Човек никогаш не може да угоди на никој , дефинитивно со луѓе не треба да се замараме ,секој со своја дијагноза ,ништо не си им рекол/направил ти се понашаат ,а бе,извини ама ако имаш некој проблем со некој друг те изнервирал ,што ми се понашаш мене ? Одам сама да се шетам по мол и да уживам ,милина
Како да знаеше дека деновите му се броени, последниот концерт ненормално добар тајминг. Почивај во мир, принцу на темнината.
Оф леле душичке, постојано те читам и секој пост ти е у негативна конотација. Мислам дека треба да смениш психијатар! Млада си....
А шо да праам душичке кога со вакви се дружам. Во каква конотација да го сфатам некој што вака ми вели и ме потценува?
Деновиве сум како магнет за беблиња, се нешто ми мавтаат со раце, ми се смешкаат, ме поздравуваат.. I feel special.
Не те потценува, валидна му е критиката. И луѓе кои немаат анксиозност, не успеваат секогаш надвор без поддршка. На никој не му е лесно во нова околина ни во сопствената држава, па камо ли во друга. Застани малку. Не само надвор, и овде на форумов колку луѓе ти ги кажуваат истите критики... Светот не се врти околу тебе. Не сите ти мислат лошо. Дури и дел од тие кои се груби со тоа сакаат да те натераат бар од инает да почнеш да постапуваш поинаку. Дека нема да останеш закочена од своите мисли. Премногу негатива не е на арно за никого. И прав/а другар/ка нема секогаш да те тапша по рамо. Бегај од тие кои те тапшаат оти баш тие не се искрени. Не можеш да очекуваш прифаќање од другите додека не почнеш да менуваш нешто во себе.
Тежок чоек си, ај во ред. Тој перфектен јас тешка. И не е секој за сам така е, ама не е секој како некој, сите сме различни.
Ако прифаќаш дека сите се различни, треба да прифатиш и дека нема од сите да го добиеш посакуваниот одговор. А, некогаш токму она што ти не сакаш да го чуеш, е она што може да те крене од дното.
Еве тежок чоек ок. Страв ми е сама да патувам иако ми е идам на пат и јас само знаам како си поминувам, во стрес и никој не знае како ми е, си ќутам си трааам, и пред семејство и пред другарки, другари и сл. И гледам да нњ зборам да ме прам негатива.... Гледам да си играм со внукот пример. Бојам со него и сл. А, некогаш токму она што ти не сакаш да го чуеш, е она што може да те крене од дното.. Се согласувам.
Те имам читано на форумот. Сакам само едно да ти кажам, се додека ти не сакаш да си го промениш животот и да го живееш на начин на кој ти сакаш, никој нема да може да промени нешто за тебе, ниту психолог ниту психијатар. Сите имаме некакви предизвици во животот, ете и јас имам доза на анксиозност, и секогаш гледам да бидам активна и активно да го земам животот во мои раце, само на тој начин можам да си помогнам. Ако секогаш се гледа негативната страна и најлесните работи ќе изгледаат неверојатно тешки.
Колку се само штракнати ова пензионериве шо се јавуваат на тв по контактни емисии од сабајле да се расправаат
Знаеш шо да праиш - да не се дружиш со такви и уште побитно, да научиш да не им придаваш значење на туѓите мислења/коментари, пошо секој може било што да каже, не значи дека е вистина. Не мора секому да му обрнуваш внимание и да имаш одредени очекувања. Така да, штом тоа не е вистина и те потценува, сфати го во конотација дека типот е лажлива будала и праи си во животот тоа што сакаш да си праиш.