Зошто секогаш морам да го одам најтешкиот пат?! Има ли правда? Сакам да го мразам, ама пак го сожалувам. Не сум таква јас. Секој ден го мислам, иако нему одамна му нема текнато ни трошки да сподели со мене од ОГРОМНАТА плата. Сепак, фала ти Боже што примам и давам љубов на луѓето околу себе. Само здравје и мир, крај краева.
ќе умраммммммм еве што се деси денес: Spoiler врескам низ дома .. ми врати на коментарот мој на јутуб .. чуството не се опишува .. и ако е само reply за мене многу значи неможам да се смираааам FANGRLING ALL OVER THE PLACE
Има луѓе на кои очајно им треба работа и бараат секаков начин да најдат било каква работа. Газат и достоиство, и диплома, спремни се да работат работа која најмалку ја заслужуваат, но принудени се на тоа. Има и луѓе на кои работата им е најдена уште пред да го завршат образованието, луѓе кои немаат појма од таа работа, но сепак имаат јаки врски, луѓе кои добиле решение за работа, а пред нив со години чекаат уште многу други. И скоро секогаш овие вториве се жалат како им е тешко на работа, како се под постојан стрес, како не можат да издржат повеќе и сакат да ја напуштат работата (и тоа за банални причини) и постојано им солат памет на овие првиве да не се жалат што немаат работа, да го искористат времето дури се слободни, да излегуваат, трошат, а за работа има време. И не ми е јасно, како си земаат за право да им држат вакви лекции на невработени луѓе. Со кои пари тие ќе прават што сакаат и ќе бидат секоја вечер излезени? Јас нема да им барам на мама и тато секоја вечер пари за јас со моите 23 години да лумпувам по дискотеки, наместо сама да си заработувам. Е тек тогаш ќе можам да правам што сакам и да одам каде сакам. И нема да ми биде незгодно. Лесно е да се зборува. Тешко е да се биде во кожата на некој друг. Јас не ги осудувам ни едните ни другите, ама какво време дојде сите се молат за било каква работа, а некој плука по работата добиена со врски, без ниту една капка пот. Можеби кога би останале без работа и кога и тие сами би се труделе да се вработат, без ничија помош, ќе сфатат колку всушност тешко се добива, и повеќе би ја ценеле работата која буквално, им паднала од небо.
...Запомни дека твојот најдобар пријател си самиот ТИ. Исто како што ги слушаш и почитуваш пријателите, слушај се и почитувај се себеси, без никакво осудување...
Најчудниот петок во последниве десетина години го имав вчера. Случките се одвиваа неповрзано, изненадно и без никаква контрола, а толку спонтано. Пред да си легнеме, се погледнавме двајцата и ги кренавме веѓите во неверување. Чуден ден. Сите случки независни една од друга, а сите до една зезнати. Како да имаше некој чуден прав истурено врз светов и се правеше да биде поинакво од досега. Уште ми е чудно кога ќе ми се вратат некои моменти. А се што направивме беше да бидеме исти и секојдневни и досадни. Ама денот решил да ни направи десетина изненадувања за паметење. Ох, нвм. Одам да ја правам најдосадната работа на светот - да измијам садови. Вие одете на сонце, оти брзо ке дојде смогот и ке молиме да има ден каде ке има барем еден сончев зрак.
О,кревету,чудна справо,кој те направил,браво браво Конечно сабота Ја чекав,како што дете го чека Дедо Мраз (со голема буква затоа што е ѕвер чоек) Прво,се изнаспав како заклан пијан клен и сега се влечам по креветот како мрцина. И се осеќам како да сум направила нешто многу важно за себеси и за човештвото. Ма да,подобро корисно да лежам отколку бескорисно да учам. Редно време беше да си се опружам со сите четири во вис. I wanna marry my bed. Туку,нели ви кажав дека сум зимски човек и дека секогаш кога доаѓа есен/зима,ми се случуваат убави работи? Епа почнаа. Сакана сум. Среќна сум како сречен ден. Легендарна сум како Еминем. (кога си имаш човек до себе кој постојано ти дава комплименти,сакала или нејќела,ќе станеш барем малку нарцисоидна) Имам позитивна енергија колку што пицата и хамбургерот со компири и пастрмајлија и десет торти имаат калории Глупа споредба, Малце е тоа. Денеска е 11ти Секогаш на 11ти ми се случуваат најубавите нешта во животот. А и денеска излегуваме со бишето,па имам некое чудно претчувство. И убаво. И заради него два дена сум наежена. Одамна не сум била до толку сигурна дека некој ме сака. И одамна не сум уживала вака. И за ништо не ми е мака. И пред да почнам со римите,ќе одам да се поленгачам уште малку. Хев а најс деј! Ви ја пренесувам среќата на 11-ката
Се посрав од возбуда кога видов дека bittersweet се породила, и дека, боже, женско е. Ти честитам најмила, сите петорица да си имате мнооогу среќа, ептен се радувам. Сестра ми ме гледаше како од Марс да сум падната. Јас оваа сабота не можев да си ја исполнам традицијата и да се наспијам како човек, пошто морав да пеам на хорот за 11 Октомври. Оти најјаката певаљка сум. Па така цело сабајле бев во полусон, се’ додека не се појави сонцето. После тоа, бев кај најсрцкастото бебенце што постои и си го разубавив денот. А сега, после вчерашната криза на интернетот, конечно ги изначитав оние десетина страни од темава. И ако може некој да ме просветли, зошто ми е толку убаво кога ве читам? Тоа ми е како некоја дневна релаксација, ете вчера не можев и се осеќав глупаво. Ми станавте најдобри пријателки баш затоа што знам дека никогаш не би ме осудувале, навредувале итн. Феминава ми е како делче изолирано од надворешниот свет, на кое се наоѓаат најпрекрасните луѓенца. И така, сега со сестра ми ќе гледаме филмче, за да ми се комплетира денот целосно Имајте и вие прекрасен ден, исполнет со многу сонце, смеење и позитивни луѓе.
^^ Оо Стршленке добро утро И јас мислам дека на 11ти се случуваат убави работи Ама се сомневам дека тоа важи и за мене Можеби ќе проработи среќата на 11ката штом ти ја пренесуваш * Денеска прв пат успеав да се наспијам цели 10 часа Се разбудив позитивна, надвор е сончев ден и тоа ме радува За сега планот ми е да седам на тарасата што ја пече сонце и да читам книга. Да избегам барем за кратко од реалноста и да си го одморам мозокот. * Mи текна да напишам за промените. Многу е чудно, како од ден на ден ништо не се менува, а кога погледнам на назад, баш се е сменето и ништо не е исто И тоа како цело време ги мразам промените, а самата јас сум сменета и се менувам. Научив и јас, дека се се менува Имајте убав ден сите
Најубаво си поминав на свадба. Невестата ми е 2 братучетка. Абе шта да ви причам? Не дека ми е братучетка и да ја фалам, ама навистина беше најубавата невеста! Навиткана коса, со прекрасна круна. Фустанот сон. Што и да кажам, нема да биде доволно за да ја опишам нејзината прекраснотија. И момчето беше прекрасно секако. Ептен беше радосен. Кутриот цело време му беа очите полни со солзи. Мајка ми беше најинтересна. -Ахх бре Евгенија, каде ме натера сега овие штикли да ги носам, неможам да играм. А штиклите беа помали од 5цм. Но тоа е мојата мајка, како што ја викам јас -Лудача во душа. А од надвор? Да не се прича.
Mислам дека е крајно време научно да се докаже и да се напише како златно правило и закон, дека концентрацијата за учење секогаш опаѓа обратнопропорционално на температурата надвор, а особено на сончевата светлина која ти се смешка од прозорец и те вика додека ти се обидуваш да ставиш во глава првпат прочитани поими и километарски реченици. Е така, молим лепо! :geek: Грацие тути, фала на пажња, пријатно!
Можеби одам во крајности, можеби на површина плива мојот принципиелен карактер кој вложувам напор да го ставам под котрола ама таква сум . Не сум од оние личности кои зборуваат непромислено, во брзина и лутина и не верувам дека такво нешто постои. Заедно со покајанието кое следи, исто плиток изговор кој не вреди ништо барем кај мене. Не верувам дека човек некому би изустил нешто што не го мисли за него во дадена ситуација. Лично јас колку и да сум лута никогаш не би отерала у курац некого кој ми е мил, или ете згрешил не знам. А најмалку ми е јасно како после тоа со насмев ги корегираат односите, тоа не можам да го разберам. Дали изгазеното достоинство (збор) им е отскочна даска да прескокнат туку така лесно преку кажаното, преку направеното. За некои злопамтило, за некои проклета ама не е инаетот кој ме води низ животот и е виновен за сите мои расипани меѓучовечки односи и долгата листа за чекање на поубав ден, ден кога ќе заборавам што било. Нема таков ден да дојде пријатели, не сум од оние луѓе кои ќе седнат со пријателката на филџан полн лицемерие како ништо да не било, откако ќе си изнаречат се и сешто. Не успевам да заборавам, не сакам. Друга тема (и нормално по весела) е мојот фетиш на полицајци . Друга будалија изненадувањето за одење од работа. Организиран криминал на маж ми, цела полициска станица ја помина смената со мене, за на крај да ме испратат до автомобил. Секогаш во служба на граѓаните, посебно на тие како мене
Значи сите наспани денес, само јас главава цел ден ја мавам по перници, и пак ненаспана. Ми треба сонце и кафенце, ама сам не се пие кафе бе. Сакам сестра ми да е тука. Знам, напнав со тоа, ама мнооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооогу ми недостига. И тоа токму овој викенд. Дури и кога не ја имав видено цел месец не ми недостигаше волку многу. Епа во Понеделник сум решена да ја повикам на прошетка или шопинг. Ааа, не ја давам бе. Една ми е и не давам никој да ми ја превземе.
Мммм..се чусвувувам многу слободно после помитава утакмица на која победивме 18:7 да видеме како ке помине и наредната утакмица во среда