Само еднаш се живее. Живејте го животот до максимум. Љубете, давајте, земајте, радувајте се, плачете, паѓајте, станувајте... Уживајте во него. Имајте убав ден. П.С. Преубаво си поминав синоќа. Бидете ми поздравени
Ги знаете оние фрустрирачки моменти кога се обидуваме со лоша камера да сликнеме нешто, па откако добиеме приближна слика без сите прекрасни нијанси си велиме, кога би можеле сите камери да гледаат исто како нашите очи? Е така е и во моментите кога за личност што не ја познаваш ќе оформиш погрешна слика според површното и предрасудно мислење за истата слушнато од некој друг. Не можеш да ја препознаеш нечија внатрешна убавина со сите свои нијанси без барем еден долг, отворен разговор очи во очи.
Деновиве нешто многу романтичарски сум расположена. Повторно почнав да сонувам за далечни места, за планини, чист воздух, поедноставен живот. Постојано мислам да избегам некаде по ридиштата на неодредено време. Ме гуши гратскиов воздух, ме онерасположува рамнодушноста на луѓето околу мене. Имам постојано чувство на носталгија во градиве, по нешто што не сум го доживеала, а не сум сигурна ниту дека постои. Едноставно сакам да бидам слободна. Сакам да одам каде што ќе посакам, да запознавам интересни луѓе, да правам работи затоа што сакам да ги правам, а не затоа што морам. Сакам нешто спротивно на ова чувство на ограниченост.
Човек кој што има знаење, не навредува лесно, не користи навредливи зборови, кои патем не се никаков показател дека станува збор за образована личност.Кога ќе слушнам „ јас сум образувана, начитана личност“ а притоа премногу користи страшно навредливи зборови, одма ми го покажува спротивното од она кое самата го тврди за себе си. А и луѓево премногу бре со негативна енергија настроени од памет се вадам
Значи секогаш истото ми се случува.Ќе излезам од дома да одам до најблиската продавница и наместо да си завршам работа и да се вратам за некои пет-шест минути, јас ќе си застанам во сокакот и со мачињата на комшиите ќе си играм.Толку многу сакаат да си играат, да се галат И се си велам, ајде уште еднаш да ги погалам и ќе тргнам.Не, никако не можам така. А, тоа одделувањето па и тешко ми оди.. Туку, дома си чекаат и по еден час, мислиш ме пратиле на некоја километарска релација. Spoiler побетер и од мали деца сум, остави ме со нив цел ден ќе си играм
Татко ми е жива легенда. Нема ден кога нема да тропне нешто,нешто ептен тропнато,и тоа не само тропнато,туку лупнато со цела сила Не можам да опишам колку е хумористичен тој човек и колку само сите се кезиме кога тој е дома Гледа Формула 1,мајка ми си игра некои игрички на Фб,јас се моткам околу дневната и на проаѓање го прашувам: - Абе тато,Fly emirates е спонзор и на Формула? Тој ми потврдува а мајка ми се врти и прашува: - А што се тоа Fly emirates? - Спонзори - и одговарам - Да,ама што прават тие? - Ааа,па авио компанија - и одговарам - Прдат во цевки бе - и вика татко ми - Прдат во авионите за да можат да летаат И тогаш,на татко ми,кој што инаку е рокер тежок и постојано вели дека турбофолк песните се драпај си драпалицата,му текнува еден прекрасен турбофолк рефрен за две секунди „Прдни ми,прдни во резервоар мила, вечерва јас ќе одам на пат, прдни ми прдни што среќни сме биле, среќни како двајцата нас. Мила,дај ми последен гас, среќен како двајцата нас’’
Ах колку се менуваме со текот на годините. Старите слики од стариот компјутер долго време си останаа во него иако веќе никој не го користеше. Сега дечко ми правејќи ми го новиот компјутер ми ги ставил и старите слики во него. Си отварам и оп, спомени, спомени, спомени... Цел мој живот до сега... Измешани чувства. Слики од луѓе со кои не сум повеќе ни на едно "здраво", слики со луѓе кои ме повредиле, слики со луѓе кои и денеска ми се посебно драги, ама ниедна од тие слики не бришам. Колку и да не ги сакам тие луѓе, сепак се дел од моето минато. Со некои од нив сум го имала првото пијанство, првото излегување, првото флертување, првото носење на штикли, првата журка, првиот одмор... Не се брише тоа, колку и да не сум во контакт со нив денеска, тоа останува во мене. На некој начин, сите тие луѓе имаат некој удел во градењето на мојата личност, мојот карактер, дел од мене се, никогаш нема да го отфрлам тоа. Тоа време си е мое и само мое. Себично си го чувам. Сепак беше еден убав, безгрижен период на кој секогаш се сеќавам со насмевка, секогаш. И повторно да се вратам назад, за се' исто би постапила, буквално ништо не би сменила, дури и грешките свесно би ги повторила, сепак сум научила нешто од нив, а и не сум имала трајни последици. Се гледам на сликите и си се чудам. Си најдов еден куп замерки во облека, шминка... Сега сум две кила здебелена (лажам, цели три кила се), посериозна, недетинеста... Со многу искуство за своите години, со позајакнат карактер, со човек до себе кој цврсто ме држи за рака... Доста сум напредувала со текот на годините. Тоа го сфатив од сликите. Не сум останала во една точка, иако на моменти така се чувствувам. А да, и после се' среќна сум, да, среќна сум. За ништо на светот не би го менувала мојот живот, моите искуства, моите луѓе до мене...
Овие три дена Велес е убав, полн. Мојот Велес мириса на пита и вино, на пастрма. Мириса на среќа. Насмеани лица и полни мешиња секаде по улиците. Убаво е да си од Велес. Убаво е да се види овој град како живее овие три дена. Полн е со живот. А од утре се враќаме на старото... улиците полупразни, секој на работа, на факултет. Но ќе остане да се кажува како беше овие три дена, барем неделава Ајде феминки, уште вечерва повелете кај нас на најубавата Пита пастрмајлија и вино. http://tirekovmirece.com/Novost/%D0%9F% ... 0%BD%D0%B4
Вчера на една пријателка и дадов комплимент дека е ослабена, а таа за возврат мртва ладна ми одговори ,,Благодарам, се трудиме со дечкото'' Јас помислив дека држат некој заеднички режим на исхрана па затоа ја прашав во што е тајната, но таа на тоа ми прати намрштен поглед во придружба со изненадувачки одговор. Рече ,,по еднаш наутро, два пати на ручек, и навечер ако имаме време'' А што јадете поточно, ја прашав. ,,Јадење? Боже Валерин јас овде не зборувам за храна, туку за секс'' Во овој момент ми дојде да се закопам в земја. И не затоа што јас сум многу девствена и принципиелна, туку ми падна криво што одма не ја сфатив ,,диетата''. И после некој ќе ми каже дека не било океј стварите да се сфаќаат двосмислено и да се чита меѓу редови. Е да бе, вака муле да се биде како мене демек арно е. Ако ништо друго барем падна добро смеење потоа.
По постојаниве постови со фалење и паметување, богами се гледа и без да кажеш. Spoiler Се извинувам на оф топик, појако беше од мене.
Станов ми к-р-ц-к-а! Исто како кога ќе измиете стаклена чаша и со водени прсти ќе поминете по површината! Е такво крцкање! Стигнав до делот да ја очистам прашинката што ја има измеѓу секое парче дрво од паркетот! Па од таму баба Роѓи искачале Значи перење, усисување, паркет бришење, прашина, пајажина, балкони, тресење постели...ТОРТА! неможам више Чао свима, ќе си буљам у таван слушајќи ги Vaya con dios
Луѓе кои ми се најблиски,вчера ми кажаа дека долго време не виделе искрена насмевка на моево лице. Страв ми е да потврдам дека е тоа всушност така.
Аман бе колку сум саката во устата. Денес дознав дека еден мој пријател е во Италија. Кога ми кажаа јас онаква „Ехее,блазе си му...мене кога ке ме водите во Италија вие,м?“ и потоа само кога изустија „Во...болница.“. Се потресов целата,аман бе детето што зрачеше со позитивна енергија,што никогаш во животот не сум го видела да е нерасположено лежи во болница,не можеле да му откријат што му е,се сомневаат во леукемија. Аман,ти посакувам се најдобро,дај боже да да оздравиш. Леле,бе,леле бе доказ дека здравјето е најскапоцено.
Вратена од европска убавина во скопско сивило. И без еден голем дел од мене. Градација до рамнодушност. Се трудам да се убедам дека е неважно, погрешно, а мисливе уште толку се гужваат и прелеваат. Како чашава вино до мене со која мислам дека можам да се избуткам низ уште безброј недели и тмурни краеви на викенди. Зошто октомври и колоквиумски период никогаш не биле моја шолја чај.
Сите си имаме соништа.Секој сон може да се оствари. Не постои реченицата ,,Тоа е само сон". Само е потребно љубов и желба. Се зависи од нас самите.
Можеш да затвориш прозорци и да не гледаш надвор. Да не ти е гајле за никој надвор, за сивилото, за ладното, за жешкото, за ветриштата, за галамата, за колите... Можеш да пуштиш гласно музика и да не ги слушаш комшиите како се караат, машината како пере, фрижидерот како бучи. Можеш да изгасиш телефон и интернет и телевизија и да не се замараш со негативни статуси, коментари, фалбаџиски слики со купечки фаци. Можеш едноставно да ставиш чај пред себе, да запалиш свеќа и да му кажеш дека го сакаш. И понатаму се е убаво. Оти среќата зависи од нас, а не од некој друг. Оти во четири ѕида можеш да си најсреќен на светот, ако знаеш како. Леб и пиперка е најубаво јадење кога имаш со кој да го поделиш. Гола пред него си најубава. Мирисот на твоето тело му е најдобар, а не мирисот на 50 евра парфем. Разговорите во врска со животот со партнерот се најубавиот филм кој можете да ги изгледате. Ситниците го прават животот. Не ајфонот, не самсунг таблетот, не ЛГ телевизирот, не Бата чизмите и не Манго фустаните. Тие се за луѓе кои го немаат она другото во животот.
Единствена добра работа кога сум настината, со затнат нос и благо зарипнат глас, е тоа што перфектно ги фаќам ниските тонови од песни кои инаку во нормални услови и не ми одговараат баш. Секси глас - check! Веќе два дена им пеам во зграда - пеам по скали, пеам во лифт, додека цртам, додека не правам ништо ... нека потрае уште малце додека не ми помине меракот и не си ги посакам високите октави назад.