Праиш априлилили или од кого ви следува? Хрватите напраија априлилили, Србите исто, мк медиумите пренесоа априлилили вест од Србија како вистинита. И сега се мислам, дали веста за ограбена фабрика што ја обезбедувало мвр беше априлилили, или сите вести од априлилили тип се за жал вистина
Ова важи во случај на службено патување со сопствено возило за кое е издаден патен налог, и треба да се достави соодветна документација. Патарини ако ги има, доказ за пристигнување на дестинација и слично.
Само да кажам кои генијалци и кои умови се мрт, секоја им чест. Пуштиле преѓе цртан за деца и наместо да го синхронизираат, му ставиле долу субтитли Омилено хоби на 2/3 годишни деца им е да си пуштат мрт и да си читкараат, ко ќе заврши цртанот и весник им купуваме и си читаат цел ден Нова Македонија.
СДК дека држава во која синдикатите се караат меѓу себе бетер од пол.партии и на штета на работничките права не бива држава.Ќе остане држава на пензионери.
Еееее Прилепе Прилепе шо убава историска атракција имаш овде.... а никаква идеја нити иницијатива години уназад..
Денеска во маркет пред мене стоеа едни машки и едниов му вика на другиот ее брат сеа лето кога ќе почне едвај чекам, ладново е ужас, а другиот му вика да да и јас сакам лето, посебно па тие со кратки фустани што се шетаат и овој др му вика тие носат кратко што прошле се и свашта... Така да, драги феминки драго ми е што имам прилика на женски форум да Ве известам ако носите кратко сте неморални и распуштени.
Ова е кај крстот, Маркукуле се нарекува. Тука навремето живеел или се криел/бранел/борел Крали Марко. Каде живеат твоите роднините, населба? Ако е Варош/Тризла сигурно би знаеле.
Сеа брзо бев горе ама изгледа од другата страна кај ,,слонот" Одма под кулите не знам како се нарекува имам баба на тато тетка ,по земјен пат се оди уште до кај нив...
Лелеле па тука е, по истата патека само одиш накај крстот сега. Нели има горе каде што е десно за Трескавец манастирот или лево одиш за накај крстот и оваа тврдина. Ако ти треба помош следен пат пиши ми ќе ти кажам, јас скроз на другиот крај на градот живеам, ама ова место многу го сакам, сакам пешачење, планини и вакви историски знаменитости.
Она ко ќе речат Абе никогаш не вели никогаш, ее и ја на твои години мислев вака, после мислев така. Знаеш, вистина е. Ама тоа важи за нешто што оди накај подобро. Како јас што до пред 2-3 години не замислував дека ќе сакам олку трчање. Дека ќе бидам ваква верзија од себе. Оти си велел "никогаш" не зашто не сакаш, туку зашто ти било тешко и невозможно. Ама пак си се трудел. Зашто си сакал некогаш да бидеш тоа. Ама кога истово ќе го треснете за тепање деца, за мажење со мамин син, за живеење со свекрва. Ова не е нешто кон кое целиш и по секоја цена го избегнуваш. За првово е дајбоже да биде некогаш. За второто е недајбоже. Има разлика, како да ви кажам
Еден од поидиотски и посебични моменти во текот на животот и несфатливо ми е, мислам дека само овде е така. Жена ти, само што се породила, лежи во болница, ти славиш со сите други, се пијаниш по дома, освен со неа... Океј би ми било, да се опорај да си дојди дома, да свежни тро и да седниме прославиме со најблиските од семејството, или пак само тие двајца, а не музики тапани пијанење до бесвест..
Што ден ќе беше ова Пиев вода, ми се истури Јадев баничка со јогурт, јоругтот исто ми се истури, тетка ми ми напраи кафе и кафето ми се истури... Денов не ми е изгледа или ова е некој знак, ама каков
Почнав да не кревам телефон на луѓе кои со години ги верглаат истите муабети, да не речам - се жалат. Во последната година менталниот капацитет за сечии муабети ми се намали. Дури и на блиски другари, другарки па и членови на фамилија. А пусто немам храброст во лице да им кажам дека се напорни...
Јас одамна веќе немам контакт со нив. Не можам да го слушам секој пат истото. Секој муабет им беше.... Немаме пари, тешко се живее. Па кога ќе почнеа да ми раскажуваат за сосема небитни луѓе. Многу ми е гајле на мене дали Петко излегол на вечера
Како да кажам, ама не кревам телефон скоро на никој! Ме нервира да зборам празни муабето на тел. по саат време, најубаво во живо кафе да си испиеш, немам ни време за џаболебарски муабети од по саат време, живци ми се кинат. Одма игнор на повик правам...