Кастриран е и веќе не трча по женски и дома има 3 различни јадења истовремено. Како рече Дац на времето за тие со стомаци... "Знаат да уживаат!"
Колку само ми е краток фитилот овие две недели а ми се погоди и зезнат период многу. Се надевам нема да ме држи уште долго.
Да и мене многу ми е многу различен од ќеса и од конзерва. Кај нас во едно тобако уште ја држи цената 340 (дури поевтино од кам). Да не ги подречам
Не се замарај, ако имаш потреба да се искажеш и да се дереш на некој, дери се слободно. Ете јас денеска си се истурив на доктори и секретарки, ама имаше причина. Ич не го чувај во себе.
Старк бе... одма паѓаш на емоции... Ај реков нема шо да прам ќе отворам Тему да разгледам шо има како има, и ете ти порачка напраена трета веќе. И тоа од 4 порачки, 3 за колата се!
Ми фалат пријатни летни вечери, собрано друштво, седнати во двор на оние пластичните столици. Зборуваме губејќи осет за време, се смееме но исто така паѓа и по некоја подлабока тема на разговор. Наоколу се шири мирис на липи, се слушаат штурци и по некоја ноќна птица. Во душата го имаш она топло чувство дека сѐ ќе биде океј.
Нека ми е среќна првата година на форумов. Интересно ми е на форумов, за тепање време, за смеење, за дружење, за дискутирање политички теми, абе петка. Ај па догодина две години да се сторат
Се скарал дечко ми со комшијата за паркинг место, и комшијата земал и му паркирал два бинбин тротинети пред/позади кола.. Вика не можеш да го поместиш, свири аларм, и вика што ќе правам, земав симнав апликација, надополнив, и ги поместив.. Едвај се воздржав да не му се смеам ама
Дали сериозно уште ли со фразите : " Ти треба да излезеш со мене, јас ќе те средам ( другарка на другарката), демек као јас ќе те опијанам нз што. Јас ќе те изнесам у кафиќ. Тинејџерчиња бе.
Сдк бев на одмор на Малдивите и ова единствено место што кога сум дошла дома ми било тешко, после секое патување ми било итс окееј. Тоа е рајот на земјата. Секој што сака и има можности дефинитивно му препорачувам да иде. I am in love
Немам со кого, братучед ми беше ама со девојка му... Да беше некој другар толку одлучен како него ама не е