Пешачење на планина, чист воздух колку сакаш, сонце, прекрасен шарен, есенски хоризонт, топло чајче, тивко ветре, дебели, плетени џемперчиња, љубовта до мене и можам да го освојам светот. За мене е ова максимално искористен ден. Полни гради чист воздух и преполно срце љубов. Ми требаат само повеќе вакви репризи... што почесто.
Spoiler Не се жали додека не стигнеш до степен у животот каде што ќе се бафташ со молекуларна основа на наследувањето. Тогаш ќе ти свират и DNA и RNA, и хромозоми во ушите. Ќутете деца вие мака не сте виделе. NOT YET Иначе ми се свиѓа муабетов, особено за сахароза и фосфолипиди, прекрасните органски соединенија што просто зрачат со својата композиција од јаглерод и водород.
Да задржиш некого не значи да го затвориш. Да задржиш некого значи да му го оставиш клучот а тој да избере да не излезе.
^ Далеронче, немој да ми се секираш. И најдобрите ученици имале таква потреба. Подобро да ја води некој што се разбира од темата и грешките да ги поправи на безболен начин, а не на тест да и` ги поправаат, затоа што мошне често, ако мислиш дека немаш потреба од помош, не учиш како што треба. Едноставно, не сме се родиле учени. *** Нешто друго СДК. Марфиева работа. Се спремаш за некаде, ја средуваш косата, се трудиш и на крај изгледаш како да носиш шапка несоодветна на формата на твојата глава. Седиш на компјутер. Не планираш да излезеш, сама си. Нешто се занимаваш. Шнола во коса. Почнува да ти пречи некој прамен, го собираш, потоа друг дел од косата, па и него го собираш со истата шнола. После пола саат се гледаш во огледало. Реакција Е фала Марфи, значи фала многу. Неверојатен си, несомнено.
Ќе успееш во животот тогаш кога нема да се натпреваруваш со другите .Некои личности сакаат да бидат поуспешни од тебе ,да ти солат памет ,да се прават дека све знаат ,да ти судат за тоа како не можеш да бидеш како нив ,па секој со својот свет така и ти . За судии сите сакаат да судат а никој не сака да биде судениот ,тоа ти се љуѓе.
Што се деси со човештвово бре? Сите толку зафатени и у гужва а никако да мрднеме напред. Да се договараш со некој месец дена за на кафе?! Со другар? Не ми се има случено. Види, ако не сакаш уопште да пиеш кафе со мене, кажи ми. Не туку ми се лигави! А особено не на facebook! Јави се, кажи ми што сакаш да ми кажеш. Мразам комуникација преку facebook и пораки! И ок сеа, ќе седнеш со некој на кафе што до пред некоја година ти бил многу близок и не може муабет да се развие. Пошто нормално мора прво да се чекираш кај си со кого си, па еј чекај Ојле Дојле ми пишал, па чекај Мику Свастику ми ѕвони... и остатокот од саатот иде нешто како ова “ И кај тебе шо има ново?” – “ Ништо бе, тоа па тоа. Кај тебе?” – “ Па ништо посебно”. У стилов ок ме имаш на фејсбук, скролни по тоа ѕидот ќе видиш what am I up to *** И уште нешто, не знам како до сега ги немав пробано овие колачиња, ама морам да признаам дека ми станаа најомилени Би ви рекла послужете се, ама не остана ни едно!
Луѓето секогаш се свесни за туѓата злоба, ама за својата никогаш. За сопствените постапки секогаш имаме оправдување.
СДК една голема фамилија! Е, таму е животот. Му велам: Ти си се' најлошо на светот, собрано во едно. Се смее, чиниш стварно е за смеење. Ред бакнежи, ред прегратки. Ја одбележавме ноќта. Барем почетокот. Горчлив парфем и ладни раце. Цела патека спомени. Епа, трчај километри Ајде до наредна, за две недели. Ништо повеќе.
Прекрасен убав сончев ден. Стануваш, појадуваш, и се тече како што треба. Расположен и насмеан од 6ка до 6ка. И во еден миг БУМММ ...слушаш лоши вести, целата насмевка ја снемува Се почесто и почесто вакви лоши вести со брзина на светлината пристигаат до моите уши Феминки, ви посакувам убав ден и исполнет со многу среќа (без никакви лоши вести) Добра ноќ
„Оној којшто ги заслужувал твоите солзи, никогаш не ќе те расплачел“, велат. „Не вреди тој којшто те растажил за твоите солзи“, велат. А јас се извинувам, ако е така, зошто нашата природна реакција на една таква постапка се токму солзите? Зарем иронијата е единствената “струја“ којашто го придвижува светов и животот во него? Можно ли е токму тоа да се тајното значење на јин и јанг?
Го развлекувам кафево до бескрај,не сакам и не можам да станам.Ми се тресе душата а нозете не ги ни чувствувам.Ме фаќа паника,страв од неизвесното.Милиони мисли прелетуваат во секунда. Денот Д е денес. Боже биди со мене денеска,ме чека преглед и резултат од кој треперам.