За празников, од борба за права не остана ни б. Еден југословенски поздрав со песниче наместо штрајк. Ќе се бориме некогаш за подобро утре денес скарата е битна
Терапија ми е кога нарачувам разни тракатанци од Тему, од кои пола се за мене, а пола "I'm just a girl" работи за в кола.
Јасно, само немам вака чуено/видено во моја околина, дури ни во генерација на моите родители. Тоа ми беше муабетот, дека не е "ново"
Вчера то шо ви пишав, денеска излеговме и му реков дека го сметам за малце попаметен човек и да не потценува и слично и дека бевме кај него дома инаку ќе се скаравме, се извини и тоа е тоа во кратки црти.
Колку си ти добро душиче. Можеби паметно.. Некако немам нерви за лугенца со гадни обичаи : фалбаџиство, мрсомудење, и од високо гледање на пријатели..
Колку се убави.. Имам во близина, никогаш не сум отишла да ги погалам бар.. Еднаш гледавме како тренираат јавачите, срам ме фати, и баби и дедовци имаше.. Често и низ шумите во близина сретнувам јавачи. Овде и полицијата користи коњи.
30 степена... Тва не се издржва појќеееее, не се издржвааа .... кој ќе издржи појќе тај нек раскажваааа
Wizzair решиле дека веќе нема да примаат кеш за купување во авион. Денес 70-80% од патниците ги бојкотираше, луѓето немаа интерес за купување. И тие што имаа намера да купат се повлекуваа кога ќе им кажеа дека прифаќаат само картичка. Струјардесите буквално за миг си прелетаа со количката од еден до друг крај на авионот. Позитив на денот ми беше а и големо изнанадување. Ех народе, камо среќа да знаеш така и за други работи да ја користиш моќта која ја имаш во единството. Ниту еден големец, ниту било која политика ќе може да те контролира и да исполнува злосторнички агенди врз тебе. Како и да е, имам надеж дека нештата се менуваат, почнувам да верувам дека народот се освестува за многу работи.
Коа сме кај Виз, Јануари месец се враќам Немачка, и некоја женичка ја заебаваа горе на гејт демек и била поголема торбата за пола сантим, мме, и немаше женава да плати ќеш, и идеше таа лепотицата од човек до човек да бара некој да и плати на женава, па коа ќе сме се симнеле у Германија ќе ни вратела. Не дека неа и чуе дали уопште ќе ја види некој таа жена после слетување, па дали има некој време да чека, може воз, бус треба да фати, или го чекаат пред паркинг црно паркирани да не плаќаат. Нејсе, се напизде госпоѓата и еднаш промрче како сите у Германија сме живееле, а никој немал пари. Пројде покрај мене, пак промрче, и ја и реков како таква билионска фирма нема терминал да моеш со картица да платиш. Ме погледна ко мајка и да сум ја убила. Друго, поголеми искомплексирани сељачишта и сељанки од тие на наш аеродром не сум видела, особено тие горе што секогаш сексуално ме напаствоваат демек бараат нешто и се понашаат ко на сточен пазар, а ти им идеш со добар ден, фала, а уствари треба све по список да им изонадиш . Секако и тие гревоите што крадат пари горе демек не ја собирало торбицата, иако кнап влегла у тоа за мерење - а па да не праиме муабет дека просторот за багаж у авион е поголем од тоа . Е сеа фората е оти им се може оти им ќутат нашиве, али за жал или за среќа,за кого како де, ја не сум од тие. И после се ко Пикачу у фацата изненаџени коа ќе сретнат сељандура поголема од нив...
СДК, small things like these (2024) е филм кој вреди да се гледа, баш заради ставот не е наш проблем, не треба да нè засегнува. Навидум краток филм со многу ударни реплики измеѓу. Сакав и да отворам посебна тема, ама не знам дали воопшто и некој го изгледал. Му ги гледав и последните интервјуа, немам зборови за човекот колку е талентиран.
Ете видиш, мир во светот или што ти ја знам. Eлем, best apology is changed behaviour, уостало се друго е продавање магли или да не речам е*авање у мозок. Е сеа друго е што не сме сите согласни за исто.
Зошто плаќањето со картица е злочин? Јас никогаш не носам кеш со мене. Се плаќам со картица. Дури ме нервира кога ме тераат со кеш да плаќам. Особено во помали места и села во МК, кога ќе ми речат кеш, не идам да купувам. Прво ми е похигиенски, не фаќам пари што секој ги фаќал пред мене, второ се ми е на едно место, трето ми го крати времето за купување, четврто постојано знам колку сум потрошила и колку имам без да бројам постојано, петто ќе се чукнат во главите тие на диво што работат, повеќе пари у буџет (ако работи нормално државата), поголем увид за тебе што е сработено во општеството. Пример кога одам тука во продавница, наместо да дремам на каса со саати, си одам на автомат си плаќам со картица, чао, пријатно. Не знам па која е убавината во кешот. Освен ако сакаш да скриеш од кај ти се парите
Не е никаков злочин, треба да е прашање на избор. Не можам да разберам голема компанија, шо к им е проблем да биде плаќањето вакво или такво? Мал дуќан па може и да му е проблем, појма немам чии и какви давачки има. А ако се стари луѓе муштериите што главно користат кеш, па не му се исплати. А ако снема струја, well... Убавината во кешот е- имаш контрола колку трошиш. Пробај потроши повеќе од 20 евра ако имаш точно 20 евра кеш. Ми се деси еднаш, сум ја заборавила картичката дома. Да видиш колку економично сум испазарила само тоа што ми е неопходно со тоа ситно што го имав во новчаник