Додека сме кај свадби и носење поклони, на пријатели по колку пари оптимално од до се дава? Нешто над порцијата, пример 40 50 евра ?
Овие цени што ги напиша повеќе не постојат- сега се 5ти дуплирани. Не дај боже музика да треба да најдеш да речеме за 300, 400 или 500 евра е научна фантастика. Среќа па поодамна правев свадба.
Океј де. Сам решаваш да фрлиш пари да се правиш курназ, ама друг ти е крив оти не проверил порцијата колку кошта.
Мојот фустан...пред 17 години, беше 300 евра +, не памтам точно. Нема врска со сиромаштија, платата ми беше толку...ама еднаш се мажев... и пак исто би направила
Гледам КОД, два случаи на жени во чии картони си стојат туѓи дијагнози. Значи со украдени лични податоци, лица си прават прегледи на туѓо име, што утре може да те компромитира и не можеш да докажеш дека ти немаш канцер, цисти, реума и слично. Цел живот можат да ти го компромитираат. Којзнае колку вакви има низ државата.
Нешто слично се случи на моја блиска другарка. И имаа пишувано дијагнози, колку само матичен лекар да добие + финансии, да ја исполни квотата во месецот. Долго време не можеше да докаже дека е лага секоја дијагноза. А дозна кога побараа од Триглав осигурување (приватно здравс.) историја на болести
Тоа веројатно се нафатила и сама. Имам слушано во брзи кредити за да исполнат квота месечно, "свој" човек подигнува и враќа... па сеа ти види, после ако свртиш црвено и не ти одобрат стварно ко ќе ти треба кредит..
100€ - Близок пријател. 50€ - Пријател. Празен плик - ако пишале ,,поклон во плик и грепки место цвеќе" на поканата. Овака некако изгледа по мое дарувањето.
Се е тоа корупција. Секој ден има по 2-3 скандали со корупција. Знаете дека ако сега останете без работа, идната година не ви следува гратис здравствено на товар на државата? Ќе мора да плаќате. Сигурно краделе лични податоци и за оваа цел. Страшно. Друго, во емисијата говореа дека извесна Искра, не можела сама да се грижи за себе, па се договорила со пријателката да склучат договор за доживотна издршка, таа да и биде старател. Значи имала епилептични напади, требало да ја сместат на геријатрија и од таму провериле дека таа има стан од 94 квадрати, па барале старателката да даде мито, или пари, или станот да се продаде, па парите да се поделат. Жалосно, да не те стисне некаков здравствен проблем, ќе те изедат мршојадците. Државата е криминална до немајкаде. Инаку, мислам дека знам за која Искра се работи, 95% сум сигурна по тоа што беше кажано и е многу жално и греота. Гасна комора е малку за сторителите.
Мислам дека тој случај беше конкретно без нејзина дозвола. Бидејќи како матичен имале на месечно ниво (претпоставувам не знам како е), нешто што треба да го исполнат. Е сега бидејќи виделе дека имаат пациент кој со години не отишол кај него на преглед - си рекол што да не - пиши кај неа
Ќе почнам да шиткам празни пликови на особи кои бараат грепки место цвеќе. Какво е тоа просење побогу, може не планирам цвеќе да носам. Лани добив прв пат таква покана, се чудев.
Ова празен плик се надевам се шегуваш. Иначе фала ти за одговорот. Кај роднини,подалечни си дававме по 100 евра, ама кај другар не сум, бил и еве ми прв пат летово.
Леле Тања, што читам. Мислам дека и јас знам за која Искра станува збор. Ако е таа, жената е прекрасна! Леле како се изнервирав сега, одма ми се качи притисокот.
Сега имаше на КОД. Мислам дека се работи за таа. Кажаа дека склучила договор со другарка со која се знаат 20 години и таман и тоа се поклопи со возраста. Ама епилептични напади не знаев, а кажаа. Ама можеле анонимно да говорат без име, вака сите ќе се сетат за кого се работи. Жално.
Ама некои имаат алергии од полен и гостиве како по навика цвеќе па цвеќе. За тие кои веќе планираат цвеќе е тоа. Празен плик и јас не би дала. Подобро ич не би отишла.