Она кога си несовесен раководител, доаѓаш на работа болен во вирусен пик да ги разболиш сите вработени, наместо да имаш бонтон, седиш дома и одмараш бидејќи вработените ти се по 12 работни часа, зимаат минимална плата за разлика од тебе што зимаш до 40 000. Македонски безобразлук до срж.
Среќен прв роденден мило дете внуче мое тета те обожава, типична германка си ми у фацичката , па и името германско да си ми жива и здрава и голема да пораснеш Баш се зафркавам за датата, како не се погоди на 8ми март , ама и 5 Март е убава дата, посебно денеска ....05.03.2025 Да не испадне дека повеќе влечам накај женското, си го сакам јас и лигушот , да , така си го завикав уште од ко се роди , он е метнат на мене и маж ми, жива педантерија, по 100 пати се мие раце, хигиена на ниво Мојата одлука да немам деца во мојот живот останува додека сум жива, но овие 2 мои најблиски деца ќе имаат СЕ што ќе посакаат и максимална поддршка во животот од мене и маж ми. Тука ќе бидеме за нив, во секое време, што и да одлучат ко ќе пораснат , души мили
"Различно" е само зошто си се геслајтнуваме дека нечиј живот е помалку вреден. Има луѓе шо јадат и кучиња и мачки, и за нив е то "животно шо се јади". Секој живот е вреден. Твое е да одбериш кој ќе го вредниш. Само оти ти помалку вреднуваш нечиј живот не е мешање баби и жаби ми е целата поента.
Па и на лавот во пустина кажи му исто дека секој живот е вреден. Не мислев дека секое животно треба да се јаде, но крава, свиња и кокошка, може. Замисли си цел свет да беше вегетаријанци... Претпоставувам дека ти не си вегетаријанка.
Јас не ти велам да не јадиш. Ти велам дека секој живот вреди. Ти одлучваш, како ✨свесно суштество✨ кое не е лав (и сите шо се повикват на лав ми е толку сем ако не мислите на хороскоп лол), кој живот вреди за тебе. Према цитираното си имаш одлучено. То не го менва фактот дека Кина јадат лилјаци пример и за нив е нормално ко за тебе шо е кокошка или дека негде крава е свето животно и би те распнале ако ја убиеш. Значи секој си ја трга линијата. А, шо јадам јас и шо не јадам не е некоја тајна. Ама пошто сакаш да годиш ќе те остам да ти е мисла. Ех, цел свет да беше вегетаријанци. Сепак знам дека совршен свет не постои.
Од скоро самиот почеток на човекот како живо битие (хомо хабилис), тој почнал да се храни со месо, односно да убива за да може да преживее. Тие што живееле пред хомо хабилис се хранеле со шумски плодови, но тие станале ретки за пронаоѓање и луѓето преминале да се хранат со месо. Ние како луѓе сме месојадна раса и скоро 80% од светската популација се месојадни луѓе и од раѓање се научени да јадат месо (читај: животни). Тоа веќе е нормално, како да пиеш вода. Јас иако сум голем вљубеник на животните, сум си одлучил дека сакам да јадам месо од одредени животни (како тие што ги набројав), а тоа не значи дека треба секое животно треба да се јаде. Има животни како поларната мечка, што и нас луѓето нè јадат и им е убава човечката храна.
@Компир Манџа омнивори (сештојади), не карнивори. Ама то пак не е поентата за која ти зборам. Јас воопшто не сум расположена за ова тема пошто немам енергија да се справам со луѓе шо ме разубедват за месо притоа никогаш не добив нови релевантни информации еве со години туку ми е како да си бркам опашката. Така да ако продолжиш во тој правец да збораш - не ме интересира и тука преќинвам со враќање. Се шо ти вратив е дека не е мешање „баби и жаби“ кога тргање линија шо убиваш, а шо не - е личен избор. Често културолошки поткрепен за шо е нормализирано во едно општество. Према тебе не треба секое животно да се јади, према некој друг друг сет на животни не треба да се јади. То е се шо пробвам да ти кажам. Спомна три животни. Шо е со дивечот шо е често на трпеза? Пола држава јади дивеч. Значи субјективно е кој шо одбира да конзумира. Твојата вистина не е објективна вистина, ни па та на кинезот со лилјакот шо го спомнав или со кучињата на Јулин фестивал (шо искрено, е многу покомплексна тема зошто е вклучено малтретирање за повкусно да било месото и е само по себе посебен садистички момент за кое животно и да се работи). То е буквално се шо ти велам. Ти јадиш кокошка, некој јади куче. Зошто вториот е полош од првиот? Оти ти си пораснат да мислиш така, а тој онака? То е се шо имам да кажам. Не можам по 5ти пат да парафразирам на крај на ден. О, не.
Знае ли некој дали додека си на отказен рок можеш да одиш на боледување и да трае повеќе од отказниот без да те избркаат?
Таман работа да те разубедувам, а и не ни сакам. Си правиме муабет само. Сфатив уште од претходниот твој коментар дека си веган/вегетаријанец. Би можел да ти давам релевантни информации, но ќе ја развлекуваме темава, а и не е место и време. Во некоја друга прилика за тоа. Знам дека ти е слаба тема, затоа и ќе прекинеме тука за ова.
Ја денес за првпат годинава искочив со кондури без чорапи, боса. Не за друго, не можев да најдам соодветни чорапи за нив, и секако најлесно беше боса. Права пролет времево е, ај вајда нема да настинеме. Интересно е, некои уште како во зима облечени топло, други баш пролетно.
Мене не ми е јасно зашто кога ќе стигнеш одредена возраст после 20ети почнуваат одма со коментарите и прашањата на секој од најстар па и од поМлад Кога ќе се мажиш ? Шо чекаш ?Или шо чекате шо не се зимате бе ? Добро бе ,еве чекав ти да ми кажеш шо треба да праам и у кој смер да ми се движи животов. Кој е тој моабет и мешање во туѓа приватност Апсолутно погрешен пристап на луѓево и лоша култура.
Мене поише ми личи на зафрканција отколку сериозно прашање затоа се зезав. Нормално е да те избркаат ако не идеш без оправдана причина на работа. Познаничка идеше на некакви комисии за да докаже дека има здраствен проблем за да и дадат боледување. Не даваат секад.
Порано многу се злоупотребуваше со ова и последниве неколку години е стегнато во врска со боледувањето. Мора да има потврда од лекар, иначе не признаваат.