Како што поминува времето и како што пораснувам сфаќам дека годините си го прават своето.Си ја воочувам разликата со размислувањата за некои работи од пред неколку години и сега.И дефинитивно сега размислувам со повеќе памет,не дека немав памет до пред неколку години,ама сега е по друго..Ако пред две три години сум барала некој само за да имам со мене,да шетам,да лудувам,сега сакам стабилна личност,која ќе ме подржува,сакам спокојно да се движам кон животот.Ако треба да бирам сега партнер би бирала според карактерот и би анализирала многу работи,не дека дечко ми нема карактер и не ме сака,далеку од тоа,сакам да кажам дека на 17 години се впуштив во врска врз база на лепота и понашање,а сега кога би немала дечко,а би требала да имам,попрво би гледала да биде некој сериозен..незнам дали ќе ме сфатите што сакам да кажам,може ќе кажете оваа луда еднаш вика ја сака дечкото па после тропа глупости,ама јас се сфатив ххаха...
Напорна недела, конечно викенд ќе следи па малку одмор.Само некако да се собере енергија и за следната бурна недела Туку постојат случајности, или одговорот е сепак не? Такви прашања во ниедно време ќе ми шетаат по мислите, баш кога сум изморена и кога треба да си легнам
Пред некое време ја видов Јанкуловска во пошта , знаете не ја познав , исто кога некое машко ќе избричи брадата и брковите и кога ќе во видите чист како солза , нема да го познаете Друго после долги 4 год расправање и убедување со професорката , успеав конечно да и земам атлантис од канцеларијата , дојдов до тој успех , така да тоа го прецртувам од листата . Пред некое време имаше прашање како да ги натерате индиректно домаќините да ве послужат тоа што вие сакате а не тоа што несакате а морате да го пробате и да поминете низ сите тие фази на "супер е јадењево " ама не е. Фаза 1 пред да идете на гости купите вашиот најомилен колач , кекс или било што благо , фаза 2 Surprice !! , изненадно ги посетувате некои блиски луѓе кој ќе ги фатите на неспремно. фаза 3 Бидејќи е изненадување , нема што да послужат , ќе мораат вашите колачи што сте им ги купиле да ги послужат фаза 4 ENJOY YOUR FAVOURITE COOKIES
http://www.youtube.com/watch?v=4ewszd9n1CU Признанието зад текстов на песната нема вербално и јасно да го дефинирам во реченицава од предлго живеење во негација и обид да се потисне срамот.
Понекогаш не сме свесни колку од нашите постапки, грешки и непромислени одлуки, можат да влијаат на нашата иднина. Скоро секогаш, ако не и секогаш, има последици. Помали или поголеми. Понекогаш, може целиот живот да ти зависи од некоја одлука и свесно или несвесно си го зафркнуваш цел живот. И секогаш се тешиме со тоа дека така требало да биде. Да. Можеби така требало да биде, но во поголем број од случаите сами сме си одговорни за нашите постапки и за она што не снашло. Ништо нема само да ти дојде и ништо во животот нема да ти падне од небо, ако буквално седиш со скрстени раце и не превземаш никаква акција да промениш нешто. И после судбина било. До некаде и сами си ја пишеме судбината.
Не мислев дека ова ќе го направам но еве и тоа се случи. И, се извинувам на една особа што многу ми значи, те молам прости за сите глупости, ветуам дека ќе внимавам на секој мој збор и секоја моја постака. Знаеш дека само ти ме разбираш и знаеш дека само пред тебе можам да си ја разголам душата. Дозволи ми да ти бидам барем пријател затоа што ти си единствената особа на која можам да и кажам се. Се надевам дека ова ќе го прочиташ и ќе се препознаеш. Ако се прашуваш дали е посветено за тебе, да за тебе е нема друга која го заслужува ова што го правам. Кога го измислиле зборот Те Сакам, не знаеле дека ќе биде премал за да се искаже сето она што го чувствувам за тебе.
Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА Мајка, именица која нема заменица
Чувството кога им го пренесуваш твоето знаење на твоите ученици...Прајслесс ! In relationship with my job..Онака петочно workacholic тип сум станала...од сабалје се посветив на работата и едноставно УЖИВАМ ДА РАБОТАМ Утре ќе учиме за GB http://www.youtube.com/watch?v=QAyPb4M6Uko Имајте убав петок,и секако вечер е пукањето ( за оние од ПП)-убаво да си поминете со гооолема доза на адренлин и очекувајте токму денеска да дојде пресврт во вашиот живот (како и јас што се надевам и очекувам)