Немојте да дозволите врнежливото време, да ви ја украде насмевката и да ви го расипе расположението, because it's Friday bitches. Останете ми со здравје!
Ѕвонењето на телефонот доцна во ноќта (или рано насабајле) обично предизвикува паника и се поврзува со соопштување на лоши вести. Мене пак, ѕвонењето на телефонот доцна во ноќта ме потсеќа на соопштување добри вести, или знак дека некој мисли на тебе. На пример кога имав 6 години, уште се сеќавам, телефонот во ни едно време во ноќта ѕвонеше и повикот беше наменет за да ни соопшти на мене и на баба дека имам сестричка Тогаш не можев да заспијам цела вечер, за сега таа да може да ми се качува на глава Другарките кога ми ѕвонеа навечер секогаш имаа некоја добра вест. Телефонот на мајка ми ѕвонеше рано сабајле кога татко ми се врати од Италија (само што тогаш јас не му обрнав внимание на тоа). Тој кога ми ѕвонеше навечер беше затоа што мисли на мене или за да ми соопшти нешто убаво. Некој вечери знаев дури и да го ставам телефонот на нечујно за да не ме бараат толку А со секој повик станував се посреќна. Сега не паметам од кога телефонот не ми заѕвонил навечер за да ми соопшти некоја (убава) вест, или затоа што некој помислил на мене...
Имам ужасно чувство во градиве, ми ги засилува ударите на срцето, ми ги скратува вдишувањата, венам под порцеланската насмевка. Ужасно се плашам, а не знам од што. Секогаш се борев да го победам стравот, сега не можам да направам ниту еден потег, тој стои пред мене, ми се смее во лице, се лепи за секоја молекула од моето тело, и како камен ме влече надолу, ме влече подлабоко. Нема да издржам да изгубам уште една важна личност во мојот живот. А, се толку јасно потсетува на болен крај...
Зошто така нема постови во врска со времево колку е никакво? Ццц за карање сте. Мене само за читање ми се погоди, да си надокнадам и таман да си го исполнам предизвикот до крајот на годинава. Туку сакав да кажам дека секогаш сум awkward кога треба да се поздравам со некој. Или јас пружам рака, другата личност се наведнува да ме бакне во образ, па завршуваме во некоја полу-прегратка, или обратно, никако да се погодам со луѓето. Или сакам да речам само здраво, а тој/таа тргнува да ме гушне, а јас пружам рака. Spoiler Hugs, hugs, hugs
Секој чест! Браво! :up: http://www.youtube.com/watch?v=kiJYjq-922A http://www.youtube.com/watch?v=HihMLAiQGF4
Ево ме и мене бе домаќица станав и се изгубив . Од време на време зиркав во фемина инстаграм и мислам дека се поправив ама имам и јас нешто за постирање за таму само да дојде време хаха. Иначе сега сум почесто тука како фати ова временцето 3 дена сум како во гипс ни рака ни нозе не мрдам од студ . Ама ова времево ме пусто не минува никако особено кога нешто или неого чекаш не да е досадно у п.м. Ама ајде после па празници се ближат де Нова Година де Божиќ па Велигден и тако даље се по ред. Нешто ситно си праам планови и припреми за свадба едно по едно се спрема ама има доста време на располагање не се бррзаме ама морам да соберам повеќе парички зашо новиот закон ако го знаете гласи 2000 евра казна АКО НЕВЕСТАТА НЕ Е ТРУДНА хаха а јас пошто не сум нека му ја мислам хахаха море арно почнаа со овие заебаници како почнаа да ги трупаат казните ама ако и треба со право се тие законни и казни се работи за нашите живот. Иначе да ви кажам дека до сега нај допирливи до човекот се овие новите реклами што ги има за абортусот , за возење во пијана состојба, толку се некако езиви рекламите што мислам дека ке ја подигнат свеста кај луѓето јас кога ги гледам се ежам целата ајде можеби баш овие реклами требаше за да се подобри нешто. Иначе ајде многу да не го одолжувам ми се иде во вц од ова ладно време само трчам во веце аама шо да се праи така ке биде наредни месеци а оно пусто купатило ладно не се влегува а тек треба да се бањам ама има уште време уште не собрав храброст да влезам под туш . Иначе тоа е тоа накратко од мене што ме неаше едно 2 недели ли незнам колку може повеќе може помалце ама тоА ти е и едн месец да ме нема ништо битно не се случува кај мене ако нешто излезе помеѓу време тука сум. Имајте убав викенд сите и поздравче од мене... трчам во вц неможам веке иначе ке тропав уште ама имате среќа да не ме замарам.бајјј
Добро дали мене некој ме проколнал или црна магија ми фрлил па шо се исто ми се дешава. Не можам слушалки да завртам,сите по 3-4 месеци.Сите кобно настрадуваат Почнува со тоа шо едната слушалка не работе и додека да сватам шо стана за у ѓубре се! Па за џабе ли пари давав! Уффф,сеа па нови треба!
Rule number one: кога ќе се деси во ден резервиран за хибернација под ќебе со најудобната топла облека што ја имаш како за домашни услови, од дома да те пратат на пет-десетминутна „прошетка“ до продавница и ти излегуваш малтене со истава облека за дома само со нешто наметнато одозгора - во никој случај не очекувај по пат да сретнеш личност што те знае во секакво издание и пред која можеш слободно да правиш секакви глупости. Тогаш имаш две варијанти со кои можеш да се соочиш - ќе налеташ: под а) - на некој што потајно го бендисуваш; под б) - на особа со која е утврдено дека толку убаво ви одат средбите и муабетот што секогаш кога ќе ја видиш се преправаш дека чепкаш нешто на телефон. :geek: Toa ти е, нема трето...
Животот брзо минува, зад себе оставајќи само црна, рамна линија позната како смрт. Кога срцето потскокнува во ритамот на тахикардија, кога адреналинот раководи со крвта го сваќаш значењето на опстанокот. Се друго тогаш е неважно... Ги прелистуваш миговите исткаени со среќа и незнаење, со бол се додека спомените не прераснат во заборав... Увидуваш дека непотребно си тагувал, и бесцелно си се нервирал без причина, а сега сето тоа го посакуваш назад. И кога ќе се радуваш за постигнувањето за невозможната цел, кога ќе тагуваш за завршената љубовна приказна, знај дека еден ден тоа нема да значи ништо. Ти ќе станеш само пепел изронат низ шепотот на ветровите, земја која нозете на идните поколенија ќе ја газат... Затоа биди среќен. Биди свој. Биди ти. Биди се што не си бил. Биди се што посакуваш. Биди нескротлив и див, нежен и уникатен. Не ги затварај очите, потруди се и бори се за нешто што те става на пиедестал. Биди јак и не заборавај само кукавиците се откажуваат. Животот е премиерен блокбастер, на чија реприза никој не присуствувал... Живееш овде и сега, за нив, а не некаде и некогаш, за некои!!!
И јас можам да дадам на некого да ми ја напише писмената, ама не, не давам. Сама избирам јас да си напишам, затоа што оценката која ќе ја добијам треба да биде по моја заслуга, по ничија друга. Кога учам некои потешки зборови, на пример, се сеќавам во биологијата, во седмо одделение учевме нешто за диносауруси. Имаше два вида: бронтосаурус и тираносаурус. Е, тогаш кога ги учев, не можев никако да ги запаметам, ама сега ги знам. Секогаш е така. Кога и да има потешки зборови во лекција, не ги запаметувам веднаш, после час-два, или по еден ден, ги знам, и убаво ги паметам. Кога ќе се сетам колку мали биле лекциите во основно во споредба со тоа какви се сега .
Во последно време, сфаќам.. Не кажувај 'те сакам' додека не си потполно сигурен во своите зборови. Денес, гледам дека на секој чекор се расфрлаат кажувајќи те сакам, те обожавам, не можам без тебе, ти си мојот живот.. а пола не ја ни разбираат тежината на кажаното. Зарем не би било убаво, кога вистински ќе го почувствуваш тоа, кога едноставно ќе се чувствуваш топло во негова прегратка, кога ќе се држите рака за рака, ќе се погледнете во очи и.. Тогаш и нема да бидат потребни зборови. Можеби понекогаш не знам да одредам кога навистина сум подготвена да ги изустам овие зборови, можеби тоа и не го чувствувам или пак се срамам од моите чувства и од тоа како ќе бидат прифатени, дали и овој пат ќе бидам повредена. И ова е тоа што ме кочи. Сега за сега, ги чувам овие зборови за себе уште некоја недела, и мислам дека кога ќе го погледнам в очи, само тогаш ќе знам дали се вистина..
Во принцип не сум завидлив човек, но му завидувам на оние кои имаат среќно семејство и мајка која животот би го дала за своите чеда.
СДК што убаво си е петок вечер,да си останеш дома на топло,гледајќи ги замаглените прозорци,под топло ќебенце со чоколадо,бадеми и нутела.... Добро филмче,епизода од омилена серија или волшебна книга,во која ќе потонете. За мене непроценливо и светлосни години подобро и покорсино потрошено време,него ли во клубови со чкарт диџеи,или Ради ,Цеци и Секи,Јелени или незнам какви(со извинение на тие кои ги слушаат)други срања,сељачишта без осет,што пијат како никогаш да не виделе алкохол и малоумни дрољи. Тоа е реалноста за жал,и од вакви прости суштества не ми се ни излегува,дури и по напорна недела. Ве поздравувам...